Црна хроника
Тројца повредени во сообраќајка во Сарај
Тројца повредени во сообраќајна несреќа што се случила вчера на локалниот пат село Сарај – село Рашче, помеѓу два автомобила.
Во незгодата со тешки телесни повреди се здобиле возачите на двете возила и еден сопатник. Возачот и сопатникот од едното возило биле пренесени во Комплексот клиники „Мајка Тереза“, а возачот на другото возило во Градската општа болница „Св.Наум Охридски“.
Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена скопјанката која беше пријавена за исчезната
Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир била пронајдена 26-годишната И.Е. од Скопје, извести МВР.
На 26.08.2024 нејзиниот татко В.Е.(69) пријави дека се оддалечила од својот дом на подрачјето на Гази Баба, додаваат од МВР.
Црна хроника
Штипјанец пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка се оддалечила од домот
Денеска во 01.30 часот во СВР Штип, 37-годишниот Е.М. од Штип пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка, 17-годишната Ј.М., извести МВР.
Според пријавеното, најверојатно таа се наоѓа во Велес кај лицето Р.В.. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Топ
Млад скопјанец нападнат со нож пред станот во Аеродром, едниот од напаѓачите му се заканил со оружје
Дваесет и петгодишен скопјанец синоќа бил нападнат пред станот во којшто живее на подрачјето на општина Аеродром.
Според пријавеното, момчето било нападнато со остар предмет од Н.С. и уште две лица, а едниот му се заканувал со пиштол.
Пренесен е во приватна болница за укажување помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.