Македонија
Царовска на средба со директорите на училиштата: Ако сите се вложиме ќе имаме успешна училишна година
Министерката за образование и наука, Мила Царовска, денеска се сретна со директорите на основните и средните училишта во државата со кои разговараше за примената на протоколите и планот за започнување на учебната 2020/2021 година кои Владата ги усвои вчера.
„Моделот ќе биде комбиниран, согласно условите во училиштата. Сепак, ова е динамички процес, дали ќе продолжиме на истиот начин или ќе треба некои работи да се менуваат, ќе се оценува во текот на годината, согласно епидемиолошката состојба и насоките на Комисијата за заразни болести“, изјави Царовска.
Министерката побара сите да се заложат за успешно спроведување на наставата во услови на пандемија.
„На овие средби разговаравме на кој начин натаму ќе се спроведуваат насоките што МОН ги донесува како политики, затоа што директорите и градоначалниците се главната алка којашто треба да обезбеди спроведување на она што ние како Влада и Министерство го носиме. Затоа денеска ги повикав да бидат на висина на задачата, овој процес на подготовка сериозно да го сфатат и натаму да ги спроведуваат насоките коишто ги даваме“, изјави Царовска.
Царовска истакна дека дел од директорите се изјаснија дека се подготвени за физичко присуство, помали училишта коишто ќе побараат дозвола од Комисијата на Владата за да ги опфатат сите одделенија, а дел од поголеми училишта се подготвуваат за онлајн настава.
„Дигиталната платформа за онлајн настава е во подготовка и скоро ќе биде презентирана пред наставниците, кои ќе треба понатаму да ги вклучат и учениците во процесот на тестирање и вклучување во овој тип настава. Сигурна сум дека со заеднички капацитети, ако сите зеднички вложиме максимални напори: децата, родителите, наставниците, директорите и градоначалниците, ќе имаме успешна учебна година, иако сме во период на пандемија што ни го менува начинот и на учење и на живеење“, рече Царовска.
Директорите на училиштата на средбата кажаа дека подготовките за старт на учебната година ги почнале уште во текот на летото, а сега ги продолжуваат согласно протоколите и планот за започнување на учебната година.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Обвинителството бара притвор за лицето што ја искрши влезната врата на бугарската Амбасада
Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против 55-годишник осомничен за кривично дело – Оштетување туѓи предмети од член 243 став 2 од Кривичен законик.
Јавниот обвинител предложи судијата на претходна постапка да определи мерка притвор спрема осомничениот бидејќи постојат околности што укажуваат на опасност од бегство и околности го оправдуваат стравувањето дека осомничениот ќе го повтори кривичното дело.
Македонија
Десет нови детски игралишта ќе се градат низ општина Кисела Вода
Денес започна изградбата на првото од вкупно 10 нови детски катчиња кои ќе се реализираат низ целата општина.
Првото катче се гради во кругот на ООУ „Св. Климент Охридски“, во селото Драчево. На гумирана подлога која го намалува ризикот од повреди и овозможува сигурна игра, ќе бидат поставени разновидни реквизити: лулашки, лавиринт со два тобогани и мрежа за качување.
Просторот ќе биде осветлен, овозможувајќи безбедна активност и во вечерните часови.
„Со изградбата на десет нови детски катчиња вложуваме во иднината на нашите најмлади, обезбедувајќи им безбеден и современ простор за игра. Заедничката игра е основа за развој на социјални, како и за моторички вештини, а за нас како раководство на Општина Кисела Вода е приоритет секое дете да има место каде може слободно и безбедно да расте, да се развива, но и да се забавува и да создава убави детски спомени“, изјави градоначалничката Бети Стаменкоска Трајкоска.
Македонија
Беким Сали на средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја
Во Владата на Република Северна Македонија, првиот заменик-претседател на Владата и министер за европски прашања, Беким Сали, денеска оствари средба со амбасадорот на Косово, Флориан Ќехаја.
„На средбата се разговараше за билатералната соработка меѓу двете земји, заедничките проекти што ги поврзуваат нашите институции, како и за процесите на европска интеграција и унапредувањето на европската агенда во регионот. Двете страни ја истакнаа важноста од понатамошно продлабочување на регионалната соработка и размената на искуства во насока на стабилност, развој и европска интеграција“, соопштија од кабинетот на Сали.

