Спорт
ТдФ: Ван Ерт со спринтерска победа во долгата и „досадна“ етапа
Белгиецот Вут ван Ерт (Џамбо-Висма) е победник на петтата етапа на Тур де Франс, откако имаше совршен напад во техничкиот последен километар, за победа пред Холанѓанецот Цес Бол, додека третото место на Сем Бенет беше доволно тој да стане прв Ирец кој бил во зелената маичка за најдобри спринтери по 31 година.
По драматичната борба за генерален пласман во вторникот, петтата рамна етапа од Гап до Прива (183 километри) беше искористена да се одморат нозете и темпото беше ниско до последните километри. Главните тимови ги скротија сите напади, пред во последниот километар спринтерите да ја покажат својата умешност.
„Ова можеби беше најлесната етапа која сум ја имал во мојата кариера, бидејќи немаше бркање по никого, немаше брзина. Затоа последниот километар беше хаотичен“, изјави Ван Ерт, кој оваа година победи на класичната Милан-Сан Ремо.
Утре на програмата е шестата етапа од 191 километар од Ле Тел до Мон Егал, со неколку „средни“ искачувања.
Hurting the climbers yesterday, beating the sprinters today. ?♂️ The world's best cyclist, Wout van Aert wins stage 5 of Tour de France with a superb sprint. ? Sunweb's train did a perfect job for Cees Bol but Wout was unbeatable. Wow.pic.twitter.com/Kx0tVupIni#TDF2020
— Mihai Simion (@faustocoppi60) September 2, 2020
What a sprint! Victory for Wout Van Aert! ??
Quel sprint ! Victoire de @WoutvanAert ! ??#TDF2020 pic.twitter.com/JokbgJMoZo
— Tour de France™ (@LeTour) September 2, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Сака ќе потпише нов договор со Арсенал
Букајо Сака и Арсенал нема намера да го напушти Арсенал. Фудбалерот и клубот се договориле за нов, подобрен петгодишен договор.
Еден од најдобрите играчи на Арсенал ќе остане во клубот до летото 2031 година. Финансиските детали од новиот договор не се објавени.
Актуелниот договор на Сака исекуваше во 2027 година.
Foto/ freerangestock
Спорт
Фиорентина доби засилување од Аталанта
Марко Брешанини е новото засилување на Фиорентина за вториот дел од сезоната.
Тимот кој собра само 13 бода од почетокот на сезоната и кој, според сите очекувања, ќе се бори за опстанок, мора да се засили и да биде таму каде што му диктира репутацијата – во горниот дел од табелата.
Виола е далеку од тоа, но Брешанини е делот што недостасува за клубот, а тренерот Паоло Ваноли веќе разговарал со него и се чини дека би можел да добие вреден играч во средниот ред.
Брешанини веќе тренираше со тимот, а договорот е до крајот на сезоната, станува збор за позајмица со право на откуп, што ќе се дискутира на крајот од сезоната.
Брешанини одигра само осум натпревари за Аталанта оваа сезона.
Foto/ freerangestock
Спорт
Алдегер се здобил со фрактура на бутната коска
Тимот на Гресини Рејсинг потврди дека младиот шпански возач Фермин Алдегер доживеал фрактура на бутната коска на левата нога за време на тренингот во Валенсија, само неколку недели пред почетокот на предсезонските тестирања.
20-годишниот Алдегер го имаше своето деби во Мото ГП шампионатот минатата година со тимот на Гресини, возејќи Дукати со спецификација од 2024 година, и ја круниса сезоната со титулата најдобар почетник, со историска прва победа на Големата награда на Индонезија. Оваа година требаше да се натпреварува со Дукати со спецификација од 2025 година, но неговите подготовки сериозно се нарушени од поредата.
Како што објави тимот, Алдегер ја претрпел фрактурата за време на тренингот во четврток во Валенсија, а операцијата е закажана за денес во Барселона.
Деталите за инцидентот не се откриени.
Повредата доаѓа во незгодно време, точно еден месец пред првиот предсезонски тест за сезоната 2026, кој е закажан за 3-5 февруари во Малезија. Официјалната презентација на тимот е закажана за 31 јануари во Куала Лумпур, додека тестирањето ќе продолжи на 21 и 22 февруари во Бурирам.
Сезоната започнува една недела подоцна со Големата награда на Тајланд.
Foto/ freerangestock

