Контакт

Свет

Родители заковале даски на вратите, со месеци ги држеле децата дома поради страв од коронавирусот

Објавено пред

Суд во Шведска им ги одзеде децата на родители затоа што со месеци ги држеле изолирани поради страв од коронавирусот.

dobivaj vesti na viber

Родителите им забраниле на трите деца, на возраст од 10 до 17 години, да излегуваат надвор од март до јули, а на вратите заковале дрвени даски.

Настанот се случил во градот Јонкопинг.

Родителите потекнувале од друга земја, но не било наведено од која. Според информациите објавени во шведските медиуми, родителите не зборувале добро шведски, а земјата од која доаѓале ималa многу строги мерки.

Родителите пред судот рекле дека се плашеле од коронавирусот и дека немале намера да им наштетат или да ги запостават децата.

Негирале дека децата биле заклучени и дека биле присилно затворени и рекле дека можеле да излезат ако сакале.

Судот соопштил дека нема причини да не му верува на најстарото дете кое кажало дека биле заковани даски на вратите и дека родителите им забраниле да излегуваат надвор и да одат на училиште.

Во пресудата пишувало дека родителите од претходно им биле познати на социјалните служби.

„Истрагата покажала дека изолацијата негативно влијаела на децата и дека постоел значителен ризик по нивното здравје или развој. Независно од причината за изолација, потребите на децата не биле земени предвид“, пишува во пресудата.

Свет

Трамп воведува царини до 245% за Кина

Објавено пред

Трговската војна меѓу двете најголеми светски економии нагло ескалира. Белата куќа објави дека Кина сега може да биде погодена со царини од дури 245 отсто за извозот во САД, како резултат на нејзините „одмазднички мерки“, пренесува Анадолија.

dobivaj vesti na viber

Ова е највисоката царинска стапка досега спомната, која е наведена во документ штотуку објавен, заедно со извршната наредба потпишана од американскиот претседател Доналд Трамп. Регулативата најави истрага за ризиците за националната безбедност на САД поради зависноста од увоз на преработени критични минерали и сродни производи.

На денешната прес-конференција портпаролот на кинеското Министерство за надворешни работи Лин Џијан беше прашан за тарифната стапка од 245 проценти. Тој одговори дека „за конкретни бројки, треба да контактирате со американската страна“, објави кинескиот државен весник „Глобал тајмс“.

Трамп претходно воведе основна царина од 10 отсто на увозот од сите земји, но привремено ги замрзна дополнителните „реципрочни“ царински стапки, кои требаше да се одредуваат поединечно по земјите во зависност од бариерите што ги поставуваат за американските производи.

Единствената земја изземена од таа пауза е Кина, која сега се соочува со дополнителен бран царини. Администрацијата на Доналд Трамп претходно ги предупреди земјите да не возвраќаат на американските царини, велејќи дека оние кои ќе се воздржат од одмазда ќе бидат наградени во идните трговски преговори.

Прикажи повеќе...

Свет

Дали Харвард може да ја издржи битката против Трамп: „Ова е напад од чиста злоба“

Објавено пред

Универзитетот Харвард одби да ги исполни барањата на претседателот Доналд Трамп, и покрај заканата дека ќе го прекине федералното финансирање, што беше брзо спроведено.

dobivaj vesti na viber

Администрацијата на Трамп го замрзна финансирањето од 2,2 милијарди долари, откако Харвард не се согласи со списокот барања на Белата куќа што вклучува насоки за управување, вработување и настава.

Претседателот на Харвард Алан Гарбер јасно стави до знаење: „Ниту една влада, без разлика која партија е на власт, не треба да диктира што можат да предаваат приватните универзитети“.

Иако овој потег предизвика сериозни финансиски последици, многу сегашни и поранешни студенти ја поддржаа одлуката на универзитетот да не попушти под притисокот. Меѓу нив е и поранешниот американски претседател Барак Обама, кој одлуката на Трамп ја нарече „незаконска“ и го пофали Харвард како пример за другите високообразовни институции.

Администрацијата на Трамп претходно се насочи кон неколку универзитети, особено по минатогодишните пропалестински протести во кампусите. Антисемитскиот истражен тим на владата идентификуваше повеќе од 60 универзитети за ревизија.

Универзитетот Колумбија, на пример, се согласи на бројни барања откако му беа одбиени 400 милиони долари. Харвард, исто така, направи одредени отстапки: ја откажа иницијативата Религија, конфликт и мир и го отпушти раководството на Центарот за блискоисточни студии поради наводите за анти-израелска пристрасност.

Исто така, во јануари се спогоди со две тужби од еврејски студенти за антисемитизам – иако не беше призната вината.

Но, Харвард ја повлече линијата во петокот и отфрли поширок список од Белата куќа за кој вели дека е во спротивност со академската автономија.

Иако Харвард располага со огромна донација од 53,2 милијарди долари – поголема од БДП на многу помали земји – дури 70% од тие пари се врзани за конкретни проекти што донаторите прецизно ги идентификувале. Според правилата за управување со универзитетот, годишно не треба да се троши повеќе од 5% од вкупниот фонд.

Ова значи дека за да се надомести изгубеното федерално финансирање од 2 милијарди долари, Харвард ќе мора да ја зголеми својата донација за 40 милијарди долари, што, како што вели Стивен Блум од Американскиот совет за образование, „не е можно да се најде под карпа“.

Дополнителен удар би можел да биде предлогот на Трамп за одземање на статусот на Харвард како непрофитна институција, поради што избегнува даноци од стотици милиони долари годишно. Се проценува дека во 2023 година заштедил 158 милиони долари на недвижен имот само во пошироката област Бостон.

И додека Харвард засега стои на својата одлука, многумина се прашуваат колку долго може да трае. „Ова е само почеток“, рече Метју Тобин од студентскиот совет. „Трамп не се обидува да му помогне на Харвард. Ова е напад од чиста злоба, бидејќи тој го гледа универзитетот како либерално упориште“, пренесе Би-би-си.

Според бројни аналитичари, конфликтот меѓу федералната влада и елитните универзитети како Харвард може да трае со години и длабоко да влијае на автономијата на високото образование во САД.

Прикажи повеќе...

Свет

Трговската војна меѓу САД и Кина може да го попречи глобалното снабдување со лекови кои спасуваат животи

Објавено пред

Одговорот на Кина на новите американски царини може да го отежне снабдувањето со важни лекови, покажа анализата на Ројтерс на податоците од кинеските регулатори.

dobivaj vesti na viber

Пред околу две недели, американскиот претседател Доналд Трамп најави дополнителна „реципрочна“ царина од 34 отсто за увозот од Кина, со што вкупните давачки ќе достигнат 54 отсто.

Кина возврати со царини од 34 отсто на американскиот увоз, а Вашингтон одговори со уште повисоки давачки.

Ескалацијата на американско-кинескиот трговски конфликт резултираше со зголемување на кинеските царини за американски стоки на 125 отсто, а американските царини за кинеските производи на 145 отсто.

Големите фармацевтски компании, вклучувајќи ги AstraZeneca, Sanofi, GSK и Eli Lilly, имаат најмалку една производна локација во САД за лекови што ги продаваат во Кина, покажаа податоците од кинеската Управа за медицински производи.

Во погон во американската сојузна држава Индијана, AstraZeneca го произведува лекот за рак „дурвалумаб“, а Eli Lilly таму го произведува лекот за дијабетес и слабеење „тирзепатид“, покажуваат податоците.

Американската држава Северна Каролина е наведена како локација каде AstraZeneca и Sanofi го произведуваат антителото nirsevimab за превенција на респираторниот синцицијален вирус (RSV). Погонот што го произведува лекот за ХИВ на GSK со активни состојки ламивудин/долутегравир исто така се наоѓа таму. Податоците што ги анализира Ројтерс не прецизираа колкав дел од лековите произведени во фабриките во САД се испорачуваат во Кина.

Како одговор на истрагата на Ројтерс за кинеските тарифи и нивните ефекти, портпаролот на Eli Lilly рече дека тие „сè уште ги разгледуваат деталите“, одбивајќи да коментира дополнително.

Ниту AstraZeneca ниту GSK не сакаа да ги коментираат кинеските тарифи, а Sanofi не одговори на барањето на Reuters за коментар. Експертите предупредуваат дека кинеските царини за американските производи може да доведат до зголемување на цените или ограничување на набавката на некои лекови.

„Пациентите и потрошувачите во Кина, исто така, би можеле да ги почувствуваат ефектите од тарифите, во зависност од производот, бидејќи производството на лекови не може да се премести на краток рок“, рече Ерик Јандраситс, шеф за трговски работи во швајцарското деловно здружение за фармацевтска и биотехнологија Scienceindustries.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија38 минути

(Видео) Спречен обид за криумчарење 6,4 килограми сребро, извести Царинската управа

На граничен премин Богородица мобилен тим спречи обид за криумчарење на 6,4 килограми сребро во вредност од 472 илјади денари....

Македонија58 минути

Одложено е рочиштето за убиството на Вања

Рочиштето за убиството на Вања на кое обвинетиот Љупчо Палевски – Палчо требаше да даде исказ е одложено. Судењето е...

Топ2 часа

Управувал возило под дејство на алкохол и без возачка, па лажно се претставил како вработен во АНБ: уапсен 31-годишник од Крива Паланка

Денеска во 02.30 часот на булеварот „Србија“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода 31-годишниот Б.Р....

Македонија4 часа

Алијансата за Албанците не излегува од „Влен“, на изборите ќе оди со свои кандидати

Алијанса за Албанците останува во коалицијата „Влен“, но на локалните избори ќе излезе со сопствена листа на кандидати за советници....

Свет4 часа

(Видео) Бајден го одржа својот прв говор по напуштањето на напушти Белата куќа: „Трамп пука, па нишани“

Поранешниот американски претседател Џо Бајден синоќа во Чикаго го одржа својот прв голем јавен говор откако ја напушти Белата куќа,...

Европа4 часа

Голема временска прогноза за регионот и Европа: каде ќе врне пороен дожд, а каде ќе има летни температури за Велигден

Април е месец кој се карактеризира со повеќе од променливо време, па како што може да ги прикаже летните временски...

Македонија4 часа

„Затворена Кардиохирургија, без да се обезбеди алтернатива“, партијата Левица бара оставка од Таравари

„Скандалозниот случај со починат пациент на Клиниката за кардиохирургија, поради некоординираност и неодговорност на власта, мора да резултира со одговорност...

Свет5 часа

Кина: Трговското насилство на Трамп сериозно го поткопува глобалниот поредок

Кинеските власти сè повеќе ја кажуваат својата позиција за состојбата на глобалната економија додека Пекинг се подготвува за целосното влијание...

Свет6 часа

Трамп: Нема повеќе социјална помош за имигрантите без документи

Американскиот претседател Доналд Трамп синоќа потпиша меморандум кој има за цел да ги спречи недокументираните имигранти и другите неподобни лица...

Македонија16 часа

Коцевски: Издадена наредба за приведување на седум полицајци, истрагата за Кочани се проширува

Издадена е наредба за приведување на седум полицајци со што практично се проширува истрагата за пожарот во дискотеката „Пулс“ во...

Македонија18 часа

Антикорупциска со низа замерки за Законот за угостителска дејност

Државната комисија за спречување на корупцијата утврди низа пропусти во законите за угостителска дејност,инспекциски надзор и законот за заштита и спасување....

Македонија22 часа

Сѐ уште не се знае кој го вандализирал споменикот на децата бегалци во центарот на Скопје – плочата е откорната, МВР работи на случајот

МВР работи на расчистување на случајот со откорнатата плоча од споменикот на децата бегалци во срцето на Скопје. Во полицијата...

Топ23 часа

Случаен минувач го нашол изгубеното 6-годишно девојче од Куманово, по грешка се качило во автобус за Скопје

Полицијата во Гази Баба информираше дека е пронајдено шестгодишното девојче од Куманово кое вчера од страна на неговата мајка беше...

Македонија23 часа

Претреси на осум локации во Прилеп поврзани со работењето на болницата

Финансиската полиција ја тресе прилепската болница, а  во тек се претреси на осум локации. „Основното јавно обвинителство Прилеп постапува во...

Македонија24 часа

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок мора да ги објавуваат цените на интернет

Маркетите, аптеките и продавниците за техника и мебел од петок ќе мора да ги објавуваат цените на своите производи на...

Македонија1 ден

Приврзоците на ДУИ денес глумат глас на совеста, вели Тошковски

Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, во статус на социјалните мрежи се огласи по критиките од опозициските партии за одговорноста...

Македонија1 ден

Ако има пропусти, ќе има одговорност, рече Таравари за пациентот што почина чекајќи операција на Кардиохирургија

Министерот за здравство Арбен Таравари вели дека ќе има одговорност ако бидат утврдени пропусти во случајот со смртта на пациентот...

Македонија1 ден

„Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка да поднесе оставка, а тој не“, велат од СДСМ

„Морален пораз за Тошковски и ДПМНЕ е советничка во Советот на општина Кочани од оваа партија да поднесе оставка од...

Македонија1 ден

ДУИ: Вистинското лице на една власт што не знае што значи одговорност, ниту министерот за внатрешни работи ниту директорот на Бирото за јавна безбедност не поднесоа оставка

„Во Република Северна Македонија постои јасна традиција: кога ќе се случи голема трагедија, министрите поднесуваат оставка – како морален чин,...

Македонија1 ден

(Видео) Партијата Левица: Радијата да имаат третман како телевизиите – порталите по еден вработен

Партијата Левица поднесе амандман во интерес на порталите и радијата по однос на Законот за медиуми. Пратеникот и портпарол на...