Македонија
(Видео) Уривањето на дивоградбата пред „Мавровка“ продолжува со два багера
																								
												
												
											Втор ден екипи на „Македонијапат“ ја уриваат дивоградбата пред ДТЦ „Мавровка“. Доцна синоќа кај градилиштето бил донесен уште еден багер, па денес истовремено ќе се урива со две машини.
Просторот околу објектот е ограден со заштитана лента, а и денес уривањето го обезбедуваат голем број полицајци.

Уривањето почна вчера, еден ден по владината одлука дивоградбата да ја урне „Македонијапат“ откако ниту една фирма не се јави на огласите на Општина Чаир.
Вчера првпат во јавноста се појави и сопственикот на дивоградбата, Мевљудин Алити, кој тврди дека имал одобрение да го обнови објектот што изгоре до темел во мај. Тврди дека никаде не било прецизирано со каков материјал да го обнови, а тој се одлучил за армиран бетон.

Градбата според него не излегува од габаритот на изгорениот објект и не планирал да гради уште еден кат тука само покрив иако во објектот се гледаат скали кои водат на вториот кат. Алити најави дека за уривањето ќе се жали во Стразбур.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
																	
																															Македонија
Беким Сали ќе го наследи Изет Меџити како прв вицепремиер
														Портпаролот на коалицијата ВРЕДИ, Дритон Сулејмани, денеска потврди дека Беким Сали ќе биде новиот прв вицепремиер, на местото на Изет Меџити кој стана градоначалник на Општина Чаир.
За нов министер за животна средина и просторно планирање, на местото на Меџити, сè уште се одлучува.
Беким Сали претходно беше министер за здравство од 2022 до 2023 година.
Сулејмани истакна дека ВРЕДИ ќе продолжи да функционира како единствен политички субјект, без поделби по партии, како и досега.
Во осврт на изборните резултати, тој оцени дека локалните избори ја потврдиле новата политичка реалност во земјата и дека ВРЕДИ станува втора политичка сила на државно ниво, со доминација во албанскиот политички блок.
Како примери на успех, Сулејмани ги посочи победите на Билал Касами во Тетово, Фети Абази во Боговиње и Даут Мемиши во Теарце, а резултатот во Чаир го нарече јасна порака од граѓаните против старите политики.
Македонија
Утре променливо облачно време, од четврток до понеделник дожд, најавува УХМР
														Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 5 до 8, а максималната ќе достигне од 12 до 17 степени.
Во Скопје, променливо облачно претпладне со повремен слаб дожд. Ќе дува умерен, северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 7, а максималната ќе достигне до 15 степени.
Во среда и четврток во утринските часови има услови за појава на магла. Под влијание на влажна воздушна маса, од четврток од вечерните часови па се до понеделник, следува период на променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, наместа пообилни.
Македонија
Герасимовски на средба со противкандидатките Ивановска и Среброва, споделени предлози и идеи за поквалитетен Центар
														Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска одржа средба со противкандидатките од локалните избори, Билјана Ивановска од „Независни заедно“ и Марија Среброва од „Левица“. Поради работни обврски, на средбата не присуствуваше кандидатот Мирослав Лабудовиќ од „Знам“.
На состанокот, на кој присуствуваа и раководителите на секторите во општината, се дискутираше на повеќе теми од интерес на граѓаните: урбанизам, зеленило, нови паркинг-зони, планираното затворање на сообраќајот во Дебар Маало и друго.
„Високо ги ценам и почитувам моите противници во изборниот процес. Уште на предизборните дебати јавно потенцирав дека секој нивен предлог и иницијатива ќе бидат добредојдени. Нивните искуства со кои влегоа во трката, Среброва како советник во Советот на Општина Центар и Ивановска како поранешна претседателка на ДКСК, го кренаа нивото и квалитетот на целиот изборен процес. Се надевам дека ќе продолжиме со блиска соработка и во иднина,“ рече Герасимовски.
На средбата беше договорено ваквите состаноци да продолжат и понатаму, со цел развивање на заеднички иницијативи во интерес на жителите на Центар.

