Економија
Бочварски: Капиталните проекти се врвен приоритет на Владата

Капиталните проекти се врвен приоритет на Владата и Министерството за транспорт и врски заради економски развој на државата, подобрување на животот на граѓаните, но и надминување на состојбата со ковид-кризата. Капиталните инвестиции се многу потребни во овој период и заради тоа интензивно ќе продолжиме да ги реализираме, истакна министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Министерот Бочварски заедно со директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор, Кристијан Трајковски, и градоначалникот на општина Бутел, Велимир Смилевски, извршија увид во изградба на станбена социјална зграда во општина Бутел.
Инвестицијата е врадна 7 милиони евра, а се градат 312 станови што се наменети за социјално ранливи категории.
„До овој момент сите средства наменети за социјални станови од буџетот на Министертсвото за транспорт и врски се реализирани. Доколку е потребно дополнително ќе изнајдеме други средства за да можеме да продолжиме со поголема динамика. Исто така, работиме на изградбата на канализации и водоводи, како и проектот за изградба на локални патишта кој ќе започне многу брзо да се реалзира на терен. Наша обврска е да го подигнеме квалитетот на живот во секоја општина, да ја унапредиме целокупната инфраструктура, истовремено мислејќи и грижејќи се и за најранливите категории граѓани. Со изградбата на овој станбен објект згрижуваме и обезбедуваме пристоен дом за 312 социјално ранливи семејства. Во овој момент градиме преку 500 станови или инвестираме преку 3 милиони евра само оваа година”, изјави министерот за транспорт и врски Благој Бочварски.
Директорот на АД за стопанисување со станбен и деловен простор потенцираше дека во овој момент се градат социјалните згради во Виница, Неготино, Свети Николе и Пробиштип и најави до крај на месецот започнување на изградба уште три нови станбени згради.
„Очекувам дека до крај на овој месец ќе почнеме со изградба на три нови објекти наменети за социјално ранливи групи во Демир Капија, во Гевгелија и во Велес. До крај на годината започнуваме со уште три нови објекти”, изјави Кристијан Трајковски, директор на АД за стопанисување со станбен и деловен простор од значење на Републиката.
Градоначалникот на општина Бутел истакна дека е многу значајно што во општината се гради социјална зграда со цел да им се помогне на ранливите категории граѓани на кои им е неопходен дом.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Мицкоски: Имаме раст на извозот, градежништвото и туризмот гарантираат раст на БДП и подобар стандард на граѓаните

Во одговор на новинарско прашање, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека увозот е многу помал за околу 8% во евра, или за 12-13% во долари, додека пак извозот е во пораст во евра 23%, додека пак во долари е 28%.
„Ако ги споредите првите два месеци април и мај од оваа година, со првите два месеци април и мај од 2024 година, длабоки анализи правиме, ќе видите дека за 80 милиони долари е намален трговскиот дефицит, а тоа е цели 13% и тоа ќе учествува во БДП. Ако на тоа се додаде растот на индустриското производство коешто е во просек за април и мај, првите два месеци од вториот квартал 5,5%, а само во мај 9,4%’’, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека растот на туризмот и градежништвото, ќе доведат до зголемување на животниот стандард на граѓаните, но и зголемување на бруто домашниот производ.
„Растот на туризмот повеќе од 20%, инвестициската активност повеќе од 15%, растот и бумот во градежниот сектор, сето тоа нас ни гарантира еден успешен резултат за БДП во вториот квартал којшто очекувам да продолжи и во третиот и четвртиот квартал’’, заклучи Мицкоски.
Економија
Македонската „Green Machines“ ја зацврстува дистрибутивната мрежа во САД

Green Machines на БРАКО, познат по своите иновативни еколошки возила за чистење на јавни површини, бележи сериозен раст на американскиот пазар со мрежа на реномирани дистрибутери низ повеќе од 30 американски сојузни држави.
Најнов партнер е компанијата Mar-co Equipment од регионот на Лос Анџелес, која стана ексклузивен дистрибутер за Јужна Калифорнија.
Моментално, Green Machines има дистрибутери во следниве американски држави:
Owen Equipment – Вашингтон, Орегон, Северна Калифорнија, Невада, Ајдахо, Монтана, Јута, Колорадо, Ново Мексико
Industrial Disposal Supply – Тексас
Mar-co Equipment – Јужна Калифорнија
United Rentals – достапен низ сите држави и територии на САД
Grainger – достапен низ целата територија на САД
Equipment Depot – Луизијана, Мисисипи, Кентаки, Индијана, Охајо, Пенсилванија, Масачусетс, Конектикат, Њу Џерси, Мејн, Вирџинија, Милвоки, Висконсин, Флорида, Орегон, Вашингтон
Van Keppel – Канзас, Арканзас, Илиноис, Висконсин, Ајова
Овој успех претставува уште еден доказ за конкурентноста на македонскиот индустриски производ и неговата технолошка супериорност. Со новите дистрибутерски партнери, Green Machines продолжува да ја шири својата глобална визија за почисти, поеколошки и поефикасни урбани средини.
ПР текст
Економија
Муцунски: Владините политики за извоз даваат резултати – раст од 23,44 отсто во мај

Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, утрово на социјалните мрежи сподели податоци за кои рече дека го потврдуваат ефектот од економските политики на Владата, при чија реализација значајна улога има и Министерството што го предводи. Статистиката покажува стабилни и позитивни трендови во извозот, дури и во услови на стагнација на европскиот пазар.
Според објавените податоци, македонскиот извоз во мај 2025 бележи раст од 23,44 проценти, додека за првите пет месеци од годината порастот изнесува 3,15 отсто. Во истиот период, увозот е зголемен за само 1 отсто, што упатува на стабилен трговски биланс и позитивно салдо.
„Податоците укажуваат на значително поголем извоз од увоз – што значи повеќе свеж капитал во државата, зајакната девизна позиција и дополнителен поттик за економски раст. Зголемениот извоз отвора нови работни места, го зајакнува домашното производство и ја зголемува конкурентноста на македонските производи“, напиша министерот Муцунски.