Спорт
Дури 18 фудбалери на Бока јуниорс се позитивни на КОВИД-19
Аргентинскиот фудбалски гигант, Бока јуниорс потврди дека дури 18 нивни фудбалери имале позитивен тест на корона вирус, на само две недели пред стартот на натпреварите во Копа Либертадорес.
Бока ги прекина тренинзите во понеделникот откако било забележано дека на нивниот тренинг центар има повеќе заразени од корона вирусот. Сега, клубот потврди дека 8 случаи се фудбалери без симптоми, додека 10 фудбалери имаат мали симптоми. Бока треба да играат со Либертад Асунсион во Парагвај на 17 септември, но сега е неизвесно дали мечот ќе се одигра.
Аргентина е една од најпогодените земји во Јужна Америка од вирусот, со над 400.000 инфицирани и 9.000 починати.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) Баер со триумф во Купот стави точка на неверојатната сезона
Баер Леверкузен е победник на Купот на Германија за сезоната 2023/2024. и освојувач на „двојната круна“ во германскиот фудбал, откако претходно на доминантен начин ја освои и Бундес лигата.
Избраниците на Чаби Алонсо беа подобри од второлигашот Кајзерслаутерн во финалето на Олимпискиот стадион во Берлин со 1:0.
Ова беше петто финале за „фармацевтите“ и втора титула во Купот, прва по 1993 година.
Леверкузен ја комплетира чудесната сезона, која во сите натпреварувања ја заврши со еден пораз. Баер одигра 53 натпревари во сите конкуренции и загуби само еднаш, во средата од Аталанта во финалето, во Лига Европа.
Победата во финалето против Кајзерслаутерн ја изборија со голот на Џака во 16.минута, а потоа покажаа квалитет кога успеаја да ја одбранат бидејќи од 44.минута играа со фудбалер помалку на теренот.
Спорт
Тен Хаг: Ако Јунајтед не ме сака, ќе одам на друго место да освојувам трофеи
Манчестер јунајтед го освои ФА Купот откако во големото финале на Вембли го совлада Манчестер сити со 2:1. За Јунајтед ова е прв триумф во ФА купот по 2016 година, вкупно 13. во клупската историја.
Ерик Тен Хаг, го освои првиот тофеј како менаџер на Манчестер јунајтед. И покрај победата во ФА купот не е сигурно дека Холанѓанецот и наредната сезона ќе биде менаџер на Јунајтед. го коментираше натпреварот.
„Ако Јунајтед повеќе не ме сака, ќе одам на друго место за да освојувам трофеи. Тоа е она што го правам цела моја кариера“, рече Тен Хаг.
Како можни наследници на Тен Хаг се споменуваат Киеран Мекена од Ипсвич Таун, Роберто Де Зерби кој неодамна објави дека го напушта Брајтон и Томас Тухел кој си замина од Баерн на крајот на сезоната.
Спорт
МЗТ ја одбрани шампионската титулата
Foto/ facebook.com/kkmztskopje
МЗТ Скопје ја освои петтата последовна титула, 11. титула во клупската историја. Финалната серија против Пелистер, МЗт ја доби со 3:0. По двете победи на домашен терен, МЗТ вечерва победи во Битола со 78:67.
Пелистер се обиде да ја продолжи серијата, да се избори и за четврти натпревар, но кошаракарите на Радуловиќ имаа сила да му се спротивстават на шампионот само 24 минути.
По релативното израмнето прво полувреме, Пелистер во 23.минута ја стекна највисоката предност 50:43 и тука застана. МЗТ одговри со серија 11:0, минусот го претвори во плус од четири поени.
Во последната четвртина МЗТ му дозволи на Пелостер само два поени во првите шест минути игра, а кога Баковиќ со две тројки ја крена разликата на 16 поени беше јасно дека МЗТ ќе ја одбрани титулата.
Најефикасни во тимот на МЗТ беа Баковиќ и Гилон со по 15 поени, 11 кошеви постигнаа Делалиќ и Петков. Пелистер го предводеа Мијовиќ и Костоски со по 19 поени.