Контакт

Македонија

Извозот расте, но се зголемува трговскиот дефицит

Објавено пред

Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во првите два месеца од годинава изнесува 39.078.145.000 денари и бележи пораст од 7,5 проценти во однос на истиот период лани, објави денеска Државниот завод за статистика.

dobivaj vesti na viber

Вредноста на увезената стока во периодот јануари­февруари годинава е 51.173.788.000 денари, што е за 7,4 проценти повеќе во споредба со истиот период од минатата година. Трговскиот дефицит во периодот јануари­февруари годинава изнесува 12.095.643.000 денари. Покриеноста на увозот со извоз изнесува 76,4 отсто.Трговската размена по производи покажува дека во извозот најголемо е учеството на катализаторите на носачи со благородни метали или нивни соединенија, сетовите на проводници за палење и слично, за возила, авиони или бродови, фероникелот, производите од железо и челик (валани производи). Во увозот, пак, најмногу се застапени платината и легурите на платина, необработени или во прав, нафтените масла и маслата добиени од битуменозни минерали (освен сурови), електричната енергија и другите метали од платинската група и нивни легури, необработени или во облик на прав.Во првите два месеца од годинава, според вкупниот обем на надворешно­трговската размена, Македонија најмногу тргувала со Германија, Велика Британија, Србија, Грција и Бугарија.Дополнителниот заменик министер за финанси Кире Наумов, пак, во соопштението до медиумите во врска со објавените податоци на Државникот завод за статистика наведува дека податоци се потврда оти се повеќе се зголемува трговскиот дефицит во трговската размена со странство.„И покрај растот на извозот од 7,2 отсто и увозот бележи речиси идентичен раст. Трговскиот дефицит за истиот период во 2015 година изнесувал 184 милиони евра. Во 2016 година е зголемен за 12 милиони евра и изнесува 196 милиони евра“, стои во соопштението.Според него, проѕирни се обидите преку презентирање на податоците само на извозот, да се прикажат некакви успеси во македонската економија. Трендот, наведува, во сите сегменти е надолен./крај/мф/бб



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија

Средба Бежоска − Шиаочин Ју: Светската банка изрази задоволство од напорите на Народната банка за членството на земјава во СЕПА

Објавено пред

Светската банка изрази задоволство од приклучувањето на земјава кон Единствената област за плаќање во евра (СЕПА) и од напорите коишто ги вложи Народната банка за постигнувањето на оваа цел. Членството ќе донесе повеќе придобивки за целокупната економија, а најголема придобивка ќе имаат граѓаните и компаниите. За натамошни придобивки важно е земјата да се приклучи и кон регионалниот проект за инстант плаќања којшто го предводи Централната банка на Италија и којшто е дел од Планот за раст на Западен Балкан на Европската Унија.

dobivaj vesti na viber

Ова беше истакнато на состанокот помеѓу гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска-Бежоска, директорката за Западен Балкан на Светската банка, Шиаочин Ју и директорот за Северна Македонија и Косово, Масимилијано Паолучи, на кој присуствуваа и вицегувернерката Емилија Нацевска, генералната директорка за супервизија, Викторија Глигорова и секторската директорка за монетарна политика, истражување и статистика, Султанија Бојчева-Терзијан. На средбата беше нагласена посветеноста на Народната банка и инволвираните институции во земјава, коишто со поддршка на експертите од Светската банка напорно работеа на забрзување на процесот на интеграција на земјава во платежната инфраструктура на Европската Унија, преку приклучување кон СЕПА.

На состанокот, гувернерката Ангеловска-Бежоска изрази благодарност за постојаната поддршка којашто Светската банка ни ја даваше во целиот процес, со што ефективно се усогласија националните со регулативите и практиките на ЕУ и СЕПА, при што нашата земја стана 39 членка на СЕПА.

На состанокот стана збор и за натамошна модернизација на платните системи и натамошни придобивки за граѓаните, особено преку приклучување кон проектот којшто го спроведува Централната банка на Италија, а е наменет за сите земји од Западен Балкан. Се работи за воспоставување систем за инстант плаќања како клон на системот ТИПС со кој управува Европската централна банка (ЕЦБ). Системот ќе овозможи инстант извршување на домашните плаќања во кое било време од денот во текот на годината во секоја од земјите, како и на нивните меѓусебни плаќања и на плаќањата со земјите од ЕУ.

Во изминатите три децении, Светската банка ѝ е значајна партнерка на Народната банка, којашто дава техничка помош преку повеќе проекти за дополнително јакнење на капацитетите на земјава и на централната банка и за одржување на макроекономската стабилност. Светската банка ѝ даде поддршка на Народната банка во подготовката на тригодишниот план за зелени финансии, изработката на макропрудентната стратегија и зајакнувањето на рамката за системски ризици, како и за изработката на подзаконската регулатива за решавање банки.

Прикажи повеќе...

Економија

Граѓаните се жалат на зголемените сметки за струја, Регулаторната најавува мерки

Објавено пред

По големиот број реакции на граѓаните поради зголемените сметки за електрична енергија, Регулаторната комисија за енергетика соопшти дека во изминатиот подолг период работи на комплементарен сет мерки со цел зајакнување на заштитата на потрошувачите.

dobivaj vesti na viber

Меѓу нив се: месечно отчитување на броилата, како и вонредна проверка на броила по случаен избор кај некои од потрошувачите што имаат доставено приговори до РКЕ.

„Овие механизам се дел од заедничкото дејствување со ресорното министерство Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини (МЕРМЕС) со цел зајакнување на довербата и надминување на дилемите кај дел од јавноста – кај оние потрошувачи што се сомневаат во исправноста на мерните уреди (броилата)“, велат од Регулаторната.

Се додава дека РKE останува отворена и транспарента како и досега за предлози и идеи од граѓаните, но и експертската јавност, без разлика дали се организирани формално или неформално.

Се додава дека овој сет мерки ќе стапи во сила по завршувањето на сеопфатната експертска консултативна фаза со сите засегнати страни.

Прикажи повеќе...

Економија

Мицкоски: Првпат имавме раст од 3 отсто и сме меѓу првите пет земји со најбрзорастечки економии во Европа

Објавено пред

Премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање за последниот извештај за движењето на платите објавен од Заводот за статистика, изјави дека очекува да продолжи економската консолидација.

dobivaj vesti na viber

„Имавме два супер успешни квартала, тоа беа четвриот и третиот квартал од минатата година. Првпат забележавме раст по долго време од 3 отсто и сме во првите пет најбрзорастечки економии во Европа. Очекувам овој тренд да продолжи и во првиот квартал од оваа година. Самите вие кажавте дека продолжува да расте просечната плата и покрај тоа што многумина политички глодачи од позиција на опозиција ја напаѓаа Владата дека била против растот на платите. Еве гледате дека растат“, истакна премиерот Мицкоски.

Тој информира дека сега од 1 април ќе пораснат и пензиите, нови две и пол илјади денари линеарно зголемување за пензионерите и додаде:

„Она што го ветивме за првата година, ќе го реализираме за девет месеци. И во суштина, за овие девет месеци направивме многу убави работи што некои ги ветивме, други ги реализиравме, а не ги ветивме. Така што, во делот на економското консолидирање на државата мојата порака до граѓаните е да бидат спокојни, убави времиња доаѓаат за Македонија и за македонската економија“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија43 минути

Се излеа Маркова Река кај Батинци

Маркова Река се излеа денес по обилните врнежи од дожд. Во селото Батинци, водата е надојдена, излевајќи се на неколку...

Македонија3 часа

Оставката на Папазов помина на владина седница

Владата ја прифати оставката на градоначалникот на Кочани, Љупчо Папазов. Советот на општината ќе треба да назначи в.д. градоначалник на...

Македонија4 часа

„Вреди“: Посакуваме Бектеши да ја докаже невиноста, не сакаме ниту еден Албанец да биде одговорен за Кочани

Коалицијата „Вреди“ посакува ексминистерот за економија од редовите на ДУИ, Крешник Бектеши да ја докаже својата невиност во случајот со...

Македонија5 часа

Обезбедувачот на Мицкоски за 50.000 евра оддавал службени тајни, приведен е

За 50.000 евра откривал полициски службени тајни од истрага. Припадникот на обезбедувањето на премиерот Христијан Мицкоски е во притвор. Од...

Македонија5 часа

Кочани доби ново амбулантно возило – донација од компании

Донирано е амбулантно возило за општата болница во Кочани од страна на приватни компании. Амбулантното возило е донација на „Аутомотив...

Македонија6 часа

По трагедијата во Кочани целосно се забранува употребата на пиротехниката во затворен простор

Трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани го менува Законот за прекршоците против јавниот ред и мир. Пратениците со 87 гласа „за“, без...

Македонија7 часа

Нема повеќе седење дома и земање плати, потребна ни е ефикасна администрација, порача Мицкоски

„Јавната администрација не е само механизам за спроведување на законите и политиките, таа е лицето на државата, одраз на нејзината...

Македонија8 часа

Трендафилов подготвен тој и сите функционери една година да земаат плата 500 евра, но уште утре минималната да се зголеми на истиот износ

Претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ), Слободан Трендафилов, е подготвен една година тој и сите избрани и именувани...

Македонија9 часа

(Видео) Талески: Мицкоски не може да не знае, втор обезбедувач од неговиот круг фатен во контакт со подземјето

Оваа Влада и ДПМНЕ се очигледно сериозно вмешани во криминал, а лица од најголема доверба на премиерот во континуитет се...

Свет11 часа

(Видео) Масовни кремирањa, сè мириса на смрт во Мјанмар: преживеаните во очај, луѓето клекнати на улица и плачат

Сè послаби се надежите во Мјанмар дека ќе се пронајдат живи луѓе по разорниот земјотрес од 7,7 степени според Рихтеровата...

Македонија11 часа

Во Козле, во „8 Септември“ или во странство ќе одат на рехабилитација пациентите со потешки повреди, кои следната недела ќе почнат да се враќаат

Во текот на оваа недела од лекување во странство најавено е дека ќе се враќаат пациентите што се целосно закрепнати,...

Македонија12 часа

93 пациенти повредени во пожарот во Кочани закрепнаа, уште 100 се лекуваат во странство и во домашните болници

Од вкупно 193 повредени во пожарот во Кочани, 93 пациенти закрепнаа и заминаа на домашно лекување, а во болниците во...

Регион13 часа

(Видео) Грција ја зафати невидено невреме, уништени омилените туристички места

Страшното невреме што ја зафати Грција речиси инстантно ги уништи омилените места за одмор во оваа земја. Некои од најубавите...

Македонија13 часа

„Кој му ги дал службените тајни на обезбедувачот на Мицкоски“, прашува СДСМ

„Обезбедувањето на Мицкоски е составено од најголемите криминалци во државата, кои тој лично ги одбрал на тие позиции. Оттука се...

Свет14 часа

Нема знаци за живот под урнатиот облакодер во Бангкок: „Ќе копаме уште“

Гувернерот на Бангкок Чадчарт Ситипунт изјави дека не се откриени знаци на живот во урнатините на облакодер во главниот град...

Свет15 часа

Првото патување на Трамп ќе биде во Саудиска Арабија

Американскиот претседател Доналд Трамп вчера изјави дека планира да ја посети Саудиска Арабија уште во мај за да потпише инвестициски...

Свет15 часа

(Видео) Кина одржува воени вежби околу Тајван, објави анимација: „Паразитот го труе островот“

Кина го распореди својот носач на авиони Шандонг и други бродови околу Тајван, објави денеска тајванското Министерство за одбрана, додека...

Регион16 часа

(Видео) Додик се огласи по неколкудневен молк: Пристигнав во Москва

Лидерот на босанските Срби, Милорад Додик, по кој трагаат правосудните органи и полициските агенции во Босна и Херцеговина, вчера вечер...

Спорт1 ден

ФФМ најави дисциплинска постапка за натреварот во Тетово: За вакви нелуѓе нема место во фудбалот

Фудбалската федерација на Македонија најави санкции за фудбалскиот клуб Шкендија, чии навивачи денеска предизвикаа скандал со недоличното однесување пред почетокот...

Спорт1 ден

(Видео) Навивачи на Шкендија наместо молк за жртвите од Кочани, пееја и исвиркуваа

Натпреварот меѓу Шкендија и АП Брера од Струмица го одбележа недолична сцена на почетокот на мечот кога домашните навивачи решија...