Свет
(Видео) Полицијата откри можна причина за грозоморното убиство на петте деца во Германија
Германија и понатаму е во шок откако 27-годишната Кристијана во Золинген ѕверски ги уби своите пет деца на возраст од една до осум години, а најстариот син го поштедила.
На срцепарателните фотографии се гледаат мечиња и пораки оставени пред зградата каде што се случи убиството, додека една слика е особено болна, на која се гледа отпечаток од детска рака на прозорецот. На фотографиите пред влезот во домот се гледаат детска количка, велосипед и чевли.
Германските медиуми пренесуваат дека судијата издал налог за апсење на мајката поради сомнеж дека во четвртокот ги убила своите пет деца – Лука – 8 години, Тим – 6 години, Софија – 3 години, Лени 2 години и Мелина на една година. За тоа време најстариот син, 11-годишниот Марсел бил во училиште, иако на почетокот се шпекулираше дека присуствувал на злосторството.
На социјалните мрежи кружи и фотографија на која мајката го бакнува својот најстар син кога бил помал, чиј живот од засега непознати причини го поштедила.
Tragedie de neimaginat. O mamă de numai 27 de ani şi-a ucis cinci copii, iar apoi s-a aruncat în fața trenului. Cum a scăpat al şaselea copil al femeii — https://bit.ly/2DpwrphFoto: Bild.de
Posted by StirileProTV on Петок, 04 септември 2020
Кристијана Н. поставила доручек, а потоа ги убила децата на масата. Наводно ги дрoгирала со седативи, пренесуваат медиумите.
Истражителите се сомневаат дека мајката го извршила овој грозоморен злочин откако се разделила со сопругот и била емоционално нестабилна.
Пред да се случи ова злосторство, таа една година живеела одвоено од својот последен маж. Како што пренесува Билд, Кристијана се омажила во 2014-та година, имале 4 деца, а со нив живееле уште две деца од нејзините претходни врски.
Полицијата ги пронашла децата мртви во четвртокот во нивните кревети во семејниот дом.
Жената по ужасниот злочин, отишла по најстариот син во училиште и му рекла дека во семејството имало смртен случај. Седнале во воз за Дизелдорф, а потоа се збогувала од него, кога тој менувал воз за друго место, каде наводно требало да ја посети баба му.
Кристијана и пратила порака на својата мајка, признавајќи што направила, а по 20 минути на станицата во Дизелдорф се фрлила под воз.
Таа има сериозни повредни, не не опасни по живот. Децата се убиени помеѓу средата попладне и четвртокот наутро, пренесуваат германските медиуми.
Полицијата морала да ја обие вратата во станот, а според надлежните, најстариот син, можеби преживеал затоа што бил на училиште.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Зетот на Трамп: Оваа средба е многу голема пресвртница
Зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, ја нарече средбата во Париз „многу голема пресвртница“, но предупреди дека трајниот мир бара „вистински заштитни мерки“.
Зборувајќи на крајот од прес-конференцијата, Кушнер рече дека Володимир Зеленски и Доналд Трамп имале обемни разговори во Мар-а-Лаго минатиот месец за безбедносните гаранции и дека, според него, тие „ги решиле повеќето, ако не и сите отворени прашања“.
„Но, мислам дека денес беше многу, многу голем чекор“, рече Кушнер, додавајќи дека тоа сè уште не значи дека ќе се постигне мир во Украина. „Ако Украина треба да склучи конечен договор, треба да знае дека по него ќе биде безбедна, дека има силно одвраќање и вистински механизми за да се осигури дека ова нема да се случи повторно“, рече тој.
Свет
Човекот на Трамп: Подготвени сме да направиме сè за да постигнеме мир
Американскиот пратеник Стив Виткоф рече дека Соединетите Американски Држави се „подготвени да направат сè што е потребно“ за да постигнат мир.
Зборувајќи по германскиот канцелар Фридрих Мерц, Виткоф упати многу попомирувачки тон од американскиот претседател Доналд Трамп, нарекувајќи го францускиот претседател Емануел Макрон „неверојатен човек“.
Виткоф рече дека тој и Џаред Кушнер, зетот на американскиот претседател, повторно ќе се сретнат со украинската делегација подоцна вечерва и дека „скоро завршиле со безбедносните протоколи“. Тој додаде дека се блиску до она што го опиша како „договор за просперитет“ за Киев.
„Сакам да го кажам ова: ние сме тука да посредуваме и да помогнеме во мировниот процес и сме подготвени да направиме сè што е потребно за да се стигне до таму. Претседателот Трамп цврсто и длабоко верува дека ова убивање мора да престане, дека крвопролевањето мора да престане“, рече Виткоф.
По него, Кушнер зборуваше кратко, велејќи: „Немам што да додадам, тоа беше кажано совршено“.
Свет
Германскиот канцелар: Америка и Коалицијата на волните имаат иста стратешка цел
Германскиот канцелар Фридрих Мерц изјави дека новиот договор е „заеднички успех“ за Европа, Украина и САД.
„Новата година започнува точно како што заврши старата – со интензивна мировна дипломатија за Украина“, рече Мерц. Тој додаде дека Европејците, Украина и САД „во триаголник“ продолжуваат да градат врз напредокот постигнат минатата година во Берлин. „Ова е заеднички успех“, рече тој.
Мерц рече дека САД и коалицијата имаат „иста стратешка цел“ и дека денешниот фокус е на придонесот што Европа и партнерите можат да го дадат за Украина по прекинот на огнот. „Како коалиција на волните, ние ќе ги преземеме нашите одговорности“, рече тој.
Тој додаде дека Германија не ја исклучува можноста за присуство во една од земјите-членки на НАТО што се соседи на Украина една година по евентуалното прекинување на огнот. „Засега ништо не е исклучено“, рече Мерц.






