Македонија
(Видео) Започна реконструкцијата на булеварот „Александар Македонски“
Екипите на Град Скопје денеска почнаа градежни активности за реконструкција на булеварот Александар Македонски во Гази Баба, на потегот од крстосницата со улица 16-та Македонска бригада до пешачкиот мост пред клучката кај Хиподром, која го поврзува овој булевар со автопатот.
Реконструкцијата се реализира фазно, а на терен истовремено се работат 3 од вкупно 4 фази на реконструкцијата. Булеварот ќе се реконструира во должина од 5.300 метри, што претставува најдолга делница на која Град Скопје работи во моментов.
„ Градот Скопје почнува со голема реконструкција на булеварот Александар Македонски, односно источниот влез во нашиот град. Во текот на минатата година го завршивме западниот дел, сега ќе го средиме источниот дел, и тоа од крстосницата кај Хиподром до поранешен саем во Автокоманда. Ова е потег поголем од 5 километри, ќе работиме деноноќно и ги замолувам граѓаните да имаат трпение во однос на сообраќајните гужви бидејќи во тек е голема градежна офанзива за изградба и реконструкција на градските улици и ќе го пречекаме зимото со целосно обновена инфраструктура во изминативе 2 години. Куриозитет овде е што првпат Град Скопје ќе изврши експроријација на земјиште за да изградиме велосипедска патека што ќе го подобри урбаното живеење и, конечно, ќе има велосипедско поврзување на граѓаните од Синѓелиќ и Маџари со остатокот од градот. На овој потег не е работено 40-ина години“ – рече денеска градоначалникот Петре Шилегов.
Трите фази од реконструкцијата истовремено ги реализираат 3 различни градежни компании, а вкупната вредност на трите договори изнесува околу 202 милиони денари со вклучен ДДВ. Реконструкцијата ќе се искористи и за поставување или замена на подземните инфраструктурни инсталации.
Градежната офанзива за изградба и реконструкција на скопските улици се одвива со забрзана динамика. Шилегов упати апел до граѓаните да ги почитуваат воведените привремени сообраќајни режими во повеќе делови во Скопје. .
На почетокот на градежните работи за реконструкцијата на булеварот Александар Македонски, присуствуваше и градоначалникот на Општина Гази Баба, Борче Георгиевски.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Скопје
Дел од неколку скопски населби без струја и вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, известува дека поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа без напојување со електрична енергија ќе останат:
– во периодот од 09:00 до 11.00 часот, корисниците ул. Индустриска броеви од 4 до 27 ( општина Гази Баба )
– во периодот од 08:30 до 13:30 часот, корисниците од полициска станица „Бит Пазар“, ул. Војдан Чернодрински, ул. Алберт Станиќ, дел од ул. Исмаил Кадире, ОУ Јашар Бег- Скупи ( општина Чаир )
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека поради изведување на водоводен приклучок Ф 150мм.на улица Никола Парапунов 16, од 08:30 часот до завршување на интервенцијата, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улицата Никола Парапунов.(Општина Карпош)
Македонија
Претпладне појава на магла, преку денот сончево со мала до умерена облачност
Времето денеска, претпладне по одделни котлини ќе има појава на магла, а преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од -3 до 2, а максималната ќе достигне од 9 до 15 степени.
Во Скопје претпладне во делови од котлината ќе има појава на магла, а преку денот времето ќе биде сончево и тивко со мала до умерена облачност. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Под влијание на влажна и студена воздушна маса од петок до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои наместа ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег и ќе се формира снежна покривка. На повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег, особено во сабота.
Македонија
Неврохирургот на Заев, Филипче во раководството има само негови верни слуги, велат од ВМРО-ДПМНЕ
Според ВМРО-ДПМНЕ, Венко Филипче, неврохирургот на Зоран Заев уште еднаш вечерва покажа дека не може сам да стои на свои нозе во политиката.
„По изборот на Централниот одбор во кој има само поранешни функционери на СДС од времето на Заев, како и заменик претседателката Фани Каранфилова Пановска која се бореше со сите сили да го устоличи Заев за премиер и вечерва со изборот на потпретседателите, како и генералниот секретар, така и двајцата организациски секретари докажа дека нема ништо ново освен стари излитени кадри.
Свежина и промени во СДС не се ни на повидок, наводните промени не се ништо друго освен продолжување на политиката на Заев.
Потпретседателите се само продолжена рака на Заев кои во негово време беа стоти ешалон сега му ги нуди на Филипче за во прв“, оценуваат во владејачката партија.
Според ВМРО-ДПМНЕ, поранешната министерка за животна средина е потрчко на Заев. „Ана Чупеска Станишева, професорка на Правниот факултет во Скопје Јустинијан Први е позната во јавноста по налудничавата идеја стотина македонски новинари да завршат в затвор. Кристина Костова која како печат од своето делување ја има само Шарената револуција. Едно е јасно светлина во тунелот наречен СДС нема, има само стари рециклирани кадри кои му служат на Заев што говори и дека тој ќе ја води партијата, а не Филипче“, нагласуваат од партијата на Мицкоски.