Спорт
ЛН: Русија „изддржа“ за победа во Унгарија, Финците ја шокираа Ирска

Русија има совршен старт на натпреварите во новото издание на Лигата на нации, откако на тешкото гостување кај Унгарија стигна до 3:2 победа, носејќи ги трите поени од Будимпешта откако водеа со 0:3.
Антон Миранчук го отвори резултатот во 15. минута, пред Магомед Оздоев да зголеми на 0:2 во 34. минута. Марио Фернандеш, Бразилецот со руски пасош, во 46. минута зголеми на 0:3, најавувајќи катастрофа на Унгарците, пред тие да имаат храбар камбек. Роланд Салаи во 62. минута намали на 1:3, пред ветеранот Немања Николиќ да ги постави конечните 2:3 во 70. минута. Русија по 3:1 победата над Србија во првиот меч има максимални 6 поени во третата група во Лига Б.
До прва победа во новиот циклус стигнаа Финците, кои со 1:0 славеа во Даблин над Ирска, благодарение на Фредерик Јенсен, кој влезе во игра во 63. минута и даде гол следната минута. Тука Велс со максимални 6 поени е лидер пред Финска со 3 и Ирска и Бугарија со 1 поен.
ЛИГА НА НАЦИИ, 2.КОЛО
ЛИГА Б
Велс – Бугарија 1:0
Ирска – Финска 0:1
Унгарија – Русија 2:3
ЛИГА Ц
Словенија – Молдавија 1:0
ЛИГА Д
Андора – Фарски Острови 0:1
УНГАРИЈА – РУСИЈА
ИРСКА – ФИНСКА
СЛОВЕНИЈА – МОЛДАВИЈА
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Вестбрук ќе го напушти Денвер

Расел Вестбрук (36), рекордер во НБА по бројот на трипл-дабл (203), двократен најдобар стрелец, трикратен најдобар асистент во најсилната лига и МВП во 2017 година, по една сезона ги напушта Денвер Нагетс.
Инсајдерот Шамс Чаранија објави дека Вестбрук одбил да ја искористи опцијата за продолжување на договорот со Денвер за уште една сезона, па затоа ќе биде слободен играч од крајот на овој месец.
Вестбрук одигра 75 натпревари за Денвер оваа сезона и имаше просек од 13,3 поени, 6,1 асистенции, 4,9 скока и 1,4 украдени топки. Во плејофот имаше 11,7 поени, 3,7 скока и 2,6 асистенции. Никола Јокиќ со тоа останува без важен соиграч во Нагетс.
Иако е ветеран, Вестбрук е убеден дека може да се бори за подобар договор на пазарот од 3,4 милиони долари што би ги заработил следната сезона во Денвер.
Досега, играше за Оклахома, Хјустон, Вашингтон, ЛА Клиперс, ЛА Лејкерс и Денвер.
Спорт
Турците најавија „трансфер бомба“: Митровиќ во Фенербахче

Александар Митровиќ, најдобриот стрелец во историјата на српската фудбалска репрезентација, наскоро би можел да се врати на европската сцена, во за многумина изненадувачки трансфер.
Според сознанијата на турскиот портал „НТВ Спор“, напаѓачот на Ал Хилал е блиску до договор со екипата на Фенербахче.
Тој наводно разговарал со својот сонародник Душан Тадиќ, но и со Един Џеко. Искусните фудбалери го напуштија клубот од „Шукру Сараѓоглу“ ова лето. Од нив Митровиќ добил одлични повратни информации за клубот.
Истиот извор наведува и дека преговорите меѓу поранешниот напаѓач на Партизан, Андерлехт, Њукасл и Фулам и клубот на чија клупа седи Жозе Мурињо сега се во завршна фаза, па затоа епилогот треба да се очекува во блиска иднина.
Во првите денови од јуни, Фенер се обиде да ги договори трансферите на Џонатан Давид и Душан Влаховиќ, но безуспешно.
Напаѓачот на Лил бараше 12.000.000 евра како бонус за потпишување, додека играчот на Јувентус не беше заинтересиран за трансфер во Турција.
Спорт
Гатусо ќе биде новиот селектор на Италија

Џенаро Гатузо наскоро ќе биде именуван за селектор на италијанската репрезентација, објавува најпознатиот инсајдер, Фабрицио Романо. Тој тврди дека до неодамна тренерот на Хајдук ги договорил условите со Фудбалскиот сојуз на Италија. Сè уште има мали детали што треба да се разработат, а во следните неколку дена Сојузот ќе објави дека Гатузо потпишал договор.
На чело на италијанската репрезентација, Гатузо ќе го наследи Лучано Спалети, кој беше отпуштен минатата недела. Гатузо минатата сезона со Хајдук го освои третото место во Хрватска, а претходно во кариерата ги водеше Милан, Наполи, Валенсија и Марсеј. Единствениот трофеј во неговата кариера е купот со Наполи во 2020 година.
Гатузо ќе собере јадро од поранешни светски и европски шампиони како асистенти и ќе изгради нова репрезентација заснована на чувство на припадност и искуство, пишуваат италијанските медиуми. Го убедил Леонардо Бонучи, кој моментално е во тренерскиот штаб на италијанската репрезентација до 20 години. Негов втор помошник ќе биде Андреа Барзаљи.
Барзаљи, Бонучи и Гатузо играа заедно во репрезентацијата кај Марчело Липи и во 2006 година станаа светски шампиони..
Стручниот штаб треба да го пополни и Џанлука Замброта, уште еден поранешен италијански ас. Тој е без договор седум години, а неговиот последен ангажман беше во кинескиот Сунинг, каде што беше помошник тренер.
Чезаре Прандели, поранешниот селектор на Италија, треба да стане технички директор на националниот тим. Прандели е прославен италијански пензиониран фудбалер и поранешен тренер. Денес има 67 години. Ја водеше Италија од 2010 до 2014 година и беше на клупата на бројни големи клубови како што се Рома, Галатасарај и Фиорентина.