Спорт
Овојпат немаше „чудесен камбек“ – Веспрем убедливо преку Вардар до СЕХА трофејот

Унгарскиот Веспрем не му даде шанса на „обновениот“ Вардар и го совлада со 35:27 (15:12) за да ја освојат својата трета титула од СЕХА лигата, прекинувајќи ја шампионската низа на „црвено-црните“.
За разлика од полуфиналето против ППД Загреб, кога „црвено-црните“ успеаја да се вратат во драматична завршница и да победат на пенали, против Веспрем се започна лошо, и во ниту еден момент не се успеа да се доближи до унгарскиот тим.
Веспрем поведоа со 3:0, па со 5:1 на почетокот на мечот, и Вардар со малку среќа успеа да се доближи на само три гола разлика (15:12) по половина час игра. Во второто полувреме, Веспрем не дозволи македонскиот тим да се доближи и во 43. минута веќе имаше предност од 23:17, практично решавајќи го победникот на мечот и освојувачот на титулата.
Глеб Калараш со шест гола и Ловро Јотиќ и Патрик Валчак со четири гола беа најефикасни кај Вардар, додека кај победниците, Петар Ненадиќ постигна пет гола, а Дејан Манасков, Андреас Нилсон и Мате Лекаи имаа по четири гола.
Ова е трет трофеј од СЕХА за Веспрем по победите во 2015 и 2016 и слатка одмазда на унгарскиот тим за поразот во финалето на Лигата на шампионите во 2019 година. Вардар останува најтрофеен тим во СЕХА со пет трофеи, Веспрем има три, а ППД Загреб една титула.
Фото: СЕХА лига
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Детали го делат Симонс од трансфер на „Стенфорд Бриџ“

Холандскиот фудбалер Чави Симонс (22) им даде јасни сигнали на челниците на својот клуб во кој правец сака да оди неговата кариера.
Симонс е многу поблиску до трансфер во Челзи денес отколку што беше во изминатите неколку дена.
Како што стојат работите, Челзи ја доби битката со конкуренцијата за потписот на суперталентираниот Холанѓанец.
Дека мислите на Симонс се веќе во Лондон, сведочат неговите индивидуални потези во последните денови, како што е бришењето на профилот на неговиот сегашен клуб од Инстаграм, а можеби најочигледниот знак дека тој повеќе нема да биде дел од клубот од Лајпциг е фактот што го пропушти тренингот во петокот.
Преговорите меѓу Челзи и Лајпциг во врска со трансферот на офанзивниот играч за врска се во завршна фаза, тврди добро информираниот инсајдер за трансфери Фабрицио Романо.
Германскиот клуб би можел да заработи 70 милиони евра од продажбата на својот највреден играч, покрај Шешко.
Доколку трансферот се реализира, Симонс би станал осмото засилување на Челзи ова лето, по Џејми Гитенс (Борусија Дортмунд), Лиам Делап (Брајтон), Естево Вилијан (Палмеирас), Дарио Есугу (Спортинг), Мамаду Сар (Стразбур) и Кендри Паез (Индепендиенте дела Вале).
Клубот од „Станфорд Бриџ“ за овие трансфери издвои близу 250 милиони евра.
Само Ливерпул инвестираше повеќе пари во тековниот преоден рок.
Фото/ Принскрин
Спорт
Му пропадна кариерата, Деле Али ќе замине во пензија
Деле Али ќе го напушти Комо ова лето, а се повеќе се шпекулира дека би можел да се пензионира.
Поранешниот англиски репрезентативец имаше големи проблеми во изминатите неколку години со повредите. Во минатото, кога со Тотенхем играше и финале во Лигата на шампионите, беше еден од најдобрите, а неговата вредност се проценуваше на 80 милиони евра.
Минатата сезона беше во Комо, но не успеа да се докаже пред Сеск Фабрегас и ќе го заврши својот краток престој во Серија А. Според медиумите тој би можел да се пензионира иако има само 29 години.
Во Евертон и Бешикташ, Али се обиде да се врати на старите патеки и да го покаже талентот, но повредите не му го дозволија тоа. Одигра само десет минути за Комо, во кои успеа да добие црвен картон. Од тој момент па натаму, тој не се врати на теренот, а тоа се случи на 15 март оваа година.
Деле Али нема да биде првиот што ќе се пензионира пред својот 30-ти роденден. Тоа го направија Андре Ширле, освојувач на Светското првенство со Германија во 2014 година, Патрик Клајверт и Марко Ван Бастен, кои исто така се пензионираа на 29 години.
Фото/ Принскрин
Спорт
Обвинителството бара две и пол години затвор за Раул Асенсио

Јавниот обвинител во Шпанија бара две и пол години затвор за играчот на Реал Мадрид, Раул Асенсио, поради споделување видео од неговите поранешни соиграчи како имаат секс со две девојки.
Тројца поранешни соиграчи на фудбалерот на Реал од младинскиот тим имале сексуални односи со две девојки на Канарските Острови.
Девојките се согласиле на тоа, но некој од нив направил видео кое, без нивна согласност, завршило во јавноста, што довело до сè уште нерешен скандал.
Едната од девојките имала само 16 години во тоа време, другата 17.
Асенсио не учествувал во целиот настан, но добил видео од своите соиграчи кое го споделил понатаму. А обвинителството смета дека ова не смее да помине неказнето.
Во обвинителството, тие го започнале случајот по службена должност и бараат две и пол години затвор за играчот на Реал.
Асенсио се етаблира како играч во првиот тим на Карло Анчелоти минатата сезона, во која одигра 46 натпревари.
Фото/ Принскрин