Црна хроника
Во сообраќајка во Велес тешко повредена малолетничка која управувала мопед
Рано утрово околу три часот по полноќ било пријавено дека на крстосница од улиците Борис Трајковски, Христо Татарчев и Кумановска во Велес се случила тешка сообраќајна незгода.
Во неа учествувале автомобил „опел зафира“, управуван од 23-годишниот С.Д. од Велес и мопед „априлија“, управуван од 17-годишна велешанка.
Во незгодата со тешки повреди се здобила малолетничката, која веднаш била пренесена во велешката болница.
На местото на настанот бил извршен увид од екипа од СВР Велес.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Пронајдена скопјанката која беше пријавена за исчезната
Вчера во 20.00 часот во СВР Скопје било пријавено дека на подрачјето на Чаир била пронајдена 26-годишната И.Е. од Скопје, извести МВР.
На 26.08.2024 нејзиниот татко В.Е.(69) пријави дека се оддалечила од својот дом на подрачјето на Гази Баба, додаваат од МВР.
Црна хроника
Штипјанец пријавил во полиција дека неговата малолетна ќерка се оддалечила од домот
Денеска во 01.30 часот во СВР Штип, 37-годишниот Е.М. од Штип пријавил дека од домот се оддалечила неговата малолетна ќерка, 17-годишната Ј.М., извести МВР.
Според пријавеното, најверојатно таа се наоѓа во Велес кај лицето Р.В.. Се преземаат мерки за пронаоѓање на лицето.
Топ
Млад скопјанец нападнат со нож пред станот во Аеродром, едниот од напаѓачите му се заканил со оружје
Дваесет и петгодишен скопјанец синоќа бил нападнат пред станот во којшто живее на подрачјето на општина Аеродром.
Според пријавеното, момчето било нападнато со остар предмет од Н.С. и уште две лица, а едниот му се заканувал со пиштол.
Пренесен е во приватна болница за укажување помош.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.