Спорт
Милвоки без Јанис изборија петти меч
Милвоки Бакс избегнаа метла во полу-финалето во Источната конференција, откако во четвртиот меч го победија Мајами Хит со 118:115 (107:107). Успехот на Бакс е уште поголем ако се знае дека од почетокот на втората четвртина играа без својот најдобра играч Јанис Адетокумпо. Гркот поради повреда на зглобот го напушти теренот, до тој момент постигна 19 поени.
Драматичниот натпревар г решија Крис Мидлтон и Брук Лопез, а во продолжение го однесе Донте Ди Виченцо кој на 1,9 секунди до крајот на регуларниот дел погоди едно од двете слободни фрлања.
Мидлтон блескаше со 36 поени (21 од нив постигна во третата четвртина, а девет во продолжението). Лопез натпреварот го заврши 14 поени (10 од нив во последниот период кога Бакс со серија 12:0 ја стигнаа предноста на Хит).
Мајами ги предводеше Бем Адебајо со 26 поени, 12 скока и 8 асистенции, Данкан Робинсон постигна 20 поени (6 тројки), а 18 Џеј Краудер (6 тројки).
Наредниот меч ќе се одигра на 9.септември.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
(Видео) ПСЖ во Монако од 0:2 до 3:2
Фудбалерите на Пари Сен Жермен го победија Монако со 3:2 во првиот натпревар од 1/16 финалето на Лигата на шампионите.
„Светците“ ќе го слават моментот кога Дезире Дуе стапна на теренот, бидејќи Дембеле мораше да го напушти теренот во средишницата од првото полувреме.
Но, пред тоа, сè што можеше да тргне наопаку за Пари Сен Жермен се случи.
Монако поведе во првата минута. Головин му асистираше на Балогун, кој го свлада Сафонов. Монако продолжи во ист ритам и ја дуплираше предноста.
Балогун му избега на Маркињос и повторно и лесно ја смести топката во голот.
ПСЖ можеше да се врати во игра кога Кварацхелија изнуди пенал, но Кен го одбрани ударот на Витиња. Но, пет минути подоцна, Дуе влезе во игра.
По само 80 секунди, одзеде топак и ја погоди мрежата. До крајот на првото полувреме, избраниците на Луис Енрике израмнија.
Шут од далечина, Кен одбрани, но Хакими налета на одбиената топка и го израмни резултатот.
Пресвртот пред пресвртот на ПСЖ се случи на почетокот од второто полувреме кога Головин заработи директен црвен картон по фаулот врз Витиња.
Дуе повторно стапи на сцена, доби додавање од Ворен Заир Емери и од 12 метри го постигна голот за победа.
Foto/ EPA
Спорт
Германците ги освоија медалите во боб двосед
Германија го повтори својот неверојатен успех и ги освои сите три медали во боб двосед на Зимските олимписки игри. Златото им припадна на Јоханес Лохнер и Георг Флајшхауер, среброто на Франческо Фридрих и Александар Шулер, додека дебитантите Адам Амур и Александар Шалер ја освоија бронзата.
Победата на Јоханес Лохнер и неговиот сопирач Георг Флајшхауер беше сигурна уште од првото возење во понеделникот. Лохнер, кој настапува на своите трети и последни Олимписки игри како лидер во двете дисциплини во боб, ги оправда очекувањата во вторникот и стигна до златото со огромна разлика од 1,34 секунди. За 35-годишниот пилот, ова е трет олимписки медал, но прво злато.
Ваквиот расплет е пресликан од последните Игри во Пекинг во 2022 година, кога Германија исто така ги освои сите медали во боб двосед. Тогаш Фридрих беше прв, а Лохнер втор. Последната нација што постигна таков подвиг на Зимските игри по ред беше исто така Германија, во санкање за жени во 2002 и 2006 година.
Foto/ EPA
Спорт
(Видео) Винисиус постигна спектакуларен гол, па направи хаос, Мурињо исклучен
Реал Мадрид стекна минимална предност во дуелот со Бенфика, во првиот бараж меч за пласман во осминафиналето, во Лигата на шампионите. На „Да Луж“, во Лисабон, Реал ја победи Бенфика со 1:0. Единствениот гол во 50-та минута го постигна Винисиус Жуниор.
Три недели по спектакуларната пресметка во првата фаза и голот на голманот Трубин во 98-та минута, Бенфика и Реал одиграа уште еден натпревар. За разлика тој меч, во кој беше надигран, Реал доминираше и на крајот заслужено победи.
Во силно темпо мина првото полувреме, првите 15 минути им припаднаа на домаќините, потоа Реал воспостави контрола, а во последните пет минути од првиот дел Трубин три пати спречи водство на Реал.
Вториот дел започна со брилијантниот гол на Винисиус во 50-та минута.
Провокацијата на Винсиус ја вжешти атмосферата на стадионот. Бразилецот заработи жолт картон за провокативната прослава на голот, откако доби жолт картон му се пожали на судијата дека бил расистички навредуван од Џанлука Престијани од Бенфика.
Винисиус потоа седна на клупата, не сакаше да игра. Прекинот траеше 10 минути.
Прекинот го „уби“ одличниот ритам во кој беа двата тима. По една полу шанса имаа едните и другите. Потоа интересен момент во 85-та минута.
Жозе Мурињо заработи црвен картон поради жестоки протести. Тренерот на Бенфика побара жолт картон за Винисиус, односно исклучување за Бразилецот, но судијата Летексје не мислеше така, но, по бурните протести, на крајот му покажа црвен картон на Мурињо.
Реваншот се игра наредната среда во Мадрид.
Foto/ EPA

