Регион
(Видео) Вучиќ за снимката од Белата куќа: Србија не е почитувана така уште од времето на Тито

Шведскиот дипломат Карл Билд објави видео на „Твитер“ во кое се гледа реакцијата на српскиот претседател Александар Вучиќ за време на говорот на американскиот претседател Доналд Трамп во Овалната соба.
„Ова е моментот кога претседателот Вучиќ беше информиран дека српската амбасада во Израел ќе биде преместена во Ерусалим“, коментира Билд.
Додека Трамп кажува дека амбасадата ќе биде преместена во јули, додавајќи дека тоа е фантастично, Вучиќ во моментот прави зачуден израз и почнува да ги прелистува хартиите пред да ги погледне членовите на српската делегација.
Here the moment President Vucic ?? was informed that he was going to move his Israel ?? embassy to Jerusalem. pic.twitter.com/8195dGDZQT
— Carl Bildt (@carlbildt) September 5, 2020
Префрлувањето на српската амбасада во Ерусалим е последната точка од договорот потпишан во Белата куќа во петокот, а преселувањето треба да се случи до 1 јули 2021 година.
Вучиќ синоќа зборуваше за снимката.
„Се изнаслушав разни луѓе кои велат: ‘Погледнете ја реакцијата на Вучиќ, тој дури и не го прочитал договорот’. Еј, тие нискобуџетни луѓе, некој рече будали (никогаш не би го рекол тоа) од разни социјални мрежи (никогаш не би користел такви изрази), па дали тие луѓе знаат дека секој збор го проверував 500 пати цел ден и цела ноќ“, изјави Александар Вучиќ пред новинарите по состанокот во Брисел.
Тој рече дека не постои човек кој ги знае овие договори подобро од него.
„Во таа сала сите заедно не знаеја колку што знаев јас за едниот или за другиот договор и за точните разлики. Останува на мене да прочитам и да видам и каде е другиот договор, за некој да не го потпише она што не е наше. На крајот се случи да ги заменат папките “, рече Вучиќ.
„Тогаш имав добра папка, но тие подоцна ги заменија папките, а јас гледав да не ни се случи тоа“, додаде тој.
Тој вели дека сето тоа се случило затоа што некому не му одговара што Србија постигнала многу добар договор.
„И тоа што беше почитувана во САД, бидејќи такво почитување не сме доживеале уште од Втората светска војна, од 1970 година, кога Ричард Никсон, заедно со Тито, беше во Белград, пред точно 50 години. Оттогаш не сме имале толку почит, и разбирам дека им пречи“, рече Вучиќ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Регион
Вучиќ: Успеавме да ги одложиме санкциите на САД врз српската нафтена индустрија

Српскиот претседател Александар Вучиќ денес изјави дека САД го одложиле воведувањето санкции против Нафтената индустрија на Србија (НИС) за осум дена со цел, како што рече, „за да покажат почит кон Србија“.
„Им благодарам, сакаа да покажат почит, да ни кажат дека нè слушаат и ја разбираат нашата позиција. Благодарам за тоа, но дали добивме нешто суштинско? За седум дена, ќе го имаме истото прашање, а јас сè уште нема да го имам одговорот“, рече Вучиќ во Обреновац, каде што учествуваше на граѓанскиот марш против блокадите.
Тој додаде дека ќе има реакција од Србија и од самата НИС и кон американската страна и кон другите партнери кога станува збор за нови понуди.
„Верувам дека ова е добро, но дали ќе биде доволно и дали ова е она што го сакаат Американците – ќе видиме“, рече Вучиќ.
Санкциите на САД против НИС требаше да стапат во сила на 1 октомври, но рокот сега е одложен барем до 9 октомври.
фото: принтскрин
Регион
Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи

Албанија продолжува со рекордни бројки на странски туристи, која во периодот јануари – август ја посетиле околу девет милиони.
Албанскиот Институт за статистика објави податоци што потврдуваат дека влезот на странски државјани е за 5,2 отсто поголем ако се спореди со истиот период пред една година, кога беа регистрирани вкупно 8,5 милиони странски државјани.
Само во август бројот на странски државјани кои влегле на албанска територија е 2,3 милиони, што е зголемување од 9,9 отсто, во споредба со истиот месец минатата година.
Албанската економија имаше корист од странските туристи од 2,1 милијарди евра за само шест месеци, до кога ја посетиле 4,76 милиони странци. Овие бројки потврдуваат дека 2025 година ќе биде уште пооптимистичка во однос на туризмот во земјата, додека приходите се очекува да се зголемат за околу 7,7 отсто во споредба со лани.
Се очекува приливот на туристи да продолжи и есенва, со што ќе се продолжи туристичката сезона во земјата. Туроператорите известуваат дека резервациите се високи и за септември и за октомври.
Минатата година Албанија ја посетиле над 11,7 милиони туристи или 15,2 отсто повеќе од претходната година. Очекувањата за годинава се над 12 милиони туристи.
Регион
Жена убиена на свадба во центарот на Шибеник, ја погодила ракета

Жена е повредена кога пиротехничко средство – сигнална ракета – било испукано во близина на катедралата „Свети Јаков“ во Шибеник синоќа, и починала од повредите во болница, соопшти хрватската полиција.
Во соопштението од полициската управа Шибеник-Книн се додава дека е уапсен 52-годишен маж, пренесува Хина. Во тек е кривична истрага, соопшти полицијата.
Хрватските медиуми неофицијално известуваат дека несреќата се случила за време на свадбена прослава, кога осомничениот испукал ракета.