Македонија
Поранешниот градоначалник на Центар Жупа почина од коронавирус
На 52-годишна возраст синоќа почина Мазлум Хасан, поранешен градоначалник на општина Центар Жупа. Од општината информираат дека Хасан починал во болнички услови во Скопје каде бил хоспитализиран повеќе од две недели, откако му било дијагностицирано дека е позитивен на коронавирусот.
Хасан родум е од селото Коџаџик, област Горна Жупа е оженет и татко на три возрасни деца. Голем дел од животот помина во Италија, каде важеше за еден од најбараните реставратори. Го нарекуваа и некрунисан амбасадор на македонската култура во Италија, поради неговиот придонес за претставувањето на С.Македонија на Венецијанското биенале.
Градоначалник на Центар Жупа беше 2009 – 2013 година. Со негово залагање покрај другите проекти што беа реализирани, во 2012 година е изградена Спомен куќата на таткото на современа Турција, Мустафа Ќемал Ататурк, врз темелите на куќата на неговиот татко Али Риза.
Погребот според востановените протоколи ќе биде во неговото родно Коџаџик.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Променливо облачно со сончеви периоди, попладне повремен слаб дожд
Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Попладне ќе има локални врнежи од дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 6 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 25 степени.
Во Скопје променливо облачно со сончеви периоди, попладне со повремен слаб дожд. Минималната температура ќе се спушти до 9, а максималната ќе достигне до 23 степени.
Ќе се задржи променливо облачно време со повремени локални врнежи од дожд, проследени со ретки грмежи. Од среда врнежите наместа ќе бидат пообилни, повремено поројни.
Скопје
Без струја дел од село Кондово
Поради планирани зафати во електро дистрибутивната мрежа, денеска, без напојување со електрична енергија ќе останат корисниците на дел од село Кондово во општина Сарај.
Прекинот ќе биде во период од 08:00 – 12:30 часот.
Скопје
Дел од Аеродром и Центар денеска без вода
Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЈП Водовод и канализација – Скопје, ги информира граѓаните дека денеска поради промена на линиски затварач (Шибер) од ф 150мм на булеварот Јане Сандански бб, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од булеварот Јане Сандански од бр.50 до бр.118 во општината Аеродром.
Прекинот на водоснабдувањето ќе биде од 09:00 часот до завршување.
Поради водоводен приклучок од ф 80мм на улицата Петар Поп Арсов бр.53, прекинато водоснабдување ќе имаат дел од корисниците од улицата Петар поп Арсов, улицата Теодосие Гологанов, улицата Костурски Херои, улицата Борка Талевски, улицата Христо Смилевски, улицата 9 Мај и дел од улицата Васил Стефановски во општина Центар, од 08:00 часот до завршување.