Црна хроника
Средношколка и средношколец фатени со кокаин и марихуана во Скопје
Во одделни акции, полицијата приведе девојка на 16-годишна возраст и 17-годишно момче кај кои при преглед биле пронајдени дроги.
Како што информираат од полицијата, 16-годишната скопјанка била приведена и со неа бил извршен разговор во присуство на родител. Затекната била со прашкаста материја доцна синоќа на улицата „Пелинце“ во Скопје,
Истата ноќ, на улицата „Венјамин Манчуковски“ во Скопје, полициски службеници привеле 17-годишник од Скопје поради тоа што кај него била пронајдена марихуана.
И со него бил извршен разговор, во присуство на родител.
По целосно документирање на случаите, против двајцата малолетници ќе бидат поднесени соодветни поднесоци.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Возач на трактор тешко повреден откако излетал од коловозот
Вчера во 08.45 часот во полициската станица Валандово било пријавено дека во атар на с.Чалакли, валандовско, трактор „ИМТ 533“ со полуприколка, управуван од А.П.(48) од с.Балинци, валандовско, излетал надвор од коловозот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот, констатирани во Општата болница Гевгелија.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Валандово.
Црна хроника
Малолетник со мотоцикл се судри со „опел“, повредени се две деца
Вчера во 23.00 часот во полициската станица Радовиш било пријавено дека на крстосница од ул.„Илија Алексов“ со ул.„Ѓорче Петров“ во Радовиш се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „опел“ со штипски регистарски ознаки, управувано од А.М.(47) од с.Ракитец, општина Конче, и мотоцикл „теккен“ со радовишки регистарски ознаки, управуван од малолетник од с.Коџалија, радовишко.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобила малолетна сопатничка од мотоциклот, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Клиничката болница Штип.
Извршен бил увид од увидна екипа од ОВР Радовиш.
Црна хроника
Мотоциклист тешко повреден откако изгубил контрола и паднал на патот
Вчера во 14.29 часот во СВР Скопје било пријавено дека околу 13.00 часот од место викано „Рамно“ до место викано „Биљак“, по шумски земјен пат на подрачјето на с.Мирковци, мотоцикл со скопски регистарски ознаки, управуван од Б.А.(27) од Скопје изгубил контрола и паднал на патот.
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил сопатникот В.А. (31) од Скопје, додека мотоциклистот се здобил со телесни повреди, констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“.
Извршен бил увид од увидна екипа од СВР Скопје.