Македонија
Заев – Која: Остануваме посветени на меѓусебната соработка за унапредување на реформските процеси

Претседателот на Владата, Зоран Заев, оствари средба со шефот на Мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која. Заев со амбасадорот Која разговараше за состојбата во земјата по одржаните предвремени парламентарни избори и формирањето на новата Влада.
Тој изрази уверување и посочи дека вториот мандат е одлична можност Владата во наредниот четиригодишен мандат да продолжи со имплементацијата на заедничките приоритети, членството во НАТО и Европската Унија, како и унапредување на добрососедските односи, посветеноста за ефикасно владеење на правото и продолжување на севкупните реформи во земјата за подобрување на стандардот на граѓаните.
Соговорниците се согласија дека долгогодишната соработка со Мисијата на ОБСЕ продолжува во повеќе различни области и програми во насока на унапредување на меѓуетничките односи, реформата на полицијата и безбедносните структури, медиумските слободи, изборните реформи, интегрирано образование, во областа на човековите права и антидискриминацијата.
Соговорниците, исто така, разменија мислење и за предизвиците во справувањето со пандемијата на Ковид-19, како и за мерките кои се преземаат на национално и локално ниво од институциите во земјата.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Прекинато водоснабдување во дел од Карпош

Од ЈП Водовод и Канализација известуваaт дека денеска на ул. Будимпештанска 26А поради дефект во шахта (промена на вентил од ф 3/4), со прекинато водоснабдување ќе бидат ул. Осло, Хашка, Будимпештанска и дел од Женевска.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:30 часот до завршување на работните активности.(општина Карпош)
Македонија
Денес втора седница на Советот за безбедност

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја свика втората седница на Советот за безбедност што ќе се одржи денес, 1 август, со почеток во 12 часот.
Членови на Советот за безбедност по функција се: Африм Гаши, претседател на Собранието; Христијан Мицкоски, претседател на Владата; Панче Тошковски, министер за внатрешни работи; Владо Мисајловски, министер за одбрана; Тимчо Муцунски, министер за надворешни работи и надворешна трговија и тројцата членови, именувани од претседателката: Џевдет Хајредини, Малинка Ристевска-Јорданова и Владо Спиридонов.
На втората седница на Советот за безбедност, на покана на претседателката Сиљановска-Давкова ќе присуствуваат и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Бојан Христовски; директорката на Агенцијата за разузнавање, Габриела Јаковлева и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.
Македонија
Сончево време со температура до 34 степени

Времето денес ќе биде потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Попладне ќе има услови за изолирана појава на нестабилност со краткотраен пороен дожд и грмежи. Минималната температура ќе биде во интервал од 12 до 19, а максималната ќе достигне од 26 до 34 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 18, а максималната ќе достигне до 33 степени, јавува УХМР.
Во деновите од викендот ќе преовладува сончево и потопло време со мала до умерена облачност. Ќе има услови за локална појава на пороен дожд и грмежи. Во понеделник на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, а од вторник се очекува стабилизирање на времето.