Економија
Битиќи и Бектеши: Обезбедивме поддршка за занаетчиите

Вицепремиерот задолжен за економски прашања и координација на економските ресори Фатмир Битиќи заедно со министерот за економија Крешник Бектеши остварија средба со претставници на занаетчискиот еснаф, каде што се разговараше за предизвиците со кои се соочуваат занаетчиите во перидот на социо-економската криза предизвикана од Ковид-19 и нивните видувања за начините на поддршка за опстојување и развој на занаетчиството во нашата земја.
Вицепремиерот Битиќи и министерот Бектеши истакнаа дека со претходните три пакета на мерки, Владата обезбеди поддршка на голем број граѓани и компании, а главна водилка беше да се помогне на сите кои бележат загуби поради пандемијата и на тој начин да се одржи ликвидноста на компаниите и да се зачуваат работни места.
Занаетчиите беа опфатени со мерките за поддршка, а голем број самостојни вршители на дејност ја искористија можноста за користење на мерката за субвенционирање на минималната плата во висина од 14.500 денари, со кои се помогна за зачувување на занаетчиската дејност.
Министерот Бектеши информираше дека и во буџетот на Министерството за економија, преку Програмата за конкурентност иновации и претриемништво за поддршка и развој на микро, мали и средни претпријатија и занаетчиство, се наменети средства за оваа дејност со која се поддржани околу 100 компании и неколку занаетчиски комори.
Вицепремиерот Битиќи и министерот Бектеши дискутираа со занаетчиите за тековните предизвици со кои се соочуваат и истакнаа дека во наредниот, четврт сет на Владини мерки, ќе се обезбеди поддршка за сите оние граѓани и стопанственици кои имаат потреба од дополнителна поддршка, а воедно ќе се обезбеди и поддршка за компаниите со кои ќе се овозоможи нивен побрз и подинамичен развој, што е приоритет на новите Владините политики за новата развојна економија.
Претставниците на еснафот се заблагодарија на досегашната поддршка од страна на Владата, која била неопходна за нивно опстојување, а додадоа дека очекуваат да се одржува добрата комуникација со Владата и другите надлежни органи и да продолжат да бидат вклучени во креирањето на економските политики и мерки.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Економија
Објавен јавен повик за финансиска поддршка за набавка на трактори

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство објави јавен повик за доставување на барања за користење на средства од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2025 година, наменет за модернизација на земјоделските стопанства преку набавка на трактори.
Максималната поддршка по корисник изнесува 600.000 денари, поддршката се исплаќа на годишно ниво според реализацијата на деловниот план.
Јавниот повик се однесува исклучително за набавка на трактори – приклучната земјоделска механизација не е покриена.
Право на користење на средствата имаат земјоделски стопанства кои се запишани во Единствениот регистар на земјоделски стопанства во Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, согласно Закон за земјоделство и рурален развој.
Земјоделци кои во претходните десет години користеле финансиска поддршка за набавка на трактори преку ИПАРД Програмата или Националните програми за рурален развој, не се прифатливи како корисници на оваа мерка.
Крајниот рок за доставување на барањата е 07.07.2025 година.
Економија
Берзите реагираат бурно на расправијата Трамп-Маск, акциите на „Тесла“ паѓаат

На Вол Стрит, берзанските индекси паднаа, главно поради наглиот пад на цената на акциите на „Тесла“, додека пазарот беше поддржан од веста за разговорот помеѓу американскиот и кинескиот претседател Доналд Трамп и Си Џинпинг. Индексот Дау Џонс падна за 0,25 проценти на 42.319 поени, додека S&P 500 се лизна за 0,53 проценти на 5.939 поени, а индексот Nasdaq падна за 0,83 проценти на 19.298 поени.
Акциите на Тесла паднаа за 14 проценти
Цената на акциите на производителот на електрични автомобили „Тесла“ падна за повеќе од 14 проценти, откако јавната расправија помеѓу извршниот директор Илон Маск и Трамп се интензивираше.
Цената на акциите падна во четири од последните пет трговски дена, откако Трамп и Маск ја започнаа својата вербална војна, за време на која „Тесла“ изгуби околу 150 милијарди долари пазарна вредност.
Маск ги засили критиките кон огромниот закон за даночни стимулации на претседателот во последните денови, додека Трамп тврди дека Маск е вознемирен затоа што законот ги елиминира даночните олеснувања за купување електрични возила.
„Последиците за акциите на ‘Тесла’ се очигледни. Но, не гледам никакви значајни последици за остатокот од пазарот, освен мало влијание врз индексите. Генерално, берзата има многу проблеми, но ‘Тесла’ не е еден од нив“, рече Марк Шпигел, менаџер за портфолио во Stanphyl Capital.
Сепак, пазарот беше поддржан од телефонскиот повик меѓу Трамп и Си. Нема дополнителни информации за разговорите, освен дека тие се поканија еден со друг на официјални посети. И тоа беше оценето како позитивно од пазарот, бидејќи неодамнешниот спор околу клучните минерали се закани да го наруши кревкото трговско примирје меѓу двете најголеми економии во светот.
Економија
АД ЕСМ со најповолна понуда за електрична енергија, соопшти „ЕВН хоме“

ЕВН Хоме како универзален снабдувач на електрична енергија, на тендерот за набавка на електрична енергија за задоволување на потребите на корисниците за периодот јули-декември 2025 доби најповолна понуда од АД ЕСМ со купопродажна цена на електрична енергија од 62 евра за мегаватчас, за покривање на 100% од вкупно планираните количини, соопштија од таму.
Оваа цена, како што појаснуваат, е идентична со претходната која беше добиена на последниот тендер на Универзалниот снабдувач (јануари-јуни 2025), кога АД ЕСМ понуди купопродажна цена од 62 евра за мегаватчас.
„Под комплетен надзор на Регулаторната комисија за енергетика и согласно законските обврски и претходно утврдената методологија, во наредниот период ЕВН Хоме ќе ја пресмета цената на електрична енергија по однапред утврдени влезни параметри.
Како и секогаш, во крајната цена влегуваат: цената по која АД ЕСМ ја продава електричната енергија на ЕВН Хоме, цената на Преносниот систем оператор МЕПСО, цената на Операторот на пазар на електрична енергија МЕМО, како и цената на Дистрибутивниот систем оператор Електродистрибуција“, се истакнува во соопштението.