Свет
СЗО бара државите да даваат повеќе пари за запирање на пандемијата

Директорот на Светската здравствена организација, Тедрос Аданом Гебрејесус, ги повика државите да обезбедат пари за забрзување на производството на средства кои би можеле да помогнат во запирање на пандемијата на коронавирусот.
„Програмата на СЗО ‘АКТ-акцелератор’ веќе поддржува истражувања за потенцијални вакцини, лекови и дијагностика. Меѓутоа, треба побргу да ги засилиме клиничките истражувања, производството, лиценцирањето и регулаторниот капацитет за овие производи да може да допрат до луѓето и да почнат да спасуваат животи“, рече Тедрос.
Според податоците, од вкупно 27.681.757 луѓе кај кои е потврден коронавирусот, досега починале 900.004 пациенти. Од почетокот на пандемијата излекувани се 19.733.597 лица.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Трамп: Нема да го убиеме иранскиот лидер, барем не засега

Претседателот на САД, Доналд Трамп, објави низа пораки на социјалните мрежи во врска со Иран, вклучувајќи една во која бара „безусловно предавање“
Во претходните објави, Трамп изјави дека САД сега имаат целосна контрола врз небото над Иран и тврдеше дека знае каде се наоѓа врховниот лидер Али Хамнеи.
„Нема да го убиеме, барем не засега“, напиша Трамп, сугерирајќи дека целта е позната, но дека тој во моментов не планира напад врз иранскиот лидер.
САД испраќаат повеќе борбени авиони на Блискиот Исток
САД распоредуваат повеќе борбени авиони на Блискиот Исток за да го зајакнат своето воено присуство во регионот, поради ескалацијата на војната меѓу Израел и Иран, објави Ројтерс, повикувајќи се на тројца американски претставници.
Еден од изворите рече дека авионите што се испраќаат вклучуваат Ф-16, Ф-22 и Ф-35.
Двајца други претставници нагласија дека ова е одбранбено распоредување, со оглед на тоа што авионите веќе се користат за соборување беспилотни летала и ракети.
Аксиос: Трамп сериозно размислува за напад врз иранските нуклеарни објекти
Американскиот претседател Доналд Трамп сериозно ја разгледува можноста за американски воен напад врз иранските нуклеарни објекти, вклучувајќи го и подземниот објект за збогатување ураниум во Фордоу, објави Аксиос, повикувајќи се на тројца американски претставници.
Според извештајот, Трамп ќе одржи состанок со својот тим за национална безбедност во 13 часот по локално време денес во таканаречената Соба за ситуации во Белата куќа, каде што се очекува да донесе одлука за политиката на САД кон војната меѓу Израел и Иран.
Свет
Иран со нов воздушен напад врз Израел

Иран вечерва, по локално време, започна нов бран ракетни напади врз Израел, објави иранската државна новинска агенција ИРНА.
Според нив, ракетите биле испукани од различни делови на земјата.
Засега нема дополнителни информации.
Свет
Мерц: Иранскиот режим е ослабен и веројатно нема да се врати на својата поранешна сила

Израелските напади го ослабнаа Иран, а иранскиот режим е малку веројатно да се врати на своето поранешно ниво на моќ, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц.
„Овој режим е многу ослабен и веројатно нема да се врати на својата поранешна сила, што ја прави иднината на земјата неизвесна. Ќе мора да почекаме и да видиме што ќе се случи“, изјави Мерц за германската телевизија Велт на самитот на Г7 во Канада денес.
Тој додаде дека доколку се појави нова тешка политичка ситуација, Германија, Франција и Велика Британија повторно ќе бидат подготвени да понудат дипломатска помош, како што правеа до минатата недела.