Македонија
Регистрирани 140 нови случаи на ковид 19, починаа 4 лица

Во последните 24 часа се направени 1.507 тестирања, а регистрирани се 140 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-43, Куманово-10, Дебар-3, Штип-4, Прилеп-9, Тетово-12, Струга-7, Велес-2, Битола-3, Охрид-1, Кавадарци-3, Гостивар-9, Гевгелија-2, Струмица-11, Крива Паланка-1, Радовиш-2, Кочани-5, Македонски Брод-1, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-3, Кичево-2, Ресен-2.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 134 оздравени пациенит од: Скопје-66, Куманово-8, Штип-9, Прилеп-7, Тетово-8, Велес-3, Битола-3, Охрид-1, Гостивар-8, Гевгелија-1, Струмица-1, Кочани-2 Пробиштип-2, Македонски Брод-3, Пехчево-1, Делчево-5, Свети Николе-5, Неготино-1.
Починати се 4 лица, пациент од Прилеп (71г), од Тетово (73г), од Гостивар (63) и пациент од Скопје (64г).
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 15694, бројката на оздравени пациенти е 13128, на починати е 646, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 1920. Денеска се регистрира еден контролен тест од вчерашната статистика, а според завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
• Скопје 6292, активни 566
• Куманово 1589, активни 215
• Дебар 268, активни 35
• Штип 1204, активни 76
• Прилеп 551, активни 133
• Тетово 1291, активни 120
• Струга 620, активни 60
• Велес 285, активни 16
• Битола 244, активни 47
• Охрид 389, активни 59
• Кавадарци 198, активни 27
• Гостивар 847, активни 97
• Гевгелија 82, активни 47 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 11 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 101, активни 44
• Крива Паланка 80, активни 36
• Радовиш 52, активни 11
• Крушево 18, активни 2
• Кочани 184, активни 50
• Пробиштип 94, активни 17
• Демир Хисар 60, активни 2
• Македонски Брод 84, активни 12
• Пехчево 42, активни 27
• Берово 72, активни 33
• Валандово 11, активни 3
• Виница 91, активни 31
• Делчево 124, активни 82 (27 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 5
• Свети Николе 307, активни 21
• Кичево 290, активни 37
• Ресен 151, активни 4
• Неготино 49, активни 5 (11 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Направените 1507 теста се преку: ИЈЗ-394, ЦЈЗ Скопје-26, Авицена-257, Биотек-179 , МАНУ -133, Жан Митрев (Филип Втори)-191, Систина со PCR метода -157, лабораторија Лаор –68, Судска медицина-22, ЦЈЗ Битола-26, Инфективна клиника-31, ГАК-23, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 164.639 тестирања на ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 78 пациенти. На кислородна поддршка се 39 пациенти, нема пациенти на механичка вентилација.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 4 деца и 4 мајки позитивни на ковид-19, 4 деца и 4 мајки суспектни на вирусот.
Во ГОБ „8 Септември“ примени се 4, а вкупно хоспитализирани се 31 пациент. На респираторна машина се 6 пациенти.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 14, а во болницата во Штип се хоспитализирани 53 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 145, позитивни и сомнителни на ковид-19.
Активни случаи по општини Скопје денеска (по завршување на епидемиолошките анкети, може да има измена во дистрибуцијата по општини во Скопје)
• Чаир – 52
• Гази Баба – 71
• Аеродром – 99
• Карпош – 66
• Центар – 72
• Кисела Вода – 53
• Ѓорче Петров – 33
• Бутел – 36
• Шуто Оризари – 12
• Студеничани – 11
• Сарај – 17
• Арачиново – 8
• Илинден – 11
• Сопиште – 4
• Чучер Сандево – 2
• Петровец – 4
• Зелениково – 1
• Странец – 3
• Нераспределен-11
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Во првото полугодие од годинава бројот на туристи во Македонија е зголемен, вели Мицкоски

Во првото полугодие од 2025 година бројот на туристи во Македонија е поголем за 13,5 отсто споредено со истиот период 2024 година. Бројот на странските туристи е поголем за 19,7 отсто во 2025 година споредено со истиот период 2024 година. Бројот на домашните туристи е помал за 2,5 отсто споредено со истиот период 2024 година, објави македонскиот премиер Христијан Мицкоски на својот профил на Фејсбук.
Тој пишува дека во истиот период од 2025 година има за 8,5 отсто повеќе реализирани ноќевања споредено со првата половина од 2024 година.
-Нашата Македонија е преубава, ако бројот на странските туристи се зголемува со ниво од 20 отсто годишно и наоѓаат причина да ги посетат македонските градови и села, македонските езера и планини, да уживаат во прекрасната македонска традиционална кујна и вина, тогаш тоа е доволна причина сите ние заедно да уживаме во убавините на Македонија, пишува премиерот Мицкоски на Фејсбук.
Македонија
Утре попладне дожд и грмежи

Под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса, утре во попладневните часови ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд и грмежи. Во понеделник се очекува на повеќе места да биде нестабилно со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни со услови за невреме со пообилен пороен дожд, силен ветер и изолирана појава на град.
Како што информират од Управата за хидометеоролошки работи, во вторник ќе има услови за изолирана појава на нестабилност, а од среда ќе преовладува претежно стабилно време со постепен пораст на дневната температура.
Во Скопје, во понеделник времето ќе биде променливо облачно, попладне нестабилно со пороен дожд и грмежи. Во делови од котлината ќе има услови за појава на невреме со силен ветер и изолирана појава на град.
Од УХМР апелираат во случај на појава на електрични празнења гражаните да бидат повнимателни, да не престојуваат на отворен простор и под осамени дрвја.
Македонија
Зајкова: Жичарницата на Водно работела без дозвола додека превезувала деца и туристи, кој ќе одговара за пропустот?

Жичарницата на Водно со месеци работела, додека била опасна за патниците. Синдикатот на ЈСП јасно предупреди дека жичарницата работела без дозвола и не смеела да превезува луѓе, пишува во објава на социјалните мрежи претседателката на Либерално-демократската партија (ЛДП) и пратеничка во македонското Собрание, Моника Зајкова.
„Колку скопјани (возрасни, деца), колку туристи биле изложени на ризик по својот живот во овие месеци?!? Јас лично го носев мојот петгодишен внук до врв на Водно со истата… морници ме лазат од помислата што сѐ можело да се случи на секој од нас. Колку пати мораме да бидеме сведоци на неизмерна штета, па и човечки животи, за конечно да сфатиме дека мораме да ја поставиме безбедноста на прво место? Колку нови трагедии треба да ни покажат дека стандардите не се луксуз, туку се поставени заради безбедност и заштита?“, прашува Зајкова.
Секоја жичарница мора да минува годишен технички преглед и вонредни инспекции пред секоја сезона. Инспекциите мора да ги вршат независни тела (не само ЈСП или оној кој ги стопанисува), а извештаите да бидат јавни и достапни, наведува таа.
Зајкова бара да се воведат современи сензори за вибрации, опуштеност и странични движења кои автоматски го сопираат системот при ризик (како што е пракса во Австрија, Швајцарија и Германија). Овие современи технологии ги спречуваат катастрофите пред да се случат.
„Кривична одговорност за раководството во случај на исклучучени безбедносни уреди, дозволување или игнорирање на функционалните несигурности или работење без дозвола. Ние не сме статистика. Сме луѓе. И не мора да ја плаќаме цената со живот заради импровизации и неспособност“, заклучува претседателката на ЛДП, Зајкова.