Спорт
Заха е јунакот на Палас, го реши Саутемптон за стартни 3 бода
Фудбалерите на Кристал Палас со 1-0 го совладаа Саутемптон во вториот денешен меч од првото коло во Премиерлигата.
Екипата на Рој Хоџсон одигра одличен меч, а јунак на натпреварот беше Вилфред Заха кој беше стрелец на единствениот погодок за стартни 3 бода.
Одбраната на Саутемптон изгуби една топка на својата половина, Таусенд истрча контранапад, го проигра Заха кој рутинирано погоди за 1-0 уште во 13 минута.
До полувремето Палас имаше неколку можности за зголемување на предноста, но благодарение на Алек Мекарти остана 1-0.
Саутемптон беше подобрата екипа во второто полувреме, но немаше завршница на акциите.
Заха во 83 минута погоди и по вторпат, но судијата по консултација со ВАР собата голот го поништи поради офсајд.
Бодовите кај Палас останаа и благодарение на голманот Гуита кој во 95 минута со фантастична одбрана ја зачува својата мрежа по ударот на Ингс.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Вест Хем сериозно преговара со Лопетеги
Хулен Лопетеги го поврзуваа со Милан, но како што сега стојат работите тој ќе го преземе Вест Хем.
Минатата недела италијанските медиуми пишуваа дека Милан постигнал договор со Шпанецот. Оваа одлука на клубот предизвика незадоволство кај навивачите кои покренаа капмања против Лопетеги.
Островските медиуми пренесуваат дека раководството на „чеканите“ е блиску до договор со шпанскиот стручњак кој треба да го наследи Дејвис Мојс.
Инаку, договорот на шкотскиот стручњак истекува на крајот од сезоната и клубот нема да му понуди нов.
И покрај пласманот во четвртфиналето на Лига Европа и моментално деветтото место во Премиер лигата, голем дел од навивачите на Вест Хем не се задоволни од стилот на игра на тимот под команда на Мојс.
Спорт
Чави инстирал капитенот да остане – Серхи Роберто го продолжи договорот
Капитенот на Барселона, Серхи Роберто ќе потпише нов договор со каталонскиот клуб.
Чави Ернандез им порачал на Деко и Џоан Лапорта дека Роберто има огромно влијание врз младите играчи, дека е вистински лидер и дека како играч во ротацијата се уште е од големо значење.
Роберто е дете на клубот, а многумина со години го гледаат надвор од Барселона, но Чави го штити и го сака во тимот. Навивачите и јавноста се поделени, мислат дека е време за промена на генерациите, иако Роберто има намалена улога на теренот како некогаш Џерар Пике и Жорди Алба.
Сепак, Роберто во неколку наврати прифаќаше намалување на платата, практично сега заработува пет пати помалку од пред три години, што е уште една причина за продолжување на договорот.
Роберто е свесен дека нема да игра многу, но не се гледа себеси надвор од Барселона, каде што ја помина целата своја кариера.
Спорт
(Видео) Кошаркарите на Монако се спасија од линч во Истанбул
Монако избори мајсторка која против Фенербахче ќе ја игра на домашен терен. Екипата од Кенежвството славеше во Истанбул со 65:62 во четвртиот натпревар од серијата.
Тешко извојуваната победа кошаркарите на Монако бурно започнаа да ја славата по последниот звук на сирената. Тоа не име=се допадна на домашните навивачи, кои влего на теренот да се пресемтаат со кошаркарите на Монако.
Од трибините фрлаа трврди предмети, а еден навивач со топка го гаѓаше Блосонгејм кој најгласно ја славеше победата.
„Им се извинувам и на Монако и на Евролигата за инцидентот. Ова не е нашата вистинска слика, ова е неприфатливо. Ова не е Фенербахче, ова не сме ние“, рече тренерпт на Фенербаче, Шарунас Јасикевичиус и дополни
„Се обидуваме да изградиме нешто овде… Мора да преземеме одговорност за ова денес.“
A scuffle broke out after the final whistle of GAME 4 in Istanbul 😳 pic.twitter.com/Si2i0v6H5H
— BasketNews (@BasketNews_com) May 3, 2024