Македонија
(Видео) Алтернативата: Го осудуваме албанофопскиот јазик на комитите и бараме да бидат преземени мерки
„Вчера, во центарот на Скопје, се слушнаа фашистички, навредливи и понижувачки повици кон Албанците во нашата земја. Сторители на овие повици беа навивачката група ‘Комити на ФК ‘Вардар’“, изјави Фатон Фазлиу од Алтернативата во Скопје.
Според него, „жално е што овие повици (кои не се случуваат првпат) се случуваат на плоштадот во главниот град, лицата не се анонимни и тие поминуваат без трн во здрава нога: ниту Обвинителството, ниту полицијата ниту судовите не се занимаваат со нив. Од друга страна, Албанците остануваат во затвор, дури и за случајни сообраќајни незгоди“.
„Поаѓајќи од ова, го осудуваме овој јазик на македонските навивачи на ФК ‘Вардар’, очекуваме клубот да се дистанцира од нив, а го повикуваме и Јавното обвинителство да не молчи и да глуми жител на Марс, туку да ги собира видеоснимките од овие сцени и да поднесе тужби за ширење говор на омраза, за повикување за истребување, за понижување и навреда на заедницата. Стравуваме дека ако овие случаи останат неказнети, нивните сторители ќе бидат уште помотивирани и тие многу лесно можe да се претворат во дејства од непожелни размери и со непредвидливи последици.
Aлтернaтивaта ќе го иницира ова прашање и во другите инстанции, но сака да верува дека државните институции ќе бидат поефикасни во оваа задача“, додаде Фазлиу.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Нормализиран сообраќајот на патот Градско – Прилеп
Денеска во 20:25 час, сообраќајот на регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучката Манастирец кој беше пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор е пуштен за сообраќај во целост.
Македонија
Сообраќајка меѓу патничко возило и трактор на регионалниот пат Градско – Прилеп, сообраќајот пренасочен
Денеска околу 19:00 часот поради случена сообраќајна незгода помеѓу патнички автомобил и трактор, регионалниот пат Градско – Прилеп кај клучка Манастирец е пренасочен по регионален пат Р1107 кон Кавадарци, соопшти АМСМ.
Македонија
МВР: Шалтер за „Безбеден град“, граѓаните од утре ќе можат да ги променат контакт-податоците
Од Министерството за внатрешни работи известуваат дека граѓаните од утре (17.12.2025), на посебен шалтер во Одделот за граѓански работи, во зградата на МТВ (приземје) во Скопје, кој ќе работи секој работен ден во периодот од 08:00 до 17:00 часот ќе можат да поднесат барање за промена на контакт-податоците кои ги доставиле при регистрација на возилата, доколку има настаната промена или во случај да имаат добиено известување со неточни податоци.
„Истото, ќе може да се изврши и низ станиците за технички преглед на возила во државата каде што е распореден деташиран референт на МВР.
Исто така, граѓаните по електронска пошта на [email protected] ќе можат да достават писмена забелешка доколку имаат нејаснотии, прашања или проблеми поврзани со функционирањето и примената на системот „Безбеден град“, при што сите доставени забелешки ќе бидат евидентирани и разгледани согласно утврдените процедури, со цел унапредување на работењето и поефикасна комуникација со граѓаните“, соопшти МВР.

