Црна хроника
Во бизарна несреќа загина тинејџер
Седумнаесет годишен радовишанец, загина во петок во бизарна несреќа што се случила во Радовиш, меѓу автомобил и `вилушкар`.
Имено, во петокот околу 22.15 часот, во Радовиш на ул.„Св.Спасо Радовишки“ се случила сообраќајна незгода во која автомобил „фолксваген лупо“ со радовишки регистерски таблички управувано од С. М. (19) од Радовиш, удрило во железен предмет кој во моментот бил подигнат од работна машина „вилушкар“ кој вршел утовар-истовар на стока од паркиран камион „Мерцедес“ со струмички регистерски таблички.
Потоа удрило во паркирана лесна приколка, по што завршило во камен ограден ѕид.
Во незгодата, од здобиените повреди сопатникот Стојан М. (17) од Радовиш починал на пат кон Клиничкиот центар во Штип.
Возачот С.М. се здобил со тешки телесни повреди, додека сопатникот А. Р. (19) од Радовиш се здобил со телесни повреди и се задржани на лекување во Клиничкиот центар во Штип.
Увид на лице место извршиле Истражен судија, Јавен обвинител и екипа од Полициската станица Радовиш./крај/со/бб
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Украдено црквено sвоно од бронза од црквата „Св. Спас“ во с. Орман
Во СВР Скопје вчера во 08:45 часот Љ.Д.(64) од с.Орман, скопско, пријавил дека на 01/02.12.2025 било одземено црквено sвоно од бронза од црквата „Св.Спас“ во с.Орман.
Според МВР, се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Со повреди и опекотини по телото двегодишно дете задржано во штипската болница: повредите ги забележала тетка му
Синоќа во 19:11 часот во СВР Штип, Ј.Д.(28) од Штип пријавила дека на нејзиното двегодишно внуче од брат забележала повреди и опекотини на телото.
Детето било задржано на Детското одделение во Клиничка болница Штип за укажување лекарска помош.
За настанот е известен јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, информираат надлежните.
Црна хроника
Со багер ископал коски, кои личеле на човечки, во кругот на студенстки дом во Скопје
Вчера во 12:03 часот во СВР Скопје, Г.Ј.(39) од Пехчево пријавил дека при извршување работни задачи – ископ со работна машина багер, во близина на стари гробишта во кругот на Студентски дом „Стив Наумов“, на подрачјето на Гази Баба, пронашол коски кои наликувале на човечки.
Полицијата соопшти дека по насоки на јавен обвинител коските биле предадени на вештачење.

