Спорт
Англиските момци на Дортмунд блеснаа во ДФБ купот

Првпат во историјата на Борусија Дортмунд, двајца Англичани беа во стартниот тим, и двајцата постигнаа гол за „милионерите“ да стигнат до 5:0 победа на гости кај Дуизбург во ДФБ купот.
Џејдон Санчо, главната цел на Манчестер јунајтед, го отвори резултатот во 14. минута со гол од пенал, по што во 30-тата минута, Џуд Белингем, 17-годишниот талент кој Дортмунд го купи од Бирмингем ова лето да го постигне својот деби гол за новиот клуб.
Торген Азар во 39. минута зголеми на 0:3, пред во второто полувреме Џовани Рејна и Марко Ројс да се запишат во листата на стрелците.
ДФБ КУП, 1/32 ФИНАЛЕ
Динамо Дрезден – Хамбургер 4:1
РВ Есен – Арминија Билефелд 1:0
Вирцбургер Кикерс – Хановер 2:3
Дуизбург – Борусија Дортмунд 0:5
ДУИЗБУРГ – БОРУСИЈА Д
ДИНАМО ДРЕЗДЕН – ХАМБУРГЕР
ЕСЕН – АРМИНИЈА
ВИРЦБУРГ – ХАНОВЕР
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
Заврши Евробаскетот за Рокас Јокубаитис

Литванската кошаркарска репрезентација доживеа голем удар на Евробаскетот – плејмејкерот Рокас Јокубаитис го заврши учеството на турнирот поради повреда на коленото.
Јокубаитис се повреди вчера против Финска. Веднаш беше изнесен од паркетот, а по дополнителните прегледи, медицинскиот тим на Литванија потврди дека тој повеќе нема да настапува на првенството.
Според информациите што ги објави „Баскетњуз“, талентираниот плејмејкер наскоро ќе отпатува за Минхен, каде што ќе се подложи на дополнителни прегледи во соработка со лекарите на Баерн и ќе се утврди точната сериозност на повредата.
За потсетување Јокубаитис потпиша договор со германскиот клуб ова лето.
Загубата е огромна за Литванците, со оглед на тоа што Јокубаитис е еден од водечките играчи на овој турнир. До повредата, имаше просек од 17,3 поени, 2,5 скока, 8,5 асистенции и 1,5 украдени топки по натпревар.
Foto/ EPA
Спорт
Николас Џексон е играч на Баерн

Фудбалерот на Челзи, Николас Џексон, ќе игра на позајмица во Баерн Минхен до крајот на сезоната, објави германскиот клуб.
Експретот за трансфери, Фабрицио Романо објави дека Баерн има опција да го откупи договорот на 24-годишниот сенегалски напаѓач како дел од договорот со Челзи.
Баерн за заемот на Џексон ќе издвои 15 милиони евра, а доколку сака да го откупи неговиот договор ќе мора да плати 85 милиони евра.
„Николас ќе додаде уште една димензија на нашата напаѓачка игра. Тој покрива повеќе позиции. Тој носи одлична брзина, опасен е пред голот и бара начини да застане зад одбраната за доброто на тимот. Тој е исто така отворен, позитивен човек и нема да има проблем да се вклопи во нашиот тим“, рече спортскиот директор на Баерн, Кристоф Фројнд.
Џексон пристигна во Челзи во јуни 2023 година од Виљареал, а оттогаш одигра вкупно 81 натпревар и постигна 30 гола за англискиот клуб, со кого годинава ги освои титулите на Светското клупско првенство и Конференциската лига.
Во новиот клуб ќе го носи дресот со бројот 11.
Foto/ EPA
Спорт
Гундоган пред трансфер во Галатасарај

Галатасарај е блиску до реализација на нан трансферот на играчот од средниот ред на Манчестер сити, откако Пеп Гвардиола му дозволи на ветеранот да го напушти клубот.
34-годишникот се врати на „Етихад“ минатото лето по престојот во Барселона, но со повторното реконструкција на средниот ред на Гвардиола, Гундоган сега изгледа подготвен за ново заминување, а преговорите со турскиот клуб се во напредна фаза.
„Галатасарај е во сериозни преговори со претставниците на Гундоган и веќе ја испрати својата прва понуда“, објави трансфер инсајдерот Фабрицио Романо.
Гундоган сè уште ја разгледува понудата, но сериозно размислува за преселба во Истанбул.
Преодниот рок во Турција трае до 12 септември.
Гундоган беше еден од клучните играчи на Гвардиола во походот на шампионските титули. Одигра над 350 настапи за време на неговите два мандати во клубот.
Претходно, Галатасарај го ангажираше Виктор Осимен, кој беше платен 75 милиони евра, 33 милиони евра беа издвоени за Угурџан Чакир, а околу 31 милион евра за Вилфрид Синг. Клубот дополнително го засилија Исмали Јакобс, Пжемислав Франковски и Лирој Сане.
Foto/ EPA