Свет
Сателитски снимки над Атлантикот – вторпат во историјата над океанот има пет тропски циклони
Над Атлантскиот Океан во екот на сезоната на урагани во моментот има дури пет тропски циклони. Ова се случува вторпат во историјата.
No, your eyes are not deceiving you. You are seeing, count 'em, FIVE different Tropical Cyclones in the Atlantic at the same time. This is something that has only happened one other time in recorded history! #Sally #Paulette #Rene #Teddy #TD21 (could be #Vicky later today) pic.twitter.com/meUY0BKAxy
— Alex Wallace (@TWCAlexWallace) September 14, 2020
Оваа сателитска фотографија ги прикажува петте тропски циклони кои во моментот се активни над Атлантикот. Од лево најнапред се гледа ураганот Сали над Мексиканскиот Залив, потоа ураганот Полет над Бермудите, остатоците од тропската бура Рене и тропските бури Теди и Вики.
Станува збор за историски момент со оглед на тоа дека последен пат вакво нешто било забележано во 1971 година.
We are issuing advisories on five tropical cyclones over the Atlantic basin. This ties the record for the most number of tropical cyclones in that basin at one time, last set in Sept 1971. See https://t.co/tW4KeFW0gB for the latest updates. #Paulette #Rene #Sally #Teddy #Vicky pic.twitter.com/K32RyJBqbo
— National Hurricane Center (@NHC_Atlantic) September 14, 2020
Веројатно најопасен од овие тропски циклони е ураганот Сали, кој сега му се заканува на југоистокот на САД, предупредуваат американските метеоролошки служби.
Ураганот Полет ги погоди Бермудите рано утрото во понеделникот. Бидејќи тој во моментот се оддалечува од таа локација, последиците се видливи. Силните ветрови, невремето и обилните врнежи од дожд најверојатно ќе продолжат до попладневните часови.
Исто така, се очекува Полет да продолжи да се зајакнува додека се движи кон отворениот Атлантик. Ураганот може да добие статус на голем ураган в среда, со брзина на ветерот од најмалку 111 метар на час.
Сезоната на урагани во Атлантикот обично има во просек има по три големи урагани. Тропската депресија на Рене, која беше тропска бура минатиот викенд, ќе продолжи да ослабува додека минува низ централниот дел на океанот. Се очекува оваа бура да не го погоди копното, а исто така се предвидува дека ќе се распрсне во следните два дена.
Ураганот Сали во моментот се движи на северозапад преку Мексиканскиот Залив. За низинските подрачја пи должината на заливот веќе е во тек задолжителна евакуација.
Она што е опасно за оваа бура е големата количина вода. Националниот центар за урагани соопшти дека количините вода може да бидат опасни за животот и предупредуваат на големи поплави.
Тропската бура Теди моментно се наоѓа во централниот дел на Атлантикот, на 1.000 милји источно од Малите Антили. Теди се очекува да се засили до ураган во следните неколку дена. Доколку се случи тоа, Теди ќе биде осмиот ураган оваа година во сезоната на урагани во Атлантикот, веднаш зад Сали.
До крајот на неделата се предвидува дека Теди ќе стане главниот ураган (категорија три или повисока) со приближувањето кон Бермудите. Прерано е да се каже дали директно ќе ги погоди Бермудите, но со оглед на моментната состојба, тоа ќе биде нешто што ќе се види во наредните денови.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Силен ветер ја урна репликата на Статуата на слободата во Бразил
Реплика на Статуата на слободата во градот Гваиба во јужен Бразил се урна во понеделникот поради силни ветрови.
Градоначалникот на Гваиба, Марсело Мараната, објави дека нема повредени во инцидентот.
In Brazil, a strong wind toppled the Statue of Liberty – the moment of the collapse was captured on video. Fortunately, no one was injured. However, the 25-meter replica of the American sculpture was severely damaged. Workers are currently dismantling the monument. pic.twitter.com/rOrSSibwOz
— Farnak (@Farnakyboy) December 16, 2025
Тој изјави дека градските служби, во соработка со членовите на државната цивилна заштита, веднаш го обезбедиле подрачјето и ги спровеле потребните истраги.
Бразилската агенција за цивилна заштита објави дека налетите на ветерот надминале 90 километри на час, додека предупредувањата се на сила низ целиот регион поради неповолни временски услови.
Фото: депозитфотос
Регион
Самит ЕУ-Западен Балкан без Србија: Вучиќ вели дека никој нема да оди во Брисел
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека нема да оди во Брисел на Самитот ЕУ-Западен Балкан, односно дека Србија нема да има свој претставник.
„За прв пат во последните 13 или 14 години, ниту јас ниту некој друг нема да одиме на таа меѓувладина конференција. Никој нема да ја претставува Република Србија, па затоа Западниот Балкан ќе биде без Република Србија“, изјави претседателот за РТС.
Тој изјави дека донел таква одлука за да не биде обвинет никој друг и дека Владата нема да трпи никаков притисок.
Тој рече дека во претходните 24 часа разговарал со голем број европски лидери.
„Искрено сум благодарен за почитта што Урсула фон дер Лајен и Антонио Кошта ја покажаа кон Србија. Исто така, сум благодарен и на претседателот Макрон, со кого разговарав синоќа. Сметам дека сè што правам, го правам за граѓаните на Србија. Без оглед на тоа што знам дека оваа одлука ќе предизвика критики, и во Брисел и од оние кои секогаш критикуваат, дури и кога не знаат точно што критикуваат. Верувам дека со ова ја штитам Република Србија и нејзините интереси, бидејќи мора да покажеме што сме направиле“, рече Вучиќ.
Тој повтори дека Србија ќе го продолжи својот европски пат додека тој е претседател, а потоа, како што рече, ќе видиме, пренесува РТС.
Фото: депозитфотос
Свет
Сијарто предупредува: На економијата на ЕУ ѝ се заканува колапс во случај на конфискација на руски средства
Конфискацијата на замрзнатите руски резерви може да предизвика колапс на економијата на Европската Унија, изјави унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто.
„Руската национална банка ja чува својата имовина и средства во Белгија.
Сосема е очигледно дека ако ЕУ ги конфискува своите резерви, глобалната доверба во белгискиот пазар ќе исчезне, а преку него и целиот финансиски пазар на ЕУ.
Ако довербата во европската инвестициска средина исчезне, тоа може да доведе до колапс на европската економија“, рече тој во програмата „Час Правде“.
Рускиот претседател Владимир Путин и унгарскиот премиер Виктор Орбан претходно потврдија за време на разговорите дека таков чекор од Брисел нема да помине без одговор од Москва.
Ова ќе зависи од ставот на поединечните земји во Европската Унија, истакна Сијарто.
„Конфискацијата на руски државен имот е една од најсериозните ескалации на ризикот во последните четири години, а запленувањето на резервите од страна на ЕУ е решение кое се заканува со ескалација на војната“, нагласи дипломатот.
И покрај фактот дека се чини дека дипломатското решение за украинската криза се приближува, Европејците всушност се обидуваат да ја продолжат и влошат војната со целосно непотребно присвојување на руски средства, резимираше тој.
На 12 декември, Советот на Европската Унија усвои одлука за трајно замрзнување на суверените руски средства, пренесува Спутник.
Европската комисија се надева дека на самитот на 18 и 19 декември ќе обезбеди одлука од земјите на ЕУ за експропријација на 210 милијарди евра руски средства, од кои 185 милијарди евра се блокирани на платформата „Јуроклир“ во Белгија.
Фото: депозитфотос

