Вести
Утврден идентитетот на убиецот на американските новинари Фоли и Сотлоф

Утврден е идентитетот на убиецот на американските новинари Џејмс Фоли и Стивен Сотлоф, за чии погубувања со отсекување на главите одговорноста ја преземаа џихадистите од Исламската држава, изјави Директорот на американското Федерално биро за истраги (FBI), Џејмс Коми.
„Го утврдивме неговиот идентитет“, изјави директорот на американската сојузна полиција одговарајќи на новинарско прашање во идентитетот на убиецот кој говори на видео снимката со изразен британски акцент а чие лице беше прекриено со маска, пренесе AFP.Коми не сакал да го открие името ниту националноста на убиецот на американските новинари Џејмс Фоли грабната во пролетта 2012-та и Стивен Сотлоф грабнат во август 2013 година беа грабнати од исламистите во близина на сириско-турската граница. Терористичката групација Исламска држава ја презема одговорноста за обезглавувањето на Фоли на 19-ти август и неговиот сонародник Сотлоф на 3-ти септември.Британскиот амбасадор во Вашингтон изјави кон крајот на август дека идентификацијата ана убиецот на американскиот новинар е при крај. Лондонскиот магазин The Times кон крајот на август пишуваше дека експертите на британското разузнавање од агенциите MI5 и MI6 го идентификувале припадникот на џихадистичкото движење Исламска држава кој во Ирак пред видео камера му ја отсече главата на американскиот новинар Џејмс Фоли. Во видео поставено на интернет припадник на Исламската држава кој се претстави како „Џон“, и според лингвистите заканите за САД ги упати на англиски јазик со акцент типичен за јужна Англија, му ја отсече главата на американскиот новинар Џејмс Фоли кој снимаше видео материјали за агенцијата AFP од конфликтот во Сирија. Истотот на видоеснимката до погуибувањето на Стивен Сотлоф постојано му се закануваше на американскиот претседател Барак Обама доколку ги продолжи нападите врз џихадистите во Ирак.Британските медиуми пишуваа дека кругот осомничени е сведен на три лица за кои се знае дека го напуштиле Лондон и им се придружиле на радикалните сунитски исламисти познати како „The Beatles“, а The Times објави дека споменатите британски разузнавачки служби и Скотланд јард, помогнати со поголем тим од американското Федерално биро за истраги (FBI) кој допатува во Лондон, како „клучен осомничен“ за свирепото убиство го означиле Абдел-Маџед Абдел Бари.Овој 23-годишник, кој порано бил познат рап изведувач под името Џин Матик, чија музика често била емитувана на британското BBC Radio 1, пред една година живеел во луксузна вила во западен Лондон чија вредност е проценета на милион фунти. Изјавувајќи дека „остава сѐ поради Алах“ тој меѓу радикалите е познат како „Џихади Џон“, а лицето кое го обезглавува новинарот Фоли на снимката исто така се претставува како „Џон“. Абдел Бари, инаку, претходно повеќепати на Twitter објавувал за своите „воени подвизи“, а неодамна на микроблогот објавил и и своја фотографија на којашто во рацете држи отсечена глава на сириски војник.„Се враќам Обама, се враќам поради твојата дрска надворешна политика кон Исламската држава“, изјави маскираниот маж на видеоснимката од погубувањето на Сотлоф, по што се закани со егзекуција на уште еден заложник, Бртианецот Дејвидт Коуторн Хејнс, хуманитарен активист. Тој на ист начин беше свирепо убиен според видеоснимката објавена на 13-ти септември./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.