Свет
САД издадоа сериозно предупредување за патувања во Кина и Хонг Конг
САД во вторникот издадоа ново предупредување за патувањата во Кина и Хонг Конг наведувајќи го ризикот од произволно притворање и произволно спроведување на локалните закони, пренесува „Њујорк пост“.
Советодавното предупредување веројатно ќе ги зголеми и така високите тензиите меѓу САД и Кина што избувнаа кога Пекинг во јуни наметна нов строг закон за национална безбедност во Хонг Конг, што веќе поттикна низа казнени мерки од САД.
Новото официјално соопштение ги предупредува американските граѓани дека Кина воведува произволно притворање и забрани за излез за да принуди соработка со истраги, да изврши притисок врз членовите на семејството на притворениот да се вратат во Кина од странство, да влијае врз граѓански спорови и да добие џокер за преговори над странските влади.
„Американските граѓани што патуваат или престојуваат во Кина или Хонг Конг може да бидат притворени и да им биде оневозможен пристап до конзуларните служби на САД или со информации за нивното наводно злосторство. Американските граѓани може да бидат подложени на продолжени испрашувања и продолжен притвор, без соодветна законска постапка“, се вели во соопштението.
„Во Хонг Конг, Кина еднострано и произволно ја спроведува моќта на полицијата и безбедноста“, се вели во соопштението додавајќи дека новото законодавство опфаќа и прекршоци извршени од жители што не се жители на Хонг Конг или организации надвор од Хонг Конг подложувајќи ги американски граѓани кои јавно ја критикувале Кина на зголемен ризик од апсење, притвор, протерување или гонење.
Американските граѓани во Хонг Конг се сериозно предупредени да бидат свесни за нивната околина и да ги избегнуваат демонстрациите.
Минатиот месец администрацијата на Трамп суспендира или раскина три билатерални договори со Хонг Конг, кои опфаќаа екстрадиција и даночни ослободувања, наведувајќи го прекршувањето на заложбата на Пекинг за Хонг Конг да ја задржи широката автономија 50 години по предавањето на поранешната британска колонија во 1997 година на Кина.
Другите западни нации исто така ги суспендираа своите договори за екстрадиција со Хонг Конг по усвојувањето на законот за национална безбедност.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
„Си-Ен-Ен“ објави: Американската ФДА разгледува воведување највисоко предупредување за вакцините против ковид-19
Американската Агенција за храна и лекови (ФДА) планира да воведе т.н. „блек бокс“ предупредување, највисоко ниво на безбедносно предупредување, за вакцините против ковид-19, објави Си-Ен-Ен.
Станува збор за предупредување кое се користи за истакнување на сериозни ризици, животозагрозувачки и трајни несакани ефекти, кои мора да се земат предвид во однос на придобивките од вакцината. Планот сè уште не е конечен и не е јасно дали ќе се однесува само на мРНА вакцините или на сите вакцини против ковид-19, ниту дали ќе ги опфати сите возрасни групи.
Американското Министерство за здравство и социјални услуги (ХХС) не го потврди планот, наведувајќи дека без официјална објава од ФДА, станува збор за шпекулации.
Според научни проценки што ги пренесува Си-Ен-Ен, вакцините против ковид-19 во првата година од примената спречиле околу 20 милиони смртни случаи во светот. Податоците на американскиот ЦДЦ покажуваат дека вакцинираните деца во сезоната 2024/2025 имале значително помал ризик од итни лекарски интервенции поради ковид-19.
ФДА претходно побара проширување на предупредувањата за ризик од миокардитис и перикардитис, ретки воспаленија на срцето, кои најчесто се јавувале кај млади мажи по мРНА вакцините. Според ЦДЦ, повеќето случаи завршиле со закрепнување, без смртни исходи.
Повеќе експерти предупредија дека воведување на „блек бокс“ предупредување без јавно достапни докази може да ја наруши довербата во вакцините. Од ФДА и HHS ги отфрлија тврдењата дека процесот е политички мотивиран.
Конечната одлука на ФДА се очекува до крајот на годината, но плановите сè уште може да се променат.
Фото: Депозитфотос
Свет
Будимпешта обвинува: Со одлуката за рускиот имот завршува владеењето на правото во ЕУ
Унгарија упати остри критики за гласањето во Брисел за замрзнатиот руски имот, оценувајќи дека со тоа се кршат темелните европски договори и принципот на едногласност. Од Будимпешта порачаа дека ваквата одлука значи крај на владеењето на правото во Европската Унија.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан на социјалната мрежа „Икс“ напиша дека „Брисел денес го преминува Рубикон“, наведувајќи дека со писменото гласање се укинува барањето за едногласност при одлучувањето за замрзнатите руски средства. Според него, со оваа одлука европските лидери се ставаат над правилата и завршува владеењето на правото во ЕУ.
Орбан ја обвини Европската комисија дека ги крши европските договори за да продолжи, како што рече, војната во Украина, оценувајќи дека во Унијата наместо владеење на правото настанува „владеење на бирократи“.
Свет
Кремљ: Не сме ги виделе новите американски предлози, можеби нема да ни се допаднат
Советникот на рускиот претседател за надворешна политика, Јуриј Ушаков, изјави дека Москва сè уште не ги видела ревидираните американски предлози по последните разговори со Украина, додавајќи дека е можно дел од нив да не ѝ се допаднат на Русија.
Украинскиот претседател Володимир Зеленски претходно изјави дека Киев се усогласил околу клучни точки од планот за повоена обнова на Украина, по разговорите со зетот на американскиот претседател Доналд Трамп, Џаред Кушнер, и други високи претставници. Зеленски наведе дека работата на „економскиот документ“ е во тек и дека Украина е целосно усогласена со американската страна.
САД, според текстот, планираат формирање инвестициски фонд во Украина, кој би ги опфатил и секторите за ретки метали, како дел од повоената обнова.
Москва, исто така, сигнализирала интерес за странски инвестиции, откако „Волстрит журнал“ објави дека во американскиот мировен план има предлози и за вложувања во руски ретки минерали и енергетика. Ушаков изјави дека Русија сè уште не ги видела новите предлози и навести дека Москва можеби нема позитивно да ги прифати.
„Не сме ги виделе ревидираните верзии на американските нацрти. Кога ќе ги видиме, можеби многу работи нема да ни се допаднат“, изјави Ушаков.
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави дека повеќе нема „недоразбирања“ со Вашингтон околу Украина, но додаде дека Москва сака евентуалниот мировен план да вклучува колективни безбедносни гаранции за сите страни.

