Црна хроника
Кољо Американецот осуден на 18 години затвор
Кољо Николовски, познат како Кољо Американецот осуден е на 18 години затвор за измама, мито и перење пари во случајот за пропаста на Хрватската сојузна штедна задруга од Кливленд.
Во овој случај парите ги изгубија стотици штедачи, воглавно хрватски иселеници, јавија во недела локалните медиуми во американската држава Охајо, пренесува Хина.
Хрватската штедна задруга Сент Паул основана во 1943 година, пропадна пред две години, а со неа и 238 милиони долари заштеда на повеќе од пет илјади членови на задругата.
Судијата во Кливленд го прогласи Николовски за виновен за измама и го опиша како „насилник кој никогаш во животот не работел“, јавуваат локалните медиуми.
Николовски емигрираше од Македонија во САД во 1992 година, а во 2004 година доби американско државјанство. Заедно со Николовски за пропаст на Хрватската штедна задруга е обвинет и поранешниот управител на таа задруга Антони Рагуз (52) кој во септември 2011 година призна проневера на повеќе од 70 милиони долари што довело и до пропаст на штедилницата.
„Станува збор за веројатно најголемиот банкрот на некоја штедилница во американската историја“ оценија американските обвинители.
Обвинителството го опиша Рагуз како водач на измамата која траела повеќе од една деценија, а Николовски бил негов соработник.
Рагуз на повеќе од триста штедачи им одобрил илјадници лажни заеми во вредност од 70 милиони долари. Признал дека поделил милиони долари во заеми без никакво осигурување, и со тоа од корисниците на штедилницата од 2002 до 2010 примил најмалку милион долари во подароци.
Сојузните осигурителни компании им вратиле полни износи на заштеда на повеќе од пет илјади штедачи.
Уште во март 2010 година, само месец дена пред затворањето на банкротираната штедилница, Рагуз на акционерите им велел дека штедилницата работи одлично од крајот на 2009 година располага со имот од 238 милиони долари.
Цело време, како што тврдат сојузните истражни органи, Николовски и Рагуз се бавеле со измами и со лажни заеми краделе од штедилницата милиони долари.
Повеќе од половина од парите отишле на прекуморски банкарски сметки и на скапи автомобили, но на голем дел од парите сè уште не може да им се влезе во трага./крај/хи/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Црна хроника
Со возилото удрил во заштитна ограда а возел со 1,98 промили алкохол во крвта: уапсен кичевец
Вчера во 18:25 часот на магистралниот пат Охрид-Кичево, кај месноста „Копачка“, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода О.М.(63) од Кичево.
Претходно, тој со патничко возило „пежо“ со кичевски регистарски ознаки, кое го управувал, излетал од патот и удрил во заштитна ограда, а при преземање мерки во врска со незгодата е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 1,98 промили алкохол во крвта.
По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, информира МВР.
Црна хроника
Кривична против поранешниот градоначалник на Демир Капија и за ексдиректорот на „Бошава“: ќе одговараат за загадување на животната средина и природата
ОВР Неготино, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против Л.П.(42) од Демир Капија, П.Ј.(50) од Неготино, против општина Демир Капија и јавно претпријатие за комунални работи „Бошава“ од Демир Капија поради постоење основи за сомнение дека сториле кривично дело „загадување на животната средина и природата“ по член 218 од Кривичниот законик.
Во периодот од јуни до октомври 2025 година, Л.П. во својство на поранешен градоначалник на општина Демир Капија и П.Ј., во својство на поранешен директор на јавното претпријатие за комунални работи „Бошава“, овозможиле инсталирање на несоодветна електрична и водоводна мрежа на претходно избушен бунар за вода за пиење во село Прждево, демиркаписко, без да поседуваат документација за техничка исправност на бунарот. Во наведениот период во повеќе наврати овозможиле дотур на водата до резервоарот за вода за пиење и со тоа ги занемариле законските обврски и дозволиле бунарот да биде слободно достапен на жителите на село Прждево, со што придонеле за настанување на состојба на контаминација на водата за пиење, која била закана по здравјето на околу 120 жители на селото.
Црна хроника
Тепачка на паркинг-простор во скопски Аеродром
Денеска околу 02:25 часот во СВР Скопје, Ј.Ј.(42) од Пробиштип пријави дека на паркинг простор на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, по претходна расправија, бил физички нападнат од О.А.(37) од Скопје.
По целосно документирање на случајот, ќе следува соодветен поднесок, соопшти полицијата.

