Контакт

Вести

Обама: Асад мора да замине, но мора да се земат предвид интересите на Русија и Иран

Објавено пред

Американскиот претседател Барак Обама повтори во петокот дека неговиот сириски колега Башар ал-Асад мора да замине од власта, имајќи предвид дека иднината на сирискиот претседател е едно од прашањата околу кое постојат несогласувања меѓу Вашингтон и Москва во изнаоѓањето решение за тамошната војна, но и оти во Сирија е неопходно да за „изгради мост“ за политичката транзиција, во којашто меѓу другото ќе се земат предвид и интересите на сојузниците на Асад, односно Русија и Иран, а исто така објасни и дека ситуацијата во Либија можеше да прерасне во криза слична на сириската.

dobivaj vesti na viber

Истовремено додека претставниците на големите сили во петокот вечерта по средноевропско време се собираа во Обединетите нации во Њујорк за да разговараат за евентуалниот мировен план за Сирија, американскиот претседател Барак Обама оцени дека мирот во оваа земја опустошена со четиригодишната војна нема да биде постигнат „без легитимна влада“, во текот на својата годишна прес-конференција во Белата куќа.„Мислам дека (сирискиот претседател Башар ал-) Асад мора да замине за да се запре крвопролевањето во земјата и за сите заинтересирани страни да можат да напредуваат. Го загуби секој легитимитет во очите на својата земја. Не можете да ја запрете граѓанската војна сé додека немате влада којашто мнозинството во земјата ја смета легитимна“, изјави американскиот претседател без да прецизира во кој момент од евентуалната политичка транзиција, актуелниот претседател треба да замине од власта.Сепак, според Обама, сега постојат можности да се „изгради мост, да се организира политичката транзиција на власта којашто ќе ги земе предвид интересите на сојузниците на Асад, интересите на Русите, Иранците“. Покрај тоа, американскиот челник укажа и на неопходноста од заштитата на интересите на алавитите, верското малцинство кое принадлежи на шиитскиот ислам од коешто потекнува претседателот Асад. Процесот на политичката транзиција на власта, додаде претседателот на САД, мора да претпочита зачувување на Сирија како унитарна држава, како и прекин на огнот „кој нема да биде идеален, но ќе овозможи концентрирање на главното прашање – уништувањето на Даеш (арапскиот акроним за Исламска држава во Ирак и Левантот – ISIL/ISIS – сега само Исламска држава – IS) и нивните сојузници во регионот“.Истовремено агенциите објавија дека светските сили, меѓу кои и САД и Русија, се договориле во Советот за безбедност на ОН за текстот на резолуцијата со кој се потврдува руско-американскиот мировен план за Сирија, според дипломатите. И покрај тоа што политичката иднина на сирискиот претседател Асад и натаму е главното прашање на несогласувањето меѓу Американците и Русите, американскиот државен секретар Џон Кери последните седмици беше подложен на критики поради ублажувањето на ставот и приближувањето до Москва имајќи предвид дека повеќе не се бара моментално заминување на Башар ал-Асад. Москва инсистира за неговата судбина да одлучуваат само сириските избирачи. Обама на својата последна годишна прес-конференцијата како станар на Белата куќа во петокот порача и дека ситуацијата во Либија би можела да се движи кон состојба слична на актуелната сириска криза, осврнувајќи се дејствијата на западната коалиција во Либија во 2011 година.„Либија е алтернативната верзија на Сирија, во одредена смисла“, рече американскиот претседател. Според Обама, кога меѓународната коалиција се вмеша во конфликтот „таму веќе се водеше граѓанска војна“. Западните сили, со мандатот на ОН „се обидуваа да спречат уште поголема хуманитарна катастрофа“.Обама притоа истакнаа дека оние кои сега зборуваат за поддршката на убиениот либиски челник Муамер ел-Гадафи „заборават дека тој ја загуби легитимноста и можевме да имаме уште една Сирија“./крај/мф/сн

Извор: Макфакс

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија46 минути

Борисов: Зборовите на Мицкоски се апсолутна провокација

Зборовите на македонскиот премиер Христијан Мицкоски се апсолутна провокација и на истите не треба да им се обрнува внимание. Ова...

Македонија4 часа

За една недела пријавени 2.880 случаи на заболени од грип

Од 3 до 9 февруари пријавени се 2.880 случаи на зболени од грип и респираторни заболувања слични на грипот, што...

Македонија5 часа

АХВ изрече глоби во вкупна вредност од 82 илјади евра за големите синџир-маркети

Инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ), неделава, на целата територија во државава, спроведоа 124 вонредни контроли кај...

Македонија5 часа

СДСМ е против промена на државниот грб

СДСМ е против промена на државниот грб кој го носи континуитетот на НОБ, изјави претседтелот на партијата, Венко Филипче. „Ние...

Македонија6 часа

Уапсени кумановец и тетовец во големата полициска акција: дрогата требало да заврши во Турција

Во заедничка акција на Бирото за јавна безбедност при МВР и на Царинската управа, вчера, на граничниот премин Богородица беа...

Македонија6 часа

Мисајловски во Брисел потврди дека Македонија ќе продолжи да вложува 2 отсто од БДП за НАТО

Денеска во седиштето на НАТО во Брисел, министерот за одбрана Владо Мисајловски присуствуваше и се обрати на состанокот на Северноатлантскиот...

Топ8 часа

(Видео) Уапсена 22-годишна скопјанка: при претрес во нејзиниот дом пронајдена марихуана

Вчера во 22.40 часот на подрачјето на Чаир, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 22-годишната В.К. од...

Европа10 часа

Европа и сојузниците на Киев бесни поради потегот на Трамп: „Ова е изневерување и предавство“

Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, долгиот и...

Свет11 часа

Аналитичар и уредник во Би-би-си: Путин на многу начини веќе го постигна она што го сака

Главниот аналитичар и уредник на Би-би-си за Русија напиша анализа откога американскиот претседател Доналд Трамп објави дека разговарал со Владимир...

Европа11 часа

Европските сили: Мора да учествуваме во сите идни преговори за судбината на Украина

Европските сили, вклучувајќи ги Велика Британија, Франција и Германија, вчера рекоа дека мора да учествуваат во какви било идни преговори...

Свет11 часа

Жестока закана на Израел: Ако заложниците не бидат ослободени до сабота, портите на пеколот ќе се отворат

Израел се закани дека ќе почне нова војна во Појасот Газа, што ќе овозможи спроведување на планот на Доналд Трамп...

Свет11 часа

Трамп најави дека ќе се сретне лично со Путин, објави и каде

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека ќе се сретне со својот руски колега Владимир Путин во Саудиска Арабија откога во...

Свет11 часа

Објавата на Трамп за разговорот со Путин менува сè, Европа во шок

Американскиот претседател Доналд Трамп најави итен почеток на мировните преговори меѓу Русија и Украина по, како што рече, долгиот и...

Македонија21 час

МНР на Бугарија со длабоко разочарување: Изјавите на Мицкоски ги поткопуваат напорите за градење добрососедски односи и европска интеграција

Министерството за надворешни работи на Бугарија, се огласи по повод изјавите на премиерот Христијан Мицкоски. Тој рече дека „нема потреба...

Македонија1 ден

Мицкоски: Коцевски не ја оправда довербата, доблесно ќе биде да се повлече

Премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарското прашање за разрешување на Државниот јавен обвинител, истакна дека Љупчо Коцевски, имал доволно можност...

Македонија1 ден

Доживотен затвор за Фадил Зејнелов, убиецот на Емилија Пешева

Доживотен затвор доби Фадил Зејнелов, 33-годишниот убиец на 29-годишната Емилија Пешева од Штип. Пред два дена сега осудениот Зејнелов на...

Македонија1 ден

(Видео) Пратениците од власта не се откажаа од енормните суми за патни трошоци, рече Мециновиќ

Пратениците од партиите на власт не го поддржаа законот за ограничување на патните трошоци, што го предложи партијата Левица. Пратеникот...

Македонија1 ден

ЗНАМ тврди дека не наплаќа патни трошоци и не го поддржа предлогот на партијата Левица за нивно намалување

Пратениците од ЗНАМ ниту досега наплаќале, ниту ќе наплаќаат патни трошоци. Само еден колега од пратеничката група за седум месеци...

Македонија1 ден

Тања Чачарова-Илиевска не е спремна да зборува за став за интерпелацијата, но забележала дека се бара колективна одговорност

Тања Чачарова-Илиевска, членка на Судскиот совет, денес не беше спремна да зборува за поднесената интерпелација за петтемина членови на Судскиот...

Македонија1 ден

Јавниот обвинител Коцевски со месеци штити поранешни функционери, изјави Петрушевски

Јавниот обвинител Љупчо Коцевски со месеци штити поранешни функционери на Социјалдемократскиот сојуз, Обвинителството го претвори во нивна филијала, изјави пратеникот...