Македонија
(Видео) Апасиев: Му се закануваат на моето семејство

Лидерот на Левицата, Димитар Апасиев, вели дека добива закани за него и за неговото семејство по пишувањето на фејсбук-статусите за кои во моменот има отворен предмет во Јавното обвинителство.
Апасиев денеска пред Обвинителството изјави дека тој во неговите пораки до јавноста секогаш се држи до практиката на Европскиот суд за човекови права и ќе продолжи тоа да го прави и понатаму, односно нема да престане со фејсбук-статусите, кои ја скандализираат јавноста.
Мерсиха Смаиловиќ и Тања Милевска преку Хелсиншкиот комитет се поднесителите на пријавата против Апасиев.
Скопското Обвинителство отвори предмет за фејсбук-статусите на претседателот на Левицата, Димитар Апасиев, објавени ноќта по парламентарните избори, но и за други спорни објави за кои пристигнале пријави. Предметот се однесува на ширење расна и етничка нетрпеливост преку електронски систем.
„ОЈО Скопје, по пристигнато известување од Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР, отвори предмет за статус на социјалната мрежа ‘Фејсбук’, објавен од лидер на политичка партија. Истовремено, за истото лице пристигнаа две кривични пријави, поднесени од здружението на граѓани, Хелсиншкиот комитет за човекови права, и две физички лица, а се однесуваат на друг статус објавен на социјалните мрежи ‘Фејсбук’ и ‘Твитер’“, соопшти тогаш Обвинителството.
Во статусот за кој од МВР го известиле Обвинителството, претседателот на Левицата напиша: „Џабе ни се лижете. Сите ќе ве стреламе“.
Ваквиот статус следуваше кога беше извесно дека тој како носител на листата во Изборната единица 1 влегува во новиот парламентарен состав.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Македонија
Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по наместа влажни коловози.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони. Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.
Македонија
Денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд

Времето денеска претежно облачно и посвежо, со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни со услови за појава на ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 9 до 18, а максималната ќе достигне од 14 до 22 степени.
Во Скопје, променливо облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 17, а максималната ќе достигне до 21 степени
Под влијание на циклонска активност до понеделник времето ќе биде променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд. Локално врнежите ќе бидат поројни и пообилни (над 20 l/m²). Потоа во следните два дена времето ќе биде претежно стабилно. Дневната температура во текот на прогнозираниот период ќе биде за 8 до 10 степени пониска во однос на претходниот.
Македонија
Пронајдени двете девојки од Португалија кои се изгубија во реонот на Водно – Матка

Денес околу 17.00 часот од страна на Центарот за управување со кризи бевме известени за две изгубени туристки во реонот од врвот на Водно кон Матка, извести директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.
Како што информираше Ангелов, Дирекцијата за заштита и спасување итно извршила мобилизација на тимот за спасување на планина од Тетово и истиот веднаш бил упатен во пребарување на теренот.
Во 18.40 двете девојки од Португалија беа пронајдени и однесени до ресторанот Матка каде ги пречека Конзулот на Република Португалија, додава Ангелов.