Европа
(Видео) Китови убијци нападнаа бродови во Шпанија
Орките, познати и како китови убијци, во последните две недели нападнаа четири едрилици покрај северниот брег на Шпанија предизвикувајќи вознемиреност кај туристите.
Ноќта од понеделникот кон вторникпт, со разлика од само три часа, два едрилици мораа да побараат помош од брегот кога црни животни, долги меѓу 7 и 8 метри и со тежина од пет тони, се залетаа во трупот на бродот. И во двата случаја орките го уништиле кормилото, па едрилиците на отворено море чекале спасувачките бродови да ги извлечат на пристаништето.
Двата напада се случиле покрај брегот на Галиција, провинција во северна Шпанија.
Првиот напад следувал бргу по полноќ кога двајца Французи на рекреативната едрилица „Амадеус“ почувствувале силни удари. Во темница орките нуркале и удриле во едрилицата, осветлена со фенерче од еден од членовите на екипажот.
Едрилицата била на пат од градот Сантандер кон Коруна, но кога кормилото откажало под силата на ударите, патувањето било прекинато и бродот на Црвениот крст ја одвлекол едрилицата до пристаништето на блиското место.
Три часа подоцна, службата за спасување добила нов повик, овој пат двајца Шпанци биле нападнати од јато орки и им било уништено кормилото.
Velero Urki I informó a las 3.07h que estaba siendo atacado por un grupo de orcas; le rompieron el timón y solicitó remolque. Procedía de Finisterre con destino a Gijón con 2 tripulantes españoles. Se movilizó la LS Langosteira de #CruzRoja que lo remolcó hasta Cedeira pic.twitter.com/2lKKQMOQd5
— SALVAMENTO MARÍTIMO (@salvamentogob) September 14, 2020
Os mostramos otro vídeo grabado por el velero Urki I de madrugada. La emergencia sucedió 4 millas al NW de Cedeira #SeguridadNáutica pic.twitter.com/NbzjlZw0s3
— SALVAMENTO MARÍTIMO (@salvamentogob) September 14, 2020
Otro vídeo del ataque de las orcas al Urki I #SeguridadNáutica pic.twitter.com/unWxcr894j
— SALVAMENTO MARÍTIMO (@salvamentogob) September 14, 2020
Минатата недела две други едрилици доживеале слична ситуација во тамошните води, но никој од екипажот не бил повреден.
„Бев исплашен“, рече 65-годишниот Марк Смит, Британец, кој пловел со својата пријателка Каролин кога биле нападнати. На едрилицата долга 13 метри тој првин почувствувал удар, а потоа му откажало кормилото.
„Видовме две орки како пливаат покрај едрилицата. Мислев дека судирот се случил случајно, но тогаш орките удрија во едрилицата со главите“, рече тој и додаде:
„Се плашев дека ќе паднеме во морето и дека орките ќе ја потопат едрилицата.
Многумина се прашуваат дали орките напаѓаат луѓе и дали може да им го одземат животот.
„Нема сознанија за напади врз луѓе“, тврди морскиот биолог Бруно Дијаз, директор на истражувачкиот центар во Понтеведра. Тој додаде дека вообичаено е во овој период од годината да се гледаат орки во водите на Галиција.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Европа
(Видео) Украинските дронови уништија „неуништливи“ руски С-400
Украинските оператори на беспилотни летала уништија два руски ракетни системи С-400 Триумф заедно со нивната муниција во рускиот регион Белгород, потврди украинскиот Генералштаб. Нападот, кој се случи на 14 декември, го изврши 15-та одделна артилериска извидничка бригада, а целата операција беше снимена, објави „Евромајдан прес“.
Ваквите напади се дел од пошироката украинска стратегија за ослабување на руската воздушна одбрана, како на руска територија, така и на окупираните територии. Системот С-400 Триумф, модернизиран наследник на советскиот С-300, е клучна компонента на слоевитата мрежа за воздушна одбрана на Русија. Русија повремено го користи и за напад на копнени цели, насочувајќи се кон украински градови. Затоа, уништувањето на овие системи се смета за голем губиток за руските сили.
Според извештајот на порталот Militarnyi, лансирните системи С-400 биле уништени додека биле во движење. Објавените снимки прикажуваат руски возила за противвоздушна одбрана како се движат по земјен пат, веројатно за време на промена на борбената позиција.
Европа
Во борбена мисија загина екипажот на украински хеликоптер Ми-24
Екипажот на хеликоптер Ми-24 од 12-та посебна воена авијациска бригада „Генерал корнет Виктор Павленко“ загина за време на борбена мисија, објави бригадата на социјалните мрежи, како што пренесе Правда.
„Екипажот на хеликоптерот Ми-24 загина при извршување на борбена мисија. Ова е непоправлива загуба за авијацијата, за државата и за семејствата кои ги чекаа своите најблиски дома“, се вели во соопштението.
Околностите под кои загина екипажот не се откриени.
12-та посебна воена авијациска бригада „Генерал корнет Виктор Павленко“ е единица на украинската воена авијација која се наоѓа во градот Нови Калинив, регионот Лавов. Таа е директно подредена на Командата на копнените сили на вооружените сили на Украина.
Европа
Орбан: Ароганцијата на Брисел е на врвот
Унгарскиот премиер Виктор Орбан остро ги коментираше најновите случувања во Брисел, опишувајќи ги со зборовите: „Ароганцијата на Брисел е на врвот“. Во објава на социјалните мрежи, Орбан го критикуваше ставот на Европската Унија кон пристапувањето на Србија, а воедно рече дека Унгарија нема да учествува во финансирањето на Украина и е подготвена да остане во Брисел „колку што е потребно“ за да ја брани својата позиција, објави hirado.hu.
Критики за ставот кон Србија
Орбан се осврна на самитот ЕУ-Западен Балкан одржан во среда, кој, како што рече, бил подготвен на таков начин што српскиот претседател дури и не дошол. Според него, ова не е изненадувачки бидејќи Србија, која е кандидат за членство од 2012 година, е „заглавена со години“ без конкретен напредок во пристапувањето, со изговори за проблеми со владеењето на правото. Унгарскиот премиер направи паралела со Украина, каде што претставниците на Брисел, како што забележа, не нашле слични пречки.
„Претседателот Вучиќ постапи правилно што не учествуваше во оваа претстава. И е срам за Унијата и бриселските бирократи кои го свикаа самитот што значаен дел од земјите-членки дури и не дојдоа во Брисел вчера“, рече Орбан.
„Нема да учествуваме во финансирањето на војната“
Коментирајќи ги денешните настани, тој нагласи дека ароганцијата продолжува. „Бирократите се колнат дека не можеме да си одиме дома додека не се реши финансирањето на Украина. Тоа е, финансирањето на војната“, напиша Орбан, цврсто наведувајќи дека Унгарија нема да учествува во ова.
„Ќе бидеме тука колку што е потребно. Неколку непроспиени ноќи не се крај на светот. Тоа е сигурно подобро од војна“, заклучи унгарскиот премиер.

