Македонија
Целиот тим на ракометниот клуб Голден арт КЛ7 во изолација поради коронавирус
Ракометниот клуб Голден арт КЛ7 ги информира целокупната спортска јавноста и надлежните институции дека по натпреварот од второто коло на македонската суперлига во ракомет, кој се одигра во Радовиш против истоимениот тим, кај некои од играчите се појавија симптоми карактеристични на Ковид-19 (покачена температура, губење вкус и мирис), па поради тоа, клубот како институција која е максимално одговорна кон своите играчи и вработени веднаш изврши ковид-тестирање на клиниката „Жан Митрев“ (брис од нос и грло) на комплетниот играчки кадар, стручниот штаб и на комплетната логистика на клубот по што се откриени 16 позитивни резултати на Ковид-19.
Според прописите за третман на лица шот се позитивни на Ковид-19 и лицата што имале контакт со нив, комплетниот играчки кадар ќе биде ставен во изолација во следните 15 денови.
Би сакале да потсетиме дека пред почетокот на подготвоките на тимот пред оваа натпреварувачка сезона нашиот клуб беше еден од ретките клубови што направи комплетно теститрање на играчкиот погон во првиот тим и младинските категории, како и на комплетниот стручен штаб и клубската логистика, при што навреме беа откриени два случаја позитивни на Ковид-19 и тие беа изолирани и излекувани.
За крај, апелираме до сите клубови и целокупната јавност да се почитуваат мерките за заштита од коронавирусот, со една единствена цел – спречување понатамошно ширење на Ковид-19.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Делови од Центар, Чаир и Студеничани денеска без струја
Од ЕВН Македонија известуваат дека денеска без електрична енегија ќе останат:
– во периодот од 07.30 до 15.00 часот, дел од улицата Никола Тримпаре 15 и дел од улицата Мирослав Крлежа бр.16-20 и дел од локали и влезови на згради на булеварот Климент Охридски бр,54, општина Центар;
– во периодот од 09.30 до 15.30 дел од улицата Мирослав Крлежа по старо Ѓуро Ѓакович бр.52.54.56.58.60.62, општина Центар;
– во периодот од 08.00 до 14.30 корисниците од Ретаил Поинт Парк во Чаир, општина Чаир;
– во периодот од 09.00 до 13.00 часот, корисниците на дел од село Студеничани кај Бурдем, општина Студеничани.
Македонија
Сончево со мала до умерена облачност, ќе дува повремено засилен северен ветер
Сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец (локално до 50 km/h). Минималната температура ќе биде во интервал од -2 до 6, а максималната ќе достигне од 9 до 16 степени.
Во Скопје, сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во делови од котлината повремено засилен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 1, а максималната ќе достигне до 13 степени.
Времето во наредните денови
Под влијание на поле на висок воздушен притисок, следува период на стабилно и сончево време со мала до умерена облачност и со пониски утрински температури. Во четврток ќе дува умерен, повремено засилен ветер од северен правец, поизразен долж Повардарието.
Македонија
Дел од Автокоманда денеска без вода
Од ЈП Водовод и Канализација известуваат дека за денеска имаат планирано неколку интервенции и тоа:
· поради промена на вентил од 2.5“ на улицата Јани Лукровски 12, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.

