Вести
И покрај тензиите, НАТО и Русија го обновуваат дијалогот
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2016/10/nato20zname-1.jpg)
НАТО и Русија, чиишто односи се поматени со украинската криза и меѓусебните обвинувања во врска со неа, во средата го обновуваат дијалогот, и покрај тоа што напнатоста меѓу двете страни останува силно изразена.
Амбасадорите на земјите членки на НАТО и постојаниот претставник на Русија во алијансата, ја започнаа средбата во седиштето на сојузот во Брисел., првпат во овој формат на Советот НАТО-Русија од јуни 2014 година.
И покрај суспендирањето на работата во рамките на Советот, каналите за политичкиот дијалог останаа отворени, но односите се толку затегнати што две години немаше никаква вистинска комуникација, доколку не се сметаат неколкуте разговори меѓу генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг и рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, по кои секојпат следеа остри коментари.
„Очекуваме Русите да го претстават својот став. Не нé плаши дијалогот, сметаме, напротив, дека дијалогот е уште поважен кога станува збор за тешки времиња, а тензиите се силни“, изјави во вторникот Столтенберг.
На дневниот ред на средбата ќе бидат, меѓу другото, и договорот од Минск со кој беа договорени чекорите за запирање на украинскиот конфликт, транспарентноста и предвидливоста на воен план, но и ситуацијата во Авганистан.
„НАТО не сака нова Студена војна и нова трка во вооружувањето“, изјави Столтенберг,м алудирајќи на изјавите од Москва дека Алијансата „целосно неоправдано и спротивно на договореното“ го зајакнува своето воено присуство директно на руските граници.
Официјален Берлин го поздрави продолжувањето на дијалогот во рамките на Советот НАТО-Русија, изјави за новинарите во средата портпаролот на германското министерство за надворешни работи Мартин Шефер.
„Од аспект на владата и министерство за надворешни работи на Германија, добредојдена е секоја ваква средба. Доколку ме прашувате за конкретни очекувања, очекувањата на Берлин не се поврзани со тоа дека по една рунда разговори со Русија ќе бидат избришани сите теми, и ќе бидат објавени решенија“, изјави Шефер додавајќи дека решавањето на споровите е можно доколку „се остане во дијалогот“.
Тој истакна дека Германија ги иницирале преговорите за возобновување на работаа на Советот НАТО-Русија, на средбата на министрите за надворешни работи на земјите од алијансата во декември минатата година./крај/мф/сн
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/08/makfax_logo_350px.jpg)
Вести
“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/11/gaza32.jpg)
Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.
“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.
Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.
Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.
Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.
Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.
Вести
Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2022/09/борел-миа.jpg)
Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.
Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.
„Да се замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.
И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.
„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.
Вести
Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа
![](https://makfax.com.mk/wp-content/uploads/2023/10/антонио-гутереш.jpg)
Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.
Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.
Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.
Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.