Свет
Двајца турски војници загинаа во терористички напад во северен Ирак
Двајца турски војници загинаа, а друг е ранет кога курдските милитанти од ПКК истрелале ракети врз воена база во северен Ирак, што е дел од пограничната антитерористичка операција во северен Ирак, соопшти турското Министерство за одбрана на Турција, пренесува „Араб њуз“.
„Двајца војници загинаа, уште еден е повреден во напад на терористите во операцијата ‘Канџа тигар’ во северен Ирак“, соопшти Министерството.
Турција редовно ги напаѓа милитантите на Курдската работничка партија (ПКК) како во нејзиниот главно курдски југоисток така и во северен Ирак, каде што групата е сместена. Во јуни Анкара почна нова копнена офанзива, наречена операција „Канџа тигар“, со која турските трупи напредуваа подлабоко во Ирак.
Министерството за внатрешни соопшти дека 71 милитант на ПКК биле убиени од 13 јули во рамките на серијата операции во Турција, наречени „Молскавичнии операции“ и додаде дека 38 соработници биле заробени.
Турската операција „Канџа тигар“ почна во средината на јуни со цел да се осигури безбедноста на турскиот народ и границите со неутрализирање на заканата што доаѓа од ПКК и од другите терористички групи во регионот.
Во својата повеќе од 30 години долга кампања против Турција, ПКК, која се наоѓа на листата на терористички организации на Турција, САД и ЕУ, е одговорна за смртта на речиси 40.000 луѓе, меѓу кои и деца и жени.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
Трамп до Путин: Наместо да тестираш ракети, заврши ја војната во Украина
Американскиот претседател Доналд Трамп остро реагираше на веста дека Русија успешно ја тестирала новата крстосувачка ракета на нуклеарен погон „Буревестник“, пренесе „Еуроњуз“.
„Тој (Путин) треба да го заврши војната. Војната што требаше да трае една недела сега влегува во својата четврта година. Тоа треба да го направи, наместо да тестира ракети,“ изјави Трамп од претседателскиот авион „Ер форс уан“.
Руското Министерство за одбрана претходно објави дека тестирањето било успешно и дека ракетата, според шефот на Генералштабот Валериј Герасимов, прелетала 14.000 километри за 15 часа.
Трамп го нарече тестот „непримерен“ и предупреди дека Москва е свесна за американската нуклеарна подморница која е многу блиску до нивниот брег.
Според анализата на експертот Џон Харди од Фондацијата за одбрана на демократиите, ракетата „Буревестник“ со нуклеарен погон би можела да има „практично неограничен дострел“, но ја оцени како „непотребен трошок“ што ја оптоварува руската војска.
„Ројтерс“ потсетува дека клучниот договор за ограничување на нуклеарното вооружување — „Нов СТАРТ“ — истекува на 4 февруари 2026 година, што дополнително ги зголемува тензиите меѓу Москва и Вашингтон.
Регион
Двајца Хрвати и еден Србин со „бмв“ бегаа од полицијата во Германија и загинаа во несреќа
По тешката сообраќајна несреќа со три смртни случаи во близина на Брауншвајг, идентификувана е третата жртва.
Полицијата претпоставува дека станува збор за возачот на автомобилот кој во саботата, бегајќи од полицијата, паднал од мостот во каналот Мителанд. Сите тројца мртви од автомобилот сега се идентификувани, пишува РТЛ.де, пренесе Индекс.
Сè започна во сабота напладне кога возачот на БМВ со регистарски таблички од Минхен на автопатот А2 го игнорираше полицискиот знак за стоп и избега со голема брзина. Полициските патроли набрзо го изгубија возилото од вид, но десет минути подоцна добија неколку итни повици за сериозна несреќа.
Според првата реконструкција на настанот, истражителите веруваат дека бегалецот возел пребрзо по тесниот федерален пат Б4, престигнувајќи неколку автомобили од десната страна. Потоа возилото удрило во заштитна ограда, отскокнало во спротивна насока и се судрило челно со автомобил што доаѓал од спротивната страна. Поради силата на ударот, БМВ-то во бегство ја пробило оградата на мостот и паднало во Средногерманскиот канал.
Полицијата денес го потврди идентитетот на третата жртва.
„Се работи за 34-годишен државјанин на Србија“, изјави портпаролот на полицијата. Се верува дека тој го управувал возилото. Неговите сопатници, чиј идентитет беше утврден претходно, биле 25-годишен и 31-годишен од Хрватска.
Во второто возило биле 47-годишна жена и 53-годишен маж од Хамбург. Жената е тешко повредена, но нејзиниот живот е надвор од опасност, додека мажот е префрлен со хеликоптер во болница и неговата состојба е сè уште критична.
Автомобилот што ја предизвика несреќата беше извлечен од каналот во текот на викендот и запленет за судско вештачење. Понатамошниот тек на истрагата ќе зависи од наодите на вештакот, а случајот веројатно ќе биде предаден на канцеларијата на државниот обвинител, кој ќе одлучи за обдукција. Точниот тек на несреќата, како и причината зошто возачот бегал од полицијата, засега не се познати.
Свет
Путин со министерката за надворешни работи на Северна Кореја: Се оди според планот
Рускиот претседател Владимир Путин денес се сретна со севернокорејската министерка за надворешни работи Чо Сон Хуи.
„Големо ми е задоволство да ве видам. Ве молам, пренесете ги моите најдобри желби до претседателот Ким Џонг-ун“, рече Путин, како што објави агенцијата РИА.
За време на средбата, Путин потсети дека неодамна се сретнал со Ким за време на неговата посета на Пекинг.
„Во Пекинг детално разговаравме за нашите односи и нашите развојни перспективи. Сè оди според планот, на најдобар можен начин“, рече Путин.
Претходно, рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, исто така, разговараше со Чо и нагласи дека односите меѓу двете земји добија силен поттик во последните месеци.
Фото: принтскрин

