Црна хроника
Ограбена црквата „Св.Петка“ во прилепско Бешиште

Околу 5.000 денари изнесува материјалната штета по грабежот во црквата „Св. Петка“ во прилепското село Бешиште.
Кражбата е извршена во првите два дена од јуни, а случајот е пријавен во неделата.
Одземена е една икона со ликот на Св. Никола. Непознатиот сторител насилно ги отворил катанците од двете влезни врати, влегол во верскиот објект, каде извршил претурање, ја земал иконата и побегнал.
Прилепската полиција работи на пронаоѓање на сторителот. /крај/со/ач
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Добиле пријава за силување на дете, но не презеле ништо: кривична за директор и социјален работник во Македонски Брод

СВР Битола – ОВР Македонски Брод, до Oсновното јавно oбвинителство Кичево поднесе кривична пријава против Р.С.(38) и К.В.(44), двајцата од Македонски Брод, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „непријавување кривично дело или сторител“ предвидено и казниво по член 364 став 2 во врска со став 1 од Кривичниот законик, соопшти полицијата.
Првопријавениот, директор на Јавна установа Меѓуопштински центар за социјални работи Македонски Брод, а второпријавената социјален работник во установата, на 07.03.2025 добиле телефонска пријава за полов напад и силување на дете кое било доделено во згрижувачко семејство и не наполнило 15 години, извршено од лице од Македонски Брод.
Имено, пријавените не презеле никакви службени дејствија по добиената пријава, како службени лица свесно пропуштиле да пријават кривично дело за кое дознале во вршењето на службената должност, а притоа не презеле никакви дејствија согласно законот за социјала заштита и подзаконските акти, Закон за правда на децата, со што создале услов за повторна виктимизација на детето-жртва на кривично дело.
Црна хроника
Бронзени бисти украдени од градските гробишта „Бутел“

Вчера во СВР Скопје, С.А.М.(47), С.Ш.(68) и М.Г.(69), сите од Скопје, пријавиле дека на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје, со употреба на физичка сила и подесен алат биле одземени три бронзени бисти.
Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Сопружници измамени за 824.000 денари, мислеле дека им се јавува адвокатка и ќе купат стан на лицитација, парите ги дале на рака

Дваесет и четиригодишна жена пријавила дека таа и нејзиниот сопруг биле измамени од жена за сума од околу 824.000 денари.
Според пријавеното, таа се претставила како адвокат и сопственик на фирма од Битола и ги довела во заблуда дека ќе им овозможи да купат стан кој бил на лицитација со учество од 30 отсто од вкупната сума на чинење на истиот и дека останатите 70 отсто ќе бидат платени од државни пари.
Парите во три наврати и биле дадени на рака на неа и на уште едно лице, а исто така им дале и изводи од матична книга на родени и копии од нивни лични карти.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.