Забава
„Ворнер брос“ му понуди 50 милиони долари на Хоакин Феникс за две продолженија на „Џокер“

Хоакин Феникс, кој оваа година освои „Оскар“ за најдобра машка улога за филмот „Џокер“, би можел да добие огромен чек од 50 милиони долари за да ја репризира својата улога во две продолженија на оригиналниот филм.
Актерот, кој освои голем број награди за портретот на негативецот од стриповите, е во преговори за негово враќање.
„Џокер“ прилично ја подели публиката на самиот почеток, но останува фактот дека таа публика беше огромна. Имајќи предвид дека филмот заработи над 1 милијарда долари од продадени билети на киноблагајните, не е изненадување намерата на продуцентската куќа „Ворнер брос“ да го прошират проектот и за таа цел му понудија на Феникс 50 милиони долари за уште два филма.
Двата проекта ќе бидат продолжение на филмот од 2019 година, кој набргу ќе стане култен, и воедно ќе му дадат шанса на Феникс да ја репризира својата оскаровска улога на Артур Флек, супернегативецот Џокер, најголемиот непријател на Бетмен, пишува британски „Мирор“ и додава дека студиото е подготвено да му даде многу пари на Феникс за да го обезбеди неговиот потпис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Забава
Познатиот актер конечно призна дека имал афера: го чинеше скапо – беа уништени два брака

Џон Малкович конечно призна дека имал афера со актерката Мишел Фајфер. Но, тоа го чинеше скапо, вели тој.
Сè се случило за време на снимањето на филмот „Опасни врски“, каде што Џон Малкович го играше шармантниот Валмон, а Мишел Фајфер ја играше Мадам де Турвел. Хемијата меѓу нив беше забележителна, но никој не можеше да верува дека нивните емоции се вистински.
Малкович во тоа време беше во брак со актерката Глен Хедли, додека Фајфер беше во брак и со актерот Питер Хортон. Славниот актер сега, по толку години, призна во подкастот „Fashion Neurosis“ дека аферата го чинела скапо.
„Тоа не е тема за која некогаш сум зборувал. Во овој бизнис, брзо формирате емоционални врски со луѓето, а понекогаш тие прераснуваат во нешто повеќе. Имав врска со Мишел која беше длабока и посебна, но не бев фер. Изгубив одличен колега“, рече актерот, според Дејли Меил.
„Научив дека е потешко да се најде одличен колега од сè друго. Откако таа врска ќе стане повеќе од само пријателство, тешко е некогаш да се врати.“
Малкович се разведе од Глен Хедли истата година кога филмот беше објавен, во 1988 година. Денес, Џон живее со италијанската продуцентка Николета Пејран, со која има две деца.
По разводот од Хортон, Мишел Фајфер се омажи за телевизискиот продуцент Дејвид Е. Кели во 1990 година, со кого има две деца.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Тотална доминација на српската манекенка: „Не ми е добро колку си убава“

Познатата српска манекенка Софија Милошевиќ сè уште ужива во својот одмор, од каде што дојдоа и најновите фотографии кои кренаа прашина на социјалните мрежи.
Вистина е дека Софија е една од најубавите Србинки и секогаш се обидува да ги оправда сите епитети. Нејзините фотографии во бикини се секогаш главна тема, а со снимките од јахтата веќе излуди многумина и токму кога помисливме дека не може да биде подобро… демантира!
„Зелената е мојата омилена боја“, напиша Софија во описот на објавата.
Згодната манекенка позираше во зелено бикини кое уште еднаш совршено ги истакна сите нејзини облини, а коментарите под објавата се нижеа.
Таа позираше и и црно-бел костим за капење, во кој изгледаше можеби уште подобро, ако тоа е воопшто можно.
„Одлично“, „Каква убавица“, „Ти си авион“, „Сакам да имам жена како тебе“, „Не ми е добро колку си убава“, „Совршена си“, беа некои од коментарите.
фото: принтскрин
Забава
(Фото) Блејк Лајвли повторно во центарот на вниманието – не поради драмата со Балдони, туку поради совршената модна комбинација

Актерката Блејк Лајвли веќе некое време привлекува внимание на јавноста. Благодарение на нејзината драма со нејзиниот колега Џастин Балдони, светот коментира за секој нејзин потег – и позитивен и негативен.
Дури и американската новинарка Мегин Кели се вклучи, нарекувајќи ја Лајвли „нарцисоидна насилничка, лажлива и детиште“.
Сепак, се чини дека овие зборови воопшто не ја мачат 38-годишната актерка, бидејќи таа продолжува гордо и со насмевка да ги извршува своите должности како јавна личност.
Неодамна беше фотографирана во Њујорк, каде што присуствуваше на настан во американскиот колеџ „Fashion Institute of Technology“.
За таа пригода, таа одлучи да облече деловен аутфит кој го најавува доаѓањето на есенските трендови. Блејк носеше кафеаво одело – сако и миди здолниште, кое го комбинираше со проѕирна маица и интересни додатоци.
Својот стил го комплетираше со високи потпетици, брановидна коса и шминка во природни бои – најголемиот тренд за убавина.
фото: принтскрин