Спорт
Пирло сака да го врати Мората во Јувентус

Јувентус до крајот на преодниот рок мора да донесе класична деветка. Изборот е Един Џеко, меѓутоа бидејќи Рома се уште нема најдено замена за него (Аркадијуш Милик никако да се договори со Наполи), Јувентус и тренерот Андреа Пирло се подготвени да го активираат резервниот план.
Италијанскиот новинар Фабрицио Романо тврди дека Јувентус ги започнале преговорите со Ателико Мадрид околу Алваро Мората.
Романо објави дека Јувентус сака да го донесе својот поранешен напаѓач на позајмица за 10.000.000 евра, со опција да го откупи неговиот договор по завршувањето на сезоната за дополнителни 45.000.000 евра.
Атлетико би се согласиле на ваков трансфер бидејќи тие се во преговори со Луис Суарез од Барселона, кој чека само да го раскине договор со Каталонците за да се пресели на „Ванда Метрополитано“.
Мората со голем успех го носеше дресот на Јувентус две сезони, во кои соиграч му беше сегашниот тренер Пирло.
Juventus are now in talks with Atlético Madrid to sign Álvaro Morata! €10m loan + €45m buy option offered to Atlético.
Atléti are now seriously considering to sell Morata because Luis Suarez is close to be the new striker. He’s ready to leave #FCB as a free agent ? @SkySport
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) September 21, 2020
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Спорт
(Видео) Ди Марија постигна гол директно од корнер

Иконата на аргентинскиот и светскиот фудбал, Анхел Ди Марија, продолжува да импресионира дури и во ветеранските години.
Росарио Централ на Ди Марија и Бока Јуниорс го одиграа дербито на осмото коло во Калусура.
Ди Марија во 24-та минута изведе корнер, ги изненади сите на стадионот, наместо центаршут постигна спектакуларен гол и го постави конечниот резултат.
¡¡¡GOLAZO OLÍMPICO DE FIDEO DI MARÍA PARA EL 1-1 DE ROSARIO CENTRAL ANTE BOCA!!! pic.twitter.com/DDWGnuSt9W
— SportsCenter (@SC_ESPN) September 14, 2025
По петтото реми во седум натпревари, тимот на Ариел Холан е сè уште непоразен, бидејќи забележа и две победи. Тимот од стадионот „Иганте де Арохито“ е на седмата позиција на Клаузура со натпревар помалку, па со нов триумф, би можеле да стигнат и до четвртото место.
Ди Марија се врати во својот клуб од детството ова лето, дојде од Бенфика како слободен играч. Оттогаш, тој одигра седум натпревари и постигна четири гола.
Фото/ Принтскрин
Спорт
Најлошиот менаџер на Јунајтед по Втората светска војна

Португалецот Рубен Аморим, менаџер на Манчестер јунајтед, имаше скандалозен учинок откако пристигна во Премиер лигата.
По очајната прва сезона во Манчестер (седна на клупата во декември минатата година), Аморим ужасно ја започна оваа сезона катастрофално. По четири кола освои ист број бодови, доволни само за 14-то место на табелата.
По поразот од градскиот ривал Манчестер сити, неговиот настап во Премиер лигата со Јунајтед е 8 победи, 7 нерешени и дури 16 порази, со гол разлика од -13, односно победил на само 25,8 отсто од натпреварите во Премиер лигата.
Неговиот вкупен процент на победи откако се приклучи на клупата на „Црвените ѓаволи“ е 36,17%, што го прави најлошиот менаџер на Јунајтед од Втората светска војна.
Интересно е што Ерик тен Хаг, човекот кој беше заменет од Аморим поради лоши резултати, е на третото место на таа листа со дури 54,69 проценти победи.
Ruben Amorim has the worst win percentage of any permanent #mufc manager since the Second World War. ❌🇵🇹 pic.twitter.com/8CtHnrP867
— UtdDistrict (@UtdDistrict) September 14, 2025
Спорт
(Фото) „Илинден Куп 2025“: прогласени најдобрите екипи – малите шампиони обединети на големите фудбалски терени

Во рамки на меѓународниот фудбалски турнир „Илинден Куп 2025“ кој се одржуваше во општина Илинден изминатите три дена, денеска се одиграа финалните натпревари на спортските терени во Илинден, Марино и Кадино. На турнирот имаше околу 3500 учесници од околу 217 екипи, од европски, балкански и македонски клубови, деца на возраст од 7 до 12 години, известува Општината.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со македонската фудбалска легенда, Илија Најдовски, ги доделија медалите и пехарите на најдобрите екипи.
Екипите беа поделени во шест категории, такашто во категоријата на деца од 2013 година првото место го освои „Кидс Темпа“, второ место за „Гроздановски„ и третото место за „Еуроспорт“.
Во категоријата на деца од 2014 година првото место им припадна на „Партизан“, второ место за „Брегалница“ и трето место за „Еуроспорт“.
Во категоријата на деца од 2015 година првото место е за „Форца“, второ место за „Национал“ и трето место за „Андертехт“.
Во категоријата на деца од 2016 година првото место го освои екипата на „Динамо“, второто место за „ЦР.Ѕвезда“ и третото место „Клуб Бруг“.
Во категоријата на деца од 2017 година првото место е за „Еуроспорт“, второ место за „Аеродром“ и третото место за „Јанг Тим“.
Во категоријата на деца од 2018 година прво место е за „Цр.Ѕвезда“, второто место е за „Мондано“ и трето место за „Кидс Темпа“.
„Илинден Куп 2025“ е во организација на Фудбалската школа „Гроздановски“ а под покровителство на општина Илинден. На терените во Илинден, Марино и Кадино изминатите три дена публиката и љубителите на фудбалот имаше можност да проследи интересни фудбалски натпревари, доста детски но и професионални маневрации со топка.