Свет
Палестински жени обвинуваат за сексуално малтретирање во израелските затвори
Дена Карми (41), Палестинка која поминала 16 месеци во израелски затвор, раскажува потресна приказна за сексуалното малтретирање со која се соочила зад решетките. Нејзиното тело сè уште трепери додека раскажува за испрашувања во текот на ноќите од машки израелски разузнавачи. Во секој момент таа била понижувана и носена поблиску до крајно сексуално малтретирање, пишува „Анадолија“.
Карми била уапсена во јули 2018 година во нејзината куќа во Хеброн и осудена на казна затвор од 16 месеци за наводно учество во социјални активности поврзани со Хамас во Хеброн заедно со уште шест други жени. Нејзиниот сопруг Нашат бил убиен во 2010 година од израелската армија.
„Вербалното сексуално малтретирање е дел од организирана политика на понижување и тортура врз сите палестински притвореници, особено врз жените и децата“, вели Сахар Франсис, директор на „Адамир“, група за човекови права и за поддршка на затвореници.
Таа вели дека израелските власти го направиле сексуалното вознемирување алатка за вршење притисок врз затворениците, особено на испрашувањата.
Друга палестинска затвореничка во раните 30-ти вели дека била подложена на сексуално вознемирување во возилото за пренесување затвореници меѓу Рамалах и Ерусалим.
„Еден од еврејските криминалци, кој седеше спроти мене, почна сексуално да ме навредува. Бев шокирана и тропнав врз металниот кафез агресивно барајќи помош. Но, никој не одговори на моите апели. Еврејскиот затвореник ги соблече пантолоните и правеше одвратни сексуални движења што не сум во можност да ги опишам“, вели таа инсистирајќи на анонимност.
Таа вели дека ниту еден офицер од единицата „Нахшон“, одговорна за пренесување на затворениците, не ѝ помогнал или не спречил еврејскиот криминалец да ја малтретира. Таа посочи дека криминалецот продолжил да ја малтретира повеќе од два часа.
„Плачев, се молев и го молев Бог да ми помогне“, додаде таа.
Тасним Џубран, психотерапевт и професионалец за ментално здравје, вели дека повеќето палестински затвореници избегнуваат да зборуваат за такви искуства поради страв од стигма имајќи предвид дека локалната култура го третира сексот како срам.
„Сексуалното вознемирување се смета за траума, што доведува до долгорочно физичко и психолошко нарушување во односот на жртвата со самата себе и со околината. Тоа влијае и на сексуалното здравје на жртвата ако таа нема психотерапија по ослободувањето“, вели Џубран.
Активистката на „Адемир“, Франсис, вели дека израелскиот правосуден систем не ги сфаќа сериозно поплаките поврзани со сексуално вознемирување.
„Ние документиравме и поднесовме многу жалби до израелските судови и до ОН. Но, досега нема ефективен одговор“, рече таа.
Во 2015 година „Адамир“ поднесе жалба против неколку полицајки кои физички малтретирале палестинска затвореничка подложувајќи ја на претрес до гола кожа.
„Полицијата ги испита, но не беше поведено обвинение. Ова беше единствениот случај кога полицијата делумно реагира“, додаде Франсис.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Свет
(Видео) Нови израелски напади врз Техеран, експлозии одекнаа во центарот на градот
На социјалните мрежи се појавуваат нови снимки од израелски напади врз Техеран, откако израелската војска соопшти дека започнала дополнителен широк напад врз иранската престолнина.
Во Техеран се слушнале повеќе експлозии, јави иранската новинска агенција Тасним. Според извештаите, воздушен напад погодил област во близина на Плоштадот на револуцијата, каде што се одржувал собир на кој била осудувана, како што се наведува, агресијата.
#BREAKING 🔥🔥
Massive Israeli airstrikes on Tehran continue.#Iran #Teheran #Dubai #عاجل_الان #Israel pic.twitter.com/d91QjVz80A
— 🌐 Short Reports 🌐 (@ShortReportOnX) March 2, 2026
Во меѓувреме, иранската противвоздушна одбрана соопштила дека пресретнала напад над небото на централниот дел на Техеран.
Израелските одбранбени сили во ново соопштение навеле дека цел на нападите е иранскиот терористички режим.
Фото: Depositphotos
Свет
Шпанија го оцени нападот врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност
Шпанија го оцени американско-израелскиот напад врз Иран како неоправдан и повика на максимална воздржаност во употребата на сила, заземајќи став различен од Германија, Франција и Велика Британија, кои најавија соработка со САД во одбрана на своите интереси против Иран.
Шпанскиот премиер Педро Санчез изјави дека светот се наоѓа на раскрсница и предупреди на опасен преседан на системско прибегнување кон сила надвор од меѓународното право. Тој оцени дека САД и Израел еднострано го нападнале Иран, без поширока меѓународна поддршка.
„Ообезглавија страшен режим кој го угнетува своето општество, тоа е вистина“, рече тој. „Но го поткопаа меѓународното право и доведоа до невини жртви.“
Фото: ЕПА
Свет
Иран со ракети ја нападна канцеларијата на Нетанјаху
Иранската Револуционерна гарда објави дека нејзините последни ракетни напади биле насочени кон канцеларијата на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и седиштето на командантот на израелските воздухопловни сили.
Во соопштението објавено од новинската агенција „Фарс“, гардата објави: „Целите беа канцеларијата на криминалниот премиер на ционистичкиот режим и седиштето на командантот на воздухопловните сили на режимот“.
Се вели дека во нападот биле употребени ракети „Кејбар“.
Израел објави дека нема повредени во нападите.
фото/Depositphotos

