Црна хроника
Приведени двајца жители на Арачиново, со возило се обиделе да удрат полицаец

Двајца жители на Арачиново биле уапсени затоа што се обиделе да прегазат полицаец со возило.
Според информациите на МВР, завчера, околу 22.30 часот, во селото Никуштак, општина Липково, полициски службеници ги лишиле од слобода И. С. (48) и Б. С. (23), двајцата од село Арачиново, затоа што околу 20.30 часот на булеварот Трета македонска ударна бригада во Куманово, одбиле да се легитимираат и со возило се обиделе да удрат полициски службеник, кој извршувал службени дејства.
Тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот, против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Го удрил кран: работник од Кина загина во фабрика во Кавадарци

Вчера во 12:10 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека Г.Х.(38) од Кина, додека извршувал работни задачи во фабрика во Кавадарци, бил удрен од кран и од здобиените повреди починал на местото.
Лекар од Итна медицинска помош Кавадарци констатирал смрт, а увид на местото извршил јавен обвинител во содејство со увидна екипа од ОВР Кавадарци.
По наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Загина 30-годишен работник во фабрика во Делчево

Вчера околу 11:00 часот во ОВР Делчево е пријавено дека во фабрика во Делчево, при извршување работни задачи, вработениот В.Р.(30) од Делчево паднал од висина од околу три метри и се здобил со тешки телесни повреди.
Од здобиените повреди, на пат кон Клиничка болница Штип, тој починал во возилото на Итна медицинска помош.
Увид извршила екипа на ОВР Делчево, а по наредба на јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција.
Црна хроника
Малолетничка истепала соученичка на улица во Струга

Во ОВР Струга вчера во 18:00 часот е пријавено дека на улица „Партизански одреди“ во Струга, малолетничка го нарушила јавниот ред и мир со физички напад врз соученичка.
Се преземаат мерки за расчистување на настанот, по што ќе следува соодветен поднесок, информираат надлежните.