Македонија
Кекеновски поднесе жалба откако Обвинителството ја отфрли неговата пријава против ДИК
Јове Кекеновски, лидерот на партијата ФРОДЕМ, дел од коалицијата „Никогаш Северна – само Македонија“ денеска поднесе жалба против решението на Основниот јавен обвинител во однос на кривична пријава, која тој ја поднесе против Оливер Дерковски и останатите членови на Државната изборна комисија (ДИК).
Кекеновски во пријавата навел дека седумтемина пријавени ги лишиле избирачите на предвремените парламентарни избори од правото да гласаат за коалицијата „Никогаш Северна – само Македонија“, така што на гласачкото ливче наместо официјалното поднесено и прифатено име на Коалицијата, било наведено името само на една политичката партија од истата, односно Единствена Македонија.
Во донесеното решение од 7 септември со кое е отфрлена кривичната пријава, Основниот јавен обвинител ценел дека пријавените не презеле противправно дејствие во кривично правна смисла, поточно дека при организацијата и спроведувањето на предвремените парламентарни избори, претседателот и членовите на ДИК постапиле согласно нивните законски надлежности.
Кекеновски смета дека Основниот јавен обвинител погрешно и нецелосно ја утврдил фактичката состојба и неоправдано и незаконски ја отфрлил поднесената кривична пријава.
„Основниот јавен обвинител и покрај очигледните факти и докази не согледал (намерно или ненамерно) дека одредбите од Изборниот законик се селективно применети од страна на претседателот и членовите на ДИК во фазите на изборниот процес. Не е можно одредбите на Изборниот законик претседателот и членовите на ДИК да ги применуваат во одделни фази од изборниот процес и постапка, додека во останатите фази од процесот и постапката истите да не важат. Оттаму сметам дека Виштото јавно обвинителство недвосмислено треба да ја прифати поденесената жалба на донесеното решение“, се вели во жалбата поднесена од претседателот на ФРОДЕМ.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Тошковски доби опомена од „Сејф сити“ – возел со 1 километар на час над дозволената брзина
Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, на Фејсбук објави дека добил порака за сторен сообраќаен прекршок од „Сејф сити“.
„Утрово, движејќи се со своето приватно возило кон Кавадарци каде што денеска се одржува партискиот конгрес, добив смс порака за сторен сообраќаен прекршок констатиран од системот „Безбеден град“, бидејќи сум се движел со 1 км/ч над дозволената брзина. Ова е најдобрата илустрација за тоа како треба да функционира државата. Системот важи и постапува еднакво кон сите и ако регистрира прекршок – санкцијата следи, без разлика кој е во возилото. Нема исклучоци, нема селективност, нема привилегирани. Управувањето со возило е обврска, не привилегија. Така се гради доверба, така се гради безбедност“, напиша Тошковски на ФБ.
Системот „Сејф сити“ пробно почна да функционира на 1 декември, а официјално треба да биде пуштен во употреба на почетокот на следната година.
Македонија
Томовски: СДС да се извинат за клеветите и измислицитe, посочената компанија не е моја, во моментов немам никаква приватна компанија
„Посочената компанија не е моја, ниту пак имам било каков удел во нејзе. Јас во моментов немам никаква приватна компанија и единствено сум насочен кон мојата работа како директор на Службата за општи и заеднички работи. Целиот мој живот работам чесно, одговорно и посветено, така и ќе продолжам“, реагира директорот на СОЗР, Ивица Томовски, откако СДСМ на прес-конференција утринава обвини дека негова семејна фирма која го менувала името, добила 161 тендери вредни над 5 милиони евра.
„СДС ќе мора да се извини поради изнесените клевети, во спротивно ќе поднесам тужба пред надлежните органи. Власта е одговорност и таму не се доаѓа со пазарџиски финти, клевети. Очигледно тоа е нивната понуда, а народот ќе суди, впрочем како што им пресуди на последните избори. Слободно сите можни институции да проверат сè, а искрено од СДСМ не очекувам извинување затоа што за извинување потребна е доблест и морал, а тоа одамна видовме дека го немаат“, пишува Томовски на ФБ.
Македонија
(Видео) Димитријевиќ: Семејната фирма на директорот на СОЗР добила 161 тендери за 5,3 милиони евра
Опозициската СДСМ денеска обвини дека семејната фирма на директорот на СОЗР, Ивица Томовски, која го менувала името, добила 161 тендери вредни над 5 милиони евра.
„Со доаѓањето на ДПМНЕ на власт семејната фирма на Томовски ја зголемила својата деловна дејност за 306%!!! И тоа само во 2024 година. Случајно, им тргнало чистењето на буџетот. Само оваа 2025 година, фирмата добила 10 тендери од речиси половина милиони евра. Сопственик на Сити логистик во мометнот кога е основана е Витомир Томовски од Струга, татко на Ивица Томовски а управител Слободан Кутановски, нивни близок роднина. Потоа се менува името на фирмата, Сити аутсорсинг. Иста адреса, ист единствен матичен број на субјект, само со друго име. За што е Томовски во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата мислам дека на народот му е кристално јасно после ова. Важно фамилијарните бизниси течат. А каде завршуваат парите освен во џебовите на фамилијата Томовски: откриваме наскоро во наредните бомби“, кажа денеска на прес-конференција, Александар Саша Димитријевиќ, член на ЦО на СДСМ.

