Спорт
Бејл: Не жалам што заминав од Реал
Герет Бејл минатата недела се врати во Тотенхем. Тој во својот поранешен клуб ќе настапува како позајмен играч од реал Мадрид. Во интервју за „Скај Спорт“, Бејл рекол дека не се кае што го напуштил Мадрид.
„По сѐ она што се случуваше воопшто не жалам што заминав. Сите грби зборови што беа кажани и сѐ она што беше направено изминатите месеци треба да му служат на чест на оној кој го направи тоа. Мене ми е најважно што сум чист пред себе си, што мислат останатите не ме интересира“, рекол Бејл.
Репрезентативецот на Велс рекол дека во текот на својот мандат во Реал напредувал во животот и во фудбалската игра.
„Заминувањето во друга земја, во друга култура и навикнувањето на тој живот беше дел од моето растење кое нема врска с фудбалот. Сепак не можам да кажам дека немаше и фудбалски предизвици. Додека сум на теренот ги слушам луѓето како ми свиркаат, тоа не беше пријатно, но ми помогна да пораснам, да научам да се носам со притисокот“.
Бејл во Тотенхем пристигна со лесна повреда, се наоѓа во процесот на рехабилитација, а неговото деби во старо-новиот клуб се очекува по репрезентативната пауза.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Спорт
Аморим побарал да му донесет еден играч во Манчестер Јунајтед
Фудбалерот на Ал Хилал, Рубен Невеш, повторно е во центарот на вниманието, откако Рубен Аморим побара од Манчестер Јунајтед да го реализира неговиот трансфер во јануарскиот преоден рок.
Португалскиот тренер сака да го засили средниот ред со играч што добро го познава и го смета за клучен за неговиот проект.
Невеш моментално игра за Ал-Хилал. Желбата на играчот е да се врати во една од врвните европски лиги. На „Олд Трафорд“, веќе почнале да ги разработуваат сите можни сценарија.
Аморим и Невеш добро се познаваат и имаат одличен однос, што би можело да го олесни трансферот.
Исто така, самиот играч има желба да се врати во Европа, па сè укажува на тоа дека ќе се пресели на „Олд Трафорд“ оваа зима.
Foto/ depositphotos
Спорт
(Видео) Хојлунд го однесе Наполи во финалето на Суперкупот
Актуелниот италијански шампион Наполи, со победата 2:0, над бранителот на трофејот во Супер купот, Милан, избори пласман во финалето на ова натпреварување. Данскиот репрезентативец, Расмус Хојлунд го обележа првото полуфинале, на турнирот чии домаќин е Ријад.
Наполи не блескаше, но и тоа беше доволно да забележи сигурна победа над индиспонираниот Милан. Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас, повторно беше стартер за тимот на Наполи, одигра солиден натпревар. На теренот беше до 77-та минута, кога на теренот влезе Ноа Ланг.
Инаку, првиот гол во 39-та минута го постигна Давид Нерез, по додавањето од Хојлунд. Брилијантната партија Данецот ја круниса со гол во 63-та минута.
Наполи в финалето го чека победникот од утрешното полуфинале меѓу Интер и Болоња.
Foto/ depositphotos
Спорт
Њујорк Тајмс: Гвардиола го напушта Манчестер Сити?
Јасни се сигналите дека се ближи крајот на една од најуспешните ери во историјата на Манчестер Сити се ближи кон крајот, пишува „Њујорк Тамс“. Според овој извор, Пеп Гвардиола донел одлука да ја напушти клупата на „Граѓаните“ на крајот од тековната сезона и стави крај на десетте години поминати на „Етихад“.
Јавноста засега може само да претпоставува за причината, за ваквата одлука на Гвардиола. Можно е да станува збор за заситеност по безброј освоени трофеи, желбата за нов предизвик, но и долгорочната правна несигурност што го следи клубот (спорот што го води со Премиер лигата), која потенцијално може да има сериозни последици за Манчестер Сити.
Во секој случај, во Манчестер Сити се свесни дека мора да почнат да размислуваат за иднината без тренерот кој го редефинираше англискиот фудбал. Дејвид Орнштајн пишува дека Гвардиола намерно ја држи оваа тема настрана. Тој не сака сезоната да биде обележана со неговиот статус, ниту да го одвлекува вниманието од тимот и борбата на теренот. Затоа, конкретни дискусии и одлуки се очекуваат дури кога ќе заврши сезоната.
Иако е под договор до 2027 година, Пеп наводно самиот предложил да замине една година пред истекот на договорот.
Доколку тоа се случи, тој ќе остави зад себе наследство кое ретко се гледа: шест титули во Премиер лигата, четири Лига купови, два ФА купа и, она што најмногу му недостигаше на клубот, историската титула во Лигата на шампионите.
Во потрагата по наследник, се истакнува името на Енцо Мареска. Поранешниот помошник на Гвардиола веќе покажа дека може самостојно да управува со големи проекти. Го врати Лестер во елитниот ранг, а со Челзи ја освои Конференциската лига и Светското клупско првенство во новиот формат.
Дополнителен знак прашалник претставуваат неговите неодамнешни пораки за амбициите и поддршката на „Стемфорд Бриџ“, кои беа протолкувани како најава за заминување.
Покрај Мареска, во претходниот период се споменуваа имињата на Оливер Гласнер (Кристал Палас), Андони Ираола (Бормут), Роберто Де Зерби (Марсеј) и Винсент Компани (Баерн Минхен), но како што тврдат одредени извори, најблиску до клупата на Сити е Мареска.
Foto/ depositphotos

