Регион
Вучиќ во Истанбул: Турција е една од најзначајните регионални сили
Српскиот претседател, Александар Вучиќ, вчера допатува во посета на Турција, за време на која денеска во Истанбул ќе има деловен ручек со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, пренесува „Курир“.
Во изјава за српските медиуми, Вучиќ истакна дека е многу важно за Србија да има одлична комуникација со Турција, која според неговите зборови е една од најзначајните регионални сили.
„Многу е важно за Србија да има добра, одлична комуникација со Турција. Турција е една од најзначајните регионални сили, но е и една од силите кои се сè поважни и во светски рамки. Нејзиниот демографски, економски, културен и секој друг потенцијал е огромен.
Важно е да имаме добри односи со неа. Со оние кои се блиски со Србија и имаат големо влијание во нашиот регион, се трудиме да сочуваме најдобри пријателски односи кои ќе ги унапредуваме во иднина“, истакна Вучиќ.
Тој рече дека мисли оти Турција е заинтересирана за повеќе теми, а дека за Србија е важно да се труди и да се обиде да ги сочува најдобрите односи со нејзините пријатели.
„Важно е работите да ги решаваме со дијалог, а турскиот претседател Ердоган секогаш сакаше да ја сослуша српската страна“, нагласи Вучиќ.
Пред да замине за Истанбул, српскиот претседател нагласи дека не мора ни да каже колку се важни разговорите со турскиот претседател.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Регион
По апсењето за трагедијата во Нови Сад, Весиќ штрајкувал со глад и одбил помош, денеска итно пренесен во болница
Поранешниот министер за градежништво, транспорт и инфраструктура на Србија, Горан Весиќ, утрово со возило на брзата помош од притворот во Нови Сад бил пренесен во болницата во Сремска Каменица.
Како што е објавија српските медиуми, поради нагло влошување на неговата здравствена состојба, по шестдневен штрајк со глад и одбивање лекарска помош, управата на Окружниот затвор во Нови Сад го известила Вишиот суд дека е неопходно тој да биде префрлен во болница.
Управникот на Окружниот затвор во Нови Сад, Миле Јандриќ, за „Танјуг“ изјави дека Весиќ, по специјалистичкиот преглед, е задржан на одделението за коронарна интензивна нега со одобрение на судијата за претходна постапка.
Весиќ беше уапсен и приведен во Нови Сад поради падот на натстрешникот на железничката станица во овој град на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, а двајца сè уште се во критична состојба.
Регион
Брнабиќ: Опозицијата сака граѓанска војна, власта сака работа и просперитет за сите граѓани
Претседателката на Народното собрание, Ана Брнабиќ денеска изјави дека претставниците на опозицијата кои вчера направија бунт во Народното собрание сакаат граѓанска војна, а владејачката коалиција, претседателот на Србија Александар Вучиќ и премиерот Милош Вучевиќ сакаат работа и просперитетот на Србија со цел подобрување на стандардите на сите граѓани на Србија.
Брнабиќ за РТС изјави дека штетата направена вчера во Народното собрание ќе чини многу, и таа ќе се потруди целата да ја сноси опозицијата на чело со Драган Ѓилас.
„Разбирам дека бегаат да зборуваат за буџетот. Србија во првите девет месеци од оваа година е најбрзо растечка европска економија. Првиот пат кога зборуваме за буџетот имаме инвестициски рејтинг, во нивно време БДП беше 33 милијарди евра, а на крајот на годината ќе имаме повеќе од 80 милијарди, додека целта е до 2027 година, благодарение на паметната политика што ја води Александар Вучиќ, да имаме повеќе од 100 милијарди евра“, рече Брнабиќ.
Регион
Познатата српска актерка Слобода Миќаловиќ претепана во Белград
Познатата српска актерка Слобода Миќаловиќ, вчера, во 18.50 часот, била физички нападната од 47-годишната С. Д..
Како што неофицијално објави српски „Телеграф“, кај С. Д., по пристигнувањето на полицијата, било утврдено присуство на алкохол во крвта.
Како што пишуваат српските медиуми, тепачката се случила на плоштад во Земун.
Актерката наводно управувала со возило и кога тргнала напред, со предниот дел од автомобилот удрила во случајниот минувач С. Д. во пределот на коленото, што довело до вербален, а потоа и физички конфликт.
Актерката потоа била префрлена на Ургентниот центар.