Контакт

Вести

Зетот на Осама бин Ладен осуден на доживотен затвор

Објавено пред

Сулејман Абу Гејит, попознат како зет за ќерка на ликвидираниот идеолог на глобалната терористичка мрежа Осама бин Ладен, осуден е во вторникот пред судот во Њујорк на доживотен затвор поради тероризам.

dobivaj vesti na viber

Судот во Мехнетен го март го прогласи 48-годишниот роден Кувајќанец, Сулејман Абу Грејит виновен за заговор за убивање Америкнаци, заговор за пружање материјална поддршка на терористи и давање таква поддршка.

Судијата Луси Каплан ја објави казната само неколку минути откако Абу Гејит на рапски ја даде својата изјава во која ја цитираше светата книга Куранот и изјави дека милост не бара од никого освен од Бога.

„Денеска, во моментот кога ми ги ставате рацете во пранги и имате намера жив да ме закопате, истовремено ги ослободувате рацете на стотици муслимански момчиња,. Тие ќе се придружат на собирањето на слободните“, изјави Аби Грејит, а агенцијата Reuters во извештајот забележува дека во неговиот исказ немало покајување.

Судијата Каплан реагирал на изјавата со забелешката дека Абу Грејит не покажува каење, како и дека е видено видеото на кое тој се радува на нападите на Ал –Каеда од 11-ти септември 2001 година кога во САД загинаа околу три илјади луѓе.

„Вие господине, според мојата процена, сте одлучиле да сторите сé што можете за да и’ помогнете на Ал Каеда во намерата да убива Американци“, изјави судијата Каплан.

Адвокатите на Аби Гејит тврдеа дека нивниот клиент е виновен само за држење пламени говори, како и дека однапред не знаел за ниеден план на Ал Каеда.

Зетот на Осама бин Ладен, Сулејман Абу Гејит, кој на видеоснимката направенана 12-ти септември 2001 година, ден по терористичкиот напад врз САД, се појавува во друштво на сега ликвидираниот водач на Ал Каеда, Осама бин Ладен и нејзиниот сегашен водач Ајман ал-Завахири, на почетокот од март 2013 година кога официјално беше подигнато обвинението против него изјави дека не е виновен за тероризам. Абу Гејит, оженет за Фатима, ќерката на Осама бин Ладен, официјално беше обвинет за планирање на нападите „за убивање американски државјани”.

Според обвинението , Гејит кој најмалку од мај 2011 година до крајот на 2002 година бил во служба на терористичката организација, бил „вмешан во подготовката и изведувањето на терористичкиот чин против САД, неговите граѓани, како и неговите државјани и имотот”. Тој на 12-ти септември 2001 година одржал говор во името на Ал Каеда, додека крај него седат водачот на Осама бин Ладен, и тогашниот негов заменик Ајман ал-Завахири.

Во говорот упатен на Колин Пауел, тогашниот американски секретар, се закани дека „бурата нема да стивне, како ни авионската бура”, предупредувајќи ги муслиманите, децата и противниците на САД да не се „качуваат во авионите”, според обвинението коешто во четвртокот го објави американското министерство за правосудство.

Во јавноста своевремено протекоа малку информации за околностите во коишто беше уапсен Сулејман Абу Гејит. Еден од неговите адвокати изјави дека неговиот клиент „американските агенти на безбедноста” го уапсиле во странство на 28-ми февруари 2013 година и дека на 1-ви март е преместен во Њујорк.

Истовремено турскиот весник Hurriyet пишуваше дека Сулејман Абу Гејит, бил уапсен од агентите на американската централна разузнавачка агенција CIA во Јордан и е транспортиран во САД. Како резултат на заедничката операција на турската разузнавачка служба и CIA, Сулејман Абу Гејит беше уапсен на 2-ри февруари 2013-та во еден хотел во турската престолнина Анкара. Американските власти имаа намера да го испитаат за вмешаност во активности на терористичка организација Ал Каеда, но Турција одби да го екстрадира Абу Гејит, стравувајќи од одмазда на милитантите.

Турскиот суд го ослободи зетот на Осама бин Ладен, со образложение дека тој во земјата нема сторено никакво кривично дело. Повеќе од еден месец турските власти решаваа каде да го депортираат Абу Гејит, кој нема никакво државјанство. Иран, од каде што тој дојде во Турција, одби да го прифати. Беше решено Абу Гејит да биде предаден на властите на Кувајт, чиешто државјанство тој го имал претходно.

Агентите на CIA коишто во стапка го следеле зетот на бин Ладен, го уапсиле на 1-ви март во Јордан, а потоа со лет од Кувајт го префрлиле во САД, пишуваше весникот./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија33 минути

Собранието изгласа недоверба на пет членови на Судскиот совет

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска, Селим Адеми, Весна Дамева, Тања Чачарова Илиевска и Миљазим Мустафа....

Топ2 часа

Велешанец удрил во полициско возило: бегал од лица што му го попречиле патот и започнале да го следат

Синоќа во 22.10 часот во СВР Велес, К.В.(47) од село Кочилари, општина Градско, пријавил дека околу 20.25 часот пред неговиот...

Македонија4 часа

Чачарова-Илиевска: Не планирам денес да одам во Собранието за интерпелацијата, таа е недозволива и акт на преседан

Тања Чачарова-Илиевска од Судскиот совет нема да присуствува на седницата во Собранието за нејзината интерпелација заедно со интерпелациите за Весна...

Топ5 часа

Уапсени 11 лица, пронајдени оружје, документи, возила: МВР за вчерашната акција

Вчера е спроведена полициска акција од страна на Министерството за внатрешни работи во координација со ОЈО за ГОКК, при што...

Македонија6 часа

Жерновски: Добредојдовме во новото ненормално, во кое сме западнобалканска копија на Орбан

Поранешниот амбасадор и поранешен заменик-министер за надворешни работи, Андреј Жерновски, преку објава на социјалните мрежи реагира на владината надворешна политика....

Македонија6 часа

Спречени обиди за шверцување облека и парфеми со потписи на познати трговски марки, суплементи за миленици

Царинската управа извести дека во текот на минатата недела, царинските службеници спречиле повеќе обиди за криумчарење разна стока. „636 парчиња...

Македонија7 часа

(Видео) Андоновски го призна скандалот со тендерите, кои завршиле кај сопругот на неговата државна секретарка, ДКСК и Обвинителството итно да постапат, бара СДСМ

„СДСМ јавно ја повикува Државната комисија за спречување на корупцијата да постапи за скандалот со тендрите во Министерството за дигитална...

Македонија7 часа

Холокаустот не почна со гасни комори, туку со зборови на омраза, со мали зла, што не беа спречени, рече Мицкоски на 82-годишнината од депортацијата на македонските Евреи

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Христијан Мицкоски, денеска, присуствуваше и се обрати на настан по повод 82 години...

Македонија8 часа

„Денес, ќе чуете како криминалците на Филипче, поради провизии и бизниси со неговиот бизнис-ас Јахоски, го труеле народот со канцероген мазут“, велат од ВМРО-ДПМНЕ

„Врвот на лицемерието кога СДС и Филипче ронат солзи за аерозагадувањето, а поради бизнис и пари нивниот пратеник и бизнис...

Македонија9 часа

(Фото) Почна официјалната посета на претседателката Сиљановска-Давкова на Република Азербејџан

На церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова утрово во Баку беше примена од претседателот Илхам Алијев,...

Македонија10 часа

„Ако Мицкоски ги отфрли барањата на ССМ, ќе го доставиме предлогот до Собранието и ќе се мобилизираме за протестите“, велат од партијата Левица

„Поради живеењето во раскош и луксуз, Владата на Мицкоски не може да се поистовети со тоа како обичниот работник крпи...

Европа10 часа

Шефот на украинската армија: Ги зајакнуваме силите во Курск

Украина го зголемува бројот на силите во областа Курск во Русија, изјави денеска украинскиот врховен командант Олександр Сирски, пренесе „Си-би-ес...

Европа10 часа

Зеленски нема да учествува на денешните мировни преговори меѓу украинските и американските претставници

Украинскиот претседател Володимир Зеленски нема да учествува на денешните мировни преговори меѓу украинските и американските претставници во Саудиска Арабија, но...

Европа11 часа

(Видео) Русија: Украина изврши напади со беспилотни летала врз Москва

Руските единици за противвоздушна одбрана уништија најмалку 11 украински беспилотни летала на пат кон Москва, изјави рано утрово градоначалникот на...

Регион12 часа

(Видео) Вучиќ си замина додека Дачиќ даваше изјава: „Ова не можам да го слушам“

Српскиот претседател Александар Вучиќ и министерот за внатрешни работи Ивица Дачиќ синоќа приредија своевидна драма додека даваа изјави откако го...

Регион12 часа

(Видео) Српската полиција се судри со студентите пред зградата на РТС

Студентите од Србија, кои подолго време се во блокада против режимот на Вучиќ, ја блокираа зградата на Радио телевизија на...

Македонија1 ден

ССМ најави можен штрајк на 2 и на 7 април доколку Владата не ги повика на преговори за 500 евра минимална плата

Големи се шансите на 2 и на 7 април, доколку нема слух од спротивната страна, Сојузот на синдикатите на Македонија...

Македонија1 ден

Камбовски: Личен чин е дали членовите на Судскиот совет ќе поднесат оставки или не

Претседателот на Судскиот совет, Александар Камбовски денеска изјави дека набрзо ќе биде избран в.д. претседател на Врховниот суд, а изборот...

Македонија1 ден

Андоновски до потписот не знаел дека компанијата што добила два тендера во неговото министерство е на сопругот на државната секретарка

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски не ги поништил тендерите за набавка со компанијата сопственост на сопругот на државната секретарка...

Свет1 ден

Кремљ: Русија и САД имаат долг и тежок пат пред нив

Русија верува дека обновувањето на односите со САД е долгорочна и тешка задача, но верува дека постои политичка волја за...