Македонија
Светскиот ден на туризмот одбележан во знакот на планинскиот велосипедизам
Во организација на Швајцарската програма за зголемување на пазарната вработливост – ИМЕ и Ски центар Панорама – Крушево, на 25 и 26 септември беа одржани неколку активности за да се одбележи Светкиот ден на туризмот, кој традиционално се одбележува на 27 септември.
На 25 септември, новиот заменик-амбасадор на Швајцарија, Луциен Аегертер, го посети Крушево и оствари средба со градоначалникот на Крушево, Томе Христоски, директорот на Агенцијата за промоција и поддршка на туризмот, Љупчо Јаневски, и други локални партнери. Целта на овие средби беше да се разговара околу минатите и сегашни активности за развој на активниот туризам во Крушево кои се реализираат со швајцарска поддршка.
„Чест ни е што по повод Светкиот ден на туризмот го посетивме Крушево за да посведочиме за огромниот потенцијал што Крушево, но и цела Пелагонија, ја имаат за активен туризам. Швајцарија го поддржува развојот на активниот туризам во Крушево уште од 2014 година. Отворањето на Инфо-центарот за активен туризам, подобрена безбедност при параглајдинг и поддршка за фестивалот When in X, се само дел од иницијативите кои имаат придонесено за зголемен број туристи преку целата година во Крушево, со што се придонесува и за зајакнување на локалната економија“, изјави Луциен Аегертер заменик-амбасадор на Швајцарија.
Во сабота, 26 септември, организаторите Ски центар Панорама и Швајцарската програма ИМЕ организираа средба со локални чинители од Крушево, како што се сместувачки капацитети, бајкинг заедницата во Македонија, претставници од тур операторите и други локални чинители. Целта на оваа средба беше дискусија за потенцијалите на Крушево да прерасне и да се промовира во вело туристичка дестинација.
Со ова беше најавена новата иницијатива што ќе се спроведува во Крушево со швајцарска поддршка. „Денеска, заедно со Ски центар Панорама, Општина Крушево, Агенција за развој и промоција на туризмот, бајкинг заедницата и останатите локални партнери, го одбележуваме почетокот на уште една инвестиција во Крушево. Во наредниот период, експерти од Швајцарија ќе обезбедат поддршка во трасирање висококвалитетни рути за планински велосипедизам и со тоа Крушево може да стане топ велосипедска дестинација. Се надеваме дека ова ќе придонесе за што поголем број професионални велосипедисти, но и туристи кои сакаат активен одмор да го истражуваат Крушево и околината на велосипед“, изјави Тања Георгиевска, претставник на Швајцарската програма ИМЕ.
„Создавање на вело патеките е од одгромна важност за дополнување на туристичката поддршка, и промоција на активниот туризам во Крушево“,изјави Јаким Митревски, преставник на Хотел Панорама.
„Нам како велосипедисти важно ни е обележување на се повеќе велосипедски патеки, и поголема и подбра интраструктура низ целата дестинација”, рече Здравко Ристевски, еден од организторите на фестивалот „Крушево низ корија“.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Центар и Амбасадата на Чешка му оддадоа почит на Роберт Гајдик
Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба.

Со полагање свежо цвеќе, Н.Е. Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му оддадоа почит.

Исто така, во чест на празникот Василица, во Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ се вртеше паричка, а среќниот добитник беше Владе Левковски, претседател на пензионерскиот огранок „Невена Георгиева Дуња”.

Преку овој симболичен настан, секоја година му се оддава почит на интернационалниот борец, симбол на истрајност и борба за слобода против окупаторот.

Општина Центар со години го чествува и негува споменот на Роберт Гајдик и неговото дело.

Македонија
Ако СДС се сомнева за некаков вид на криминал или корупција нека се јават на нивните судии и обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации, велат од партијата на власт.
„Кога во нивно време, тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција, и по „дифолт’’ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така.
Сите тендери и јавни набавки кои се спроведуваат се законски, отчетни и транспарентни.
Ги прашуваме СДС, дали човек смее да има фирма/бизнис, да учествува на тендер/набавка и да биде член/симпатизер на политичка партија? Дополнително, дали има некаков вид на криминал или корупција во тендерите? Ако се сомневаат во нешто, нека се јават на нивните обвинители и судии, сигурни сме дека ќе им помогнат“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Стаменкоска-Трајкоска: Дружење, пита со паричка и донација за децата со церебрална парализа во Расадник
Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес го посети Клубот на деца со церебрална парализа во населбата Расадник. По повод Стара Нова година, заедно со децата и нивните родители се дружеа во празнична атмосфера и ја одбележаа со делење на пита со паричка, а градоначалничката покрај пакетчиња, им додели и донација, столчиња кои им беа потребни за подобро функционирање на клубот.

Средствата за столчињата се обезбедени преку хуманитарната претстава организирана од Општина Кисела Вода и театарското здружение „Големи, а мали“.

-Особено ми е драго што денес заедно ја одбележавме Старата Нова година и што можевме да ги израдуваме и да им подариме нешто што навистина им е потребно. Општина Кисела Вода ќе продолжи да работи на создавање на услови во кои лицата со церебрална парализа ќе се чувствуваат поддржано, прифатено и вклучено во секојдневниот живот. За нас е важно да ги слушаме нивните потреби, да ги поддржуваме нивните семејства и да обезбедуваме конкретни решенија кои реално го подобруваат квалитетот на нивниот живот- истакна градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.



