Македонија
141 новозаразени од Ковид-19, почина пациент од Скопје
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 1.559 тестирања, а регистрирани се 141 нови случаи на Ковид-19 во Скопје-51, Куманово-12, Штип-6, Прилеп-6, Тетово-2, Струга-2, Велес-2, Битола-5, Охрид-3, Кавадарци-5, Гостивар-2, Гевгелија-5, Струмица-10, Крива Паланка-2, Кочани-5, Пробиштип-1, Валандово-3, Виница-3, Делчево-2, Свети Николе-8 и по двајца во Кичево, Ресен и Неготино.
Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 94 оздравени пациенти од:Скопје-25, Куманово-5, Дебар-1, Штип-6, Прилеп-5, Тетово-8, Струга-3, Велес-5, Битола-7, Гостивар-4, Гевгелија-5, Крива Паланка-1, Радовиш-3, Кочани-5, Берово-1, Виница-1, Делчево-1, Кратово-1, Кичево-6 и еден од Свети Николе.
Во болнички услови е починат пациент од Скопје на 79 годишна возраст.
Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 17.483, бројката на оздравени пациенти е 14.516, на починати е 722, а во моментов бројот на активни случаи изнесува 2.245. Од вчера се регистрира еден контролен тест, а според завршените анализи во моментов статистиката по градови е следна:
• Скопје 6.832, активни 650
• Куманово 1.741, активни 183
• Дебар 282, активни 40
• Штип 1.249, активни 57
• Прилеп 658, активни 123
• Тетово 1.413, активни 166
• Струга 664, активни 60
• Велес 317, активни 33
• Битола 290, активни 57
• Охрид 421, активни 49
• Кавадарци 230, активни 44
• Гостивар 926, активни 108
• Гевгелија 124, активни 52 (8 лица од ПЕ Гевгелија се жители на Дојран, 17 на Богданци и 12 се странски државјани)
• Струмица 226, активни 147
• Крива Паланка 104, активни 28
• Радовиш 75, активни 19
• Крушево 20, активни 3
• Кочани 323, активни 139
• Пробиштип 110, активни 21
• Демир Хисар 61, активни 2
• Македонски Брод 92, активни 13
• Пехчево 43, активни 3
• Берово 91, активни 27
• Валандово 30, активни 21
• Виница 108, активни 29
• Делчево 159, активни 85 (35 лица од ПЕ Делчево се од Македонска Каменица)
• Кратово 24, активни 0
• Свети Николе 335, активни 31
• Кичево 319, активни 34
• Ресен 164, активни 16
• Неготино 52, активни 5 (12 лица од ПЕ Неготино се жители на Демир Капија)
Досега се направени вкупно 184.097 тестирања на Ковид-19. Нема тестирања во рамките на скринингот.
На Инфективната клиника во изминативе 24 часа примени се 10 пациенти. Вкупно се хоспитализирани 67, од кои на кислородна поддршка се 27 пациенти.
Во болницата во Козле хоспитализирани се 5 деца и 3 мајки позитивни на Ковид-19, како и дете и мајка суспектни на вирусот.
Во болницата „8 Септември“ примени се 3, а вкупно хоспитализирани се 37 пациенти, од кои петмина се на респиратор.
Во болницата во Битола се хоспитализирани 18, а во болницата во Штип 44 пациенти. На инфективните одделенија во Тетово, Охрид, Велес, Куманово, Прилеп, Гостивар, Струмица и Струга се хоспитализирани 166, позитивни и сомнителни на Ковид-19.
Статистиката за активни случаи по скопските општини денеска е следна:
• Чаир – 62
• Гази Баба – 80
• Аеродром – 97
• Карпош – 83
• Центар – 91
• Кисела Вода – 69
• Ѓорче Петров – 47
• Бутел – 29
• Шуто Оризари – 17
• Студеничани – 8
• Сарај – 12
• Арачиново – 5
• Илинден – 25
• Сопиште – 3
• Чучер Сандево – 5
• Петровец – 7
• Зелениково – 2
• Странец – 8
• Нераспределен-1
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Општина Центар и Амбасадата на Чешка му оддадоа почит на Роберт Гајдик
Денес се одбележуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик Славко, истакнат борец и партизан во Народноослободителната борба.

Со полагање свежо цвеќе, Н.Е. Амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва и военото аташе на Република Чешка, претставници од Општина Центар, Сојузот на борци и Здружението на пензионери на Општина Центар, жители од Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ и негови почитувачи му оддадоа почит.

Исто така, во чест на празникот Василица, во Урбаната заедница „Роберт Гајдик“ се вртеше паричка, а среќниот добитник беше Владе Левковски, претседател на пензионерскиот огранок „Невена Георгиева Дуња”.

Преку овој симболичен настан, секоја година му се оддава почит на интернационалниот борец, симбол на истрајност и борба за слобода против окупаторот.

Општина Центар со години го чествува и негува споменот на Роберт Гајдик и неговото дело.

Македонија
Ако СДС се сомнева за некаков вид на криминал или корупција нека се јават на нивните судии и обвинители, велат од ВМРО-ДПМНЕ
СДС повторно растура пердуви во јавноста со цел да прикаже некаква поврзаност на ВМРО-ДПМНЕ со некакви фирми и да шири лаги и манипулации, велат од партијата на власт.
„Кога во нивно време, тендерите и набавките беа синоним за криминал и корупција, и по „дифолт’’ одеа кај фирмите на семејствата на Заев и Филипче, денес тоа повеќе не е така.
Сите тендери и јавни набавки кои се спроведуваат се законски, отчетни и транспарентни.
Ги прашуваме СДС, дали човек смее да има фирма/бизнис, да учествува на тендер/набавка и да биде член/симпатизер на политичка партија? Дополнително, дали има некаков вид на криминал или корупција во тендерите? Ако се сомневаат во нешто, нека се јават на нивните обвинители и судии, сигурни сме дека ќе им помогнат“, истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Македонија
Стаменкоска-Трајкоска: Дружење, пита со паричка и донација за децата со церебрална парализа во Расадник
Градоначалничката на општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска-Трајкоска, денес го посети Клубот на деца со церебрална парализа во населбата Расадник. По повод Стара Нова година, заедно со децата и нивните родители се дружеа во празнична атмосфера и ја одбележаа со делење на пита со паричка, а градоначалничката покрај пакетчиња, им додели и донација, столчиња кои им беа потребни за подобро функционирање на клубот.

Средствата за столчињата се обезбедени преку хуманитарната претстава организирана од Општина Кисела Вода и театарското здружение „Големи, а мали“.

-Особено ми е драго што денес заедно ја одбележавме Старата Нова година и што можевме да ги израдуваме и да им подариме нешто што навистина им е потребно. Општина Кисела Вода ќе продолжи да работи на создавање на услови во кои лицата со церебрална парализа ќе се чувствуваат поддржано, прифатено и вклучено во секојдневниот живот. За нас е важно да ги слушаме нивните потреби, да ги поддржуваме нивните семејства и да обезбедуваме конкретни решенија кои реално го подобруваат квалитетот на нивниот живот- истакна градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска.



