Црна хроника
Бабановски: По Смилковци очекувам пожестоки терористички акции

Во Македонија и регионот безбедносно-политичката состојба е проценета како една од слабите алки и јас лично очекувам дека ќе имаме пожестоки акции и активности изведени на терористички план.
Ова го изјави пензионираниот професор на факултетот за безбедност, Иван Бабановски кој учествуваше на отворањето на дводневниот Семинар посветен на борбата против насилниот екстремизам.„Ние го имавме Смилковци и јас очекувам дека ние ќе имаме уште неколку такви жестоки акции и би бил пресреќен како човек, како Македонец ако тоа не се оствари и нема да се срамам пред јавноста да кажам дека сум погрешил во моите проценки“ изјави Бабановски потсетувајќи ја јавноста на петкратното убиство кое се случи кај Смилковци кога беа убиени недолжни граѓани, а МВР го оквалификува ова како терористички чин.И Бабановски се согласува со таквата констатација, бидејќи со овој чин се испрати порака и се внесе страв меѓу граѓаните на Македонија.„Криминалците кога делуваат тие се прикриваат и тие немаат никогаш намера да бидат откриени и да бидат познати. Терористите ако не бидат во јавноста претставени со нивната акција како да не направиле акција. Во Смилковци се оставија такви жестоки траги да се знае дека е ова порака до граѓаните на Македонија, да им се внесе страв, а тоа покажува дека политичката безбедносна ситуација не е добра“ вели Бабановски.Според него, тероризмот мора да се гледа во корелација со организираниот криминал, за него тероризмот и организираниот криминал се сијамски близнаци.„Таа спрега на организиран криминал и тероризмот е постојана и таа спрега меѓу криминалот, тероризмот и политиката на Балканот дава резултати затоа што криминално терористички групации носат на позиции на власта, криминализирани политичари кои понатаму само овозможуваат услови да може несметано да цвета криминалот,а тероризмот е само шлагот на организираниот криминал. И тероризмот и организираниот криминал се сијамски близнаци, нема тероризам без организиран криминал и нема тероризам без финансии, нема тероризам без валкани пари. Го сменивме директорот на агенцијата за борба против организираниот криминал само затоа што најави една невидена активност и спрега на тероризмот, на радикализмот особено со оној исламски предзнак и парите кои доаѓаат во Македонија. На тој начин нема да дадеме придонес во антитерористичката коалиција која јас лично ја поддржувам“ вели Бабановски.
Според него, Во Македонија имало три кампа за обука на припадници на Ал каеда.
„Од една етничка партија 25 активисти беа на обука во Техеран во камп во кој се обучуваат терористи. Еден од лидерите на таа партија беше во Ком кој е духовен центар на Шиитите и таму се обучуваше за духовен пропагатор и духовен водач на структури кои исто така имаат допирни точки со тероризмот“вели Бабановски./крај/фф
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Црна хроника
Штитеници во установа за згрижување деца имале сексуален однос пред 12-годишно дете

Вчера во 16:45 часот во СВР Скопје е пријавено дека во август 2025 година во соба во установа за згрижување на деца, 16-годишен штитеник и 15-годишна штитеничка на установата имале сексуален односи.
Според информациите од МВР, тие имале односи пред 12-годишен штитеник на установата, по што 16-годишникот му се заканил на 12-годишникот да не кажува никому.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Црна хроника
Ограбен автомобил на паркинг во Центар

Синоќа во 00:32 часот во СВР Скопје е пријавено дека е ограбен автомобил на паркинг простор на подрачјето на Центар во Скопје.
Според информациите на МВР, од патничко возило „мерцедес“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на правно лице, одземена е актовка со пари, документи, печати и други предмети.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
фото: илустрација
Црна хроника
Инцидент во Карпош: Му ги дупнала гумите на возилото на партнерот, а потоа и физички го нападнала

Маж од тетовско пријавил во полиција дека неговата партнерка му ги дупнала гумите на возилото, а потоа и физички го нападнала.
Доцна синоќа, во 03:20 часот во СВР Скопје, 44-годишен маж од тетовско пријави дека претходно околу 19:00 часот во Скопје, на подрачјето на Карпош, неговата партнерка со нејзиното возило удрила во неговото возило, а потоа со остар предмет му ги оштетила гумите на возилото и физички го нападнала.
Се преземаат мерки за расчистување на случајот.