Контакт

Вести

Зариф: Руското делумно повлекување од Сирија, позитивен знак за Иран

Објавено пред

 Делумното повлекување на рускиот воен контингент од Сирија, коешто ненадејно во понеделникот вечерта го објави рускиот претседател Владимир Путин, може да биде позитивен знак за примирјето во оваа земја, оцени во вторникот иранскиот министер за надворешни работ Мохамад Џавад Зариф, а покрај пофалбите на оваа одлука на Москва од сириската вооружена опозиција, реагираа и сириската армија и светските челници.

dobivaj vesti na viber

Шефот на иранската дипломатија, Мохама дЏавад Зариф, по средбата во Камбера со австралиската колешка Џули Бишоп истакна дека Иран заговара примирје и политичко решение во Сирија.

„Фактот дека во Сирија се одржува половично примирје е добредојдена вест, ние тоа го бараме веќе две ипол, три години. Тоа што Русија го најави повлекувањето на дел од своите сили, покажува дека таа не смета дека силата е нужна за одржување на примирјето. Тоа може да се смета за позитивен знак. Мораме да причекаме да видиме што ќе се случи“, изјави Зариф.

Примирјето, според руско-американскиот договор, стапи на сила на 27-ми февруари. Тоа се одржува и покрај повремени нарушувања, па Обединетите нации и другите земји, меѓу кои и Русија, успеаја да достават хуманитарна помош за речиси 250.000 луѓе кои живеат во опколени области.

Рускиот претседател Владимир Путин во понеделникот навечер, ненадејно и изненадувачки за светската јавност, објави повлекување на главнината од руските сили во Сирија, во моментот кога во Женева започнуваат преговорите меѓу владата на сирискиот претседател алавитот (шиит) Башар ал-Асад, кого го поддржуваат Русија и Иран, и вооружената сунитска опозиција која ја поддржуваат Западот и сунитските држави од регионот.

„Пораката којашто меѓународната задница ѝ ја испрати и којашто мора да ѝ ја испрати на Исламската држава и на другите екстремистички организации, е дека нашата борба против нив е непрекината борба. Нема да застанеме и верувам дека меѓународната заедница е единствена по ова прашање“, порача шефот на иранската дипломатија Зариф во текот на посетата на Австралија.

Сириската армија соопшти дека ќе продолжи да се бори со екстремните сунитски групации Исламска држава и Џебхат ан-Нусра, сириското крило на Ал Каеда, „како и со другите терористички групи“, откако Русија најави повлекување на главнината на своите сили. Во соопштението на сириската команда се наведува дека „вооружените сили ќе продолжат да се борат со истата решителност како и претходно, во соработка со пријателите и сојузниците, додека безбедноста и стабилноста повторно не бидат воспоставени на секое делче од државната територија“.

Покрај тоа се додава дека одлуката на Москва за намалувањето на руското воено присуство во Сирија е логичен потег и дека заедно ја донеле највисоките воени функционери на двете земји „по прекинот на борбените операции на некои боишта во Сирија“.

Дамаск ги отфрли шпекулациите за постоење несогласувања со Мосвка, истакнувајќи дека претседателот Асад го договорил намалувањето на руските сили во Сирија во телефонскиот разговор со рускиот челник Путин.

Рускиот претседател Владимир Путин ноќта кон вторникот имал телефонски разговор со американскиот претседател Барак Обама посветен на сириската криза. Како што соопшти Кремљ, Путин го известил Обама дека руските сили ќе започнат да се повлекуваат од Сирија, откако ги извршиле „главните задачи“ во борбата против тероризмот.

Истовремено Белата куќа објави дека Путин и Обама разговарале за кризата во Сирија и за најавеното повлекување на руската војска од оваа земја. Обама го пофалил намалувањето на насилството во Сирија откако на сила стапи договорот за прекин на огнот, но предупредил дека продолжувањето на офанзивата на сириската војска би можело да ги загрози мировните напори.

Американскиот претседател, покрај тоа, истакнал дека е постигнат одреден напредок во давањето хуманитарна помош во Сирија и дека силите на сириската влада мора да овозможат слободно доставување на хуманитарната помош, се додава во соопштението на Белата куќа, во кое не се изнесува исходот од притисокот врз опозицијата која го блокираше доставувањето хуманитарна помош за некои градови со доминантно шиитско население кое го поддржува претседателот Асад./крај/мф/сн

Извор: Макфакс



©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Вести

“Во основа е пекол на земјата”: Градот Газа оставен тотално без здравствената заштита

Објавено пред

Во раните утрински часови во саботата, над купови бетон и урнатини, толпа лекари и пациенти пешачеа километри низ уништените улици на градот Газа, принудени да се евакуираат пеш од она што остана од болниците. Здравствените работници велат дека се плашат да ги оставаат критично болните пациенти зад себе во град кој сега во голема мера е сведен на урнатини, преземен израелските сили, со болници кои работат без струја, гориво, вода или храна, пишува британски „Гардијан“.

dobivaj vesti na viber

“Тоа е во основа пекол на земјата”, вели Вилијам Шомбург, шефот на Меѓународниот комитет на Црвениот крст во Газа, опишувајќи го она што остана од животот во градот.

Со недели, десетици илјади луѓе се надеваа дека во болниците во Газа ќе најдат засолниште кое е најблиску до безбедно бидејќи енклавата издржа интензивирачки бомбардирања.

Но, откако израелските сили се приближија до објектите и потоа ја нападнаа најголемата болница во Газа, Дар ал-Шифа минатата недела, илјадници луѓе беа раселени заедно со медицинскиот персонал, шетајќи низ уништените улици на југ од енклавата.

Палестинското министерство за здравство во Газа соопшти дека израелските сили побарале евакуација на болницата Ал Шифа вчераутро, три дена откога влегоа во објектот. Здравствените лица сведочат дека им им било кажано дека имаат еден час да ја евакуираат болницата која беше центар на здравствениот систем на Газа.

Најмалку 12.000 луѓе загинаа во израелскиот напад врз Газа по нападот на Хамас на 7-ми октомври, во кој загинаа 1.200 Израелци, а околу 240 луѓе беа заложници.

Прикажи повеќе...

Вести

Борел: Целосно е невозможно да се евакуираат милиони луѓе од северот на Газа

Објавено пред

Првиот човек на ЕУ-дипломатијата Жозеп Борел утринава на прес-конференција изјави дека евакуацијата на милиони луѓе од северниот дел на Газа е целосно невозможна.

dobivaj vesti na viber

Десетици илјади цивили почнаа да бегаат од јужниот дел на Газа вчера, откако Израел им порача на луѓето да ја напуштат областа пред очекуваната копнена офанзива.

„Да се ​​замисли дека можеш да преселиш милион луѓе за 24 часа во ситуација во каква што е Газа, може да биде само хуманитарна криза“, рече Борел на последниот ден од тридневната дипломатска посета на Кина.

И покрај изјавата на ЕУ за поддршка на Израел, тој исто така предупреди дека и Израел е должен да го почитува меѓународното хуманитарно право во одбранбениот процес.

„Позицијата е јасна“, рече Борел. „Но, како и секое право, тоа има граница. А таа граница е меѓународното право“.

Прикажи повеќе...

Вести

Проценки на ОН: Десетици илјади луѓе веќе ја напуштија Газа

Објавено пред

Во текот на ноќта беа објавени најновите проценки на ОН за бројот на луѓе кои ги напуштиле своите домови во северниот дел на Газа.

dobivaj vesti na viber

Тие велат дека веруваат дека станува збор за десетици илјади кои се упатиле кон југ по предупредувањето за евакуација на Израел.

Пред наредбата за евакуација, повеќе од 400.000 Палестинци беа внатрешно раселени, според хуманитарната канцеларија на ОН OCHA.

Израелската војска им порача на околу 1,1 милион луѓе во северниот дел на Газа да заминат пред очекуваната копнена инвазија. Хамас, пак, ги повика луѓето да останат на место и да пркосат на израелската воена наредба.

Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш рече дека наредбата од Хамас е „исклучително опасна – и во некои случаи едноставно не е возможна“.

Прикажи повеќе...

Најново

Македонија8 минути

Алијанса за Албанците: Извршителите на овие грди дела не му направиле чест ниту на знамето, ниту на својот народ

„Сите знамиња на народите во светот заслужуваат почит. Остро го осудуваме сквернавењето на државното знаме и палењето на албанското знаме,...

Македонија2 часа

ДУИ: Го осудуваме индивидуалниот чин на палење на државното знаме како реакција на несоодветната интервенција на полицијата

„Демократската унија за интеграција остро ја осудува полициската интервенција без преседан за време на прославата на Денот на албанското знаме,...

Македонија2 часа

За сквернавењето на македонското знаме е известен јавниот обвинител: се преземаат дејства за расчистување на настанот

Во текот на вчерашниот ден додека се славеше Денот на албанското знаме на две места е снимено сквернавење на македонското...

Македонија5 часа

„Вчерашниот чин на кинење и сквернавење на македонското знаме е крајно вандалски и ние сме згрозени“, велат од Сојузот на борците

„Секогаш и во времето на НОБ заедно сме се бореле за слободата. Вчерашниот чин на кинење и сквернавење на македонското...

Македонија5 часа

„Да газиш и да кинеш, да уништуваш знаме на држава која те израснала, образовала, платила и плаќа, вложува во тебе – е злосторство и треба да одговараш“, рече Димитриевски

Денеска како човек но и градоначалник на сите граѓани во Куманово од почит кон моите сограѓани од Албанската заедница го...

Македонија5 часа

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме

СДСМ најостро ги осудува инцидентите и сквернавењето на македонското знаме, нарушувањето на јавниот ред и мир, како и употребата на...

Македонија14 часа

Приватните превозници задоволни од предлогот за зголемување на цената по километар, се очекува од понеделник да се вратат во сообраќај

Советниците од ВМРО-ДПМНЕ во Град Скопје и приватните превозници се договорија за повисока цена за изминат километар. Координаторот на советничката...

Свет18 часа

(Видео) Путин и’ се извини на Меркел: Ангела, извини, не знаев дека се плашиш од кучиња

Рускиот претседател Владимир Путин ги отфрли тврдењата на поранешната германска канцеларка Ангела Меркел дека намерно се обидел да ја заплаши...

Македонија19 часа

Мицкоски најави инспекции на универзитетите: „Тие кои нема да ги отстранат недостатоците ќе бидат санкционирани“

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања најави инспекции за сите универзитети кои ќе добијат...

Македонија20 часа

Славески до приватните превозници: Арсовска е непредвидлива жена, ќе ве остави без леб

„Собрав храброст, како некои што ми порачуваат, да се обидеме да ги разјасниме работите за ова што се случува со...

Македонија23 часа

Мицкоски: Многу бргу ќе слушате што сè е правено со безбедносните служби и ќе се срамите

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски на денешната собраниска седница за пратенички прашања, потенцираше дека за многу скоро време македонската јавност...

Македонија1 ден

Гаши за уставните измени до Нова година: Собранието е спремно да ја почне процедурата веднаш штом ќе има политички договор

Претседателот на Собранието, Африм Гаши, смета дека измените за внесување на Бугарите во Уставот во Собранието ќе поминат многу лесно,...

Европа1 ден

(Видео) Експлозии во Киев, нападната е Одеса, огромен руски напад

Експлозии утрово одекнаа во украинските градови Одеса, Кропивницки, Харков, Ривне и Луцк, објавија украинските медиуми Зеркало Тижња и Суспилне, наведувајќи...

Македонија1 ден

Изградил хотел во Скопската чаршија, надградил ходници, скали, рецепција, и тоа без одобрение за градење: поднесено обвинение против инвеститор

Основното јавно обвинителство Скопје, по спроведена истражна постапка, поднесе Обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Бесправно градење...

Скопје1 ден

Мицкоски, ако јас сум кума на хаосот, ти си гробарот на јавниот превоз, реагира Арсовска

„Реформата на јавниот сообраќај што ја споменуваш, „патриоту“ Мицкоски, ја вети заедно со мене пред скопјани, ти ја саботираш таа...

Македонија1 ден

Филипче: Почнуваме веднаш со работа, најавувам посета на сите општински организации

Со изборот на новото раководство, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија влегува во ново поглавје на своето политичко делување. Во тимот на...

Европа1 ден

Поранешен шеф на МИ6: Европа е во војна со Русија

Европа во моментов не е во предвоена ситуација, туку во војна против Русија, изјави вчера за Скај њуз поранешниот директор...

Европа1 ден

Пред заминувањето Бајден планира да испрати уште еден голем пакет воена помош за Украина

Администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден подготвува пакет оружје за Украина во вредност од 725 милиони долари, изјавија денеска двајца...

Европа1 ден

Шефот на германското разузнавање: НАТО може да го активира членот 5 поради руските саботажи

Руската саботажа на западни цели на крајот може да го поттикне НАТО да размисли за повикување на клаузулата за заемна...

Свет1 ден

Маск го критикува начинот на кој функционира Европската Унија

Илон Маск ја критикуваше Европската комисија, нарекувајќи го телото „недемократско“, што е последна во серијата негови јавни критики на институциите...