Општество
Фондацијата е-Македонија го започнува проектот е-ENGAGEMENT
Започнува проектот „е-ENGAGEMENT”, проект за инволвирање на младите во информатичкото општество во организација на Младински сојуз со поддршка на Фондацијата е-Македонија. На работилниците ќе присуствуваат по 20 млади активни и амбициозни луѓе, кои се спремни да ги искористат стекнатите знаења од дигиталните вештини за понатамошно делување во општеството.
Викендов, од 24-тити до 26-тити октомври, во Куманово ќе започе со реализација проектот „е-ENGAGEMENT” ”, организиран од страна на Младинскиот Сојуз со поддршка на фондацијата е-Македонија. Главна цел е зајакнување и охрабрување на младите луѓе за користење на дигиталните вештини, нови идеи и алатки кои ќе им овозможат да бидат што повеќе вклучени во решавање на општествените прашања кои влијаат врз нив.
Проектот ќе опфати циклус од едукативни работилници во четири градови низ Македонија, и тоа: Куманово, Струга, Штип и Кавадарци и една завршна конференција во Прилеп од која треба да излезат заклучоци и препораки директно од младите луѓе.
Проектот има за цел да ги промовира предностите и придобивките од информатичките и комуникациските технологии помеѓу младите луѓе со посебен акцент на агажманот во информатичкото општество.
Младински сојуз заедно со своите партнери ги охрабрува младите да бидат лидери и креатори на иднината, како во граѓанското општество, така и во младинската соработка./крај/мф
во прилог е програмата за едукативна работилница “e-ENGAGEMENT” Куманово (24.10.2014 – 26.10.2014)ПРОГРАМА Ден 1 (24.10.2014) 1700-1730 Регистрација на учесниците и кафе за добредојде 1730-1800 Презентација на Младински Сојуз, кратка презентација на проектот Запознавање со организаторите, темата и идејата на проектот 1800-1830 Игра за запознавање на учесниците со фондацијата “е-Македонија” 1830-2000 Презентација на истражувањето на тема „Партиципативно е-учество“ и дискусија на тема интернет Потреби, очекувања и надежи 2000 Вечера Ден 2 (25.10.2014) 0930-1000 Добро утро млади луѓе (појадок и игра за почеток на работа) 1000-1200 Работилница за литературни вештини -Кирилица наспроти латиница; Кои се најчестите јазични грешки; Пуританци наспроти јазични либерали; Колку пишаниот збор нè дефинира Тренер: Маријана Јанческа (долгогодишен младински работник, тренер и професор по македонски јазик) 1200-1230 Кафе пауза 1230-1430 Работилница за социјални вештини – Дали социјалните медиуми нè прават асоцијални?; Моќта на лајкот; Трендови на социјалните медиуми и зошто чувствуваме потреба да ги следиме?; Потребата да му се оправдаме на светот Тренер: Кристина Левкова (искусен тренер и дипломиран психолог) 1430-1530 Ручек пауза 1530-1730 Работилница за дигитални вештини – прв дел -Како се отвораат и менаџираат профили на сајтови за споделување видеа и звуци; Интернетот како профитабилно работно место; Како може социјалните медиуми да се искористат за социјални промени Тренер:Рубин Јованоски
1730-1800 Игра за концентрација 1800-2000 Работилница за дигитални вештини – втор дел -Моралот како предуслов за градење на дебатна култура на Интернет; Отворање и менаџирање на блогови и сајтови; Слободен пристап до информации од јавен карактер Тренер:Рубин Јованоски (Активен млад човек со страст за споделување и ентузијазам за ИКТ) 2030 Вечера Ден 3 (26.10.2014) 1000-1030 Добро утро млади луѓе (појадок и игра за концентрација) 1030-1130 Како новите технологии ми го промениja животот? Позитивни примери од соседството Новица Наков, твитерџија, блогер и автор на „Многудетна“ Мотивациона средба со активист 1130-1200 Кафе пауза 1200-1300 Работа во групи преку симулација (Поставување на секојдневни ситуации и предизвици) 1300-1330 Презентација на резултатите од работата во групи 1330-1430 Евалуација 1430 Ручек со мотивациони пораки
Извор: Макфакс
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.
Македонија
Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби
Ариепископот Охридски и македонски заедно со Светиот архиерејски Синод, по повод велигденските празнувања, испраќа мир и благослов од Бога до свештенослужителите, монаштвото и до сите чеда на МПЦ-ОА.
– Христовото воскресение е смислата на нашето севкупно постоење. Тоа е стожерот околу којшто се одвива сиот наш живот и камен-темелникот врз којшто се гради сиот наш подвиг на верата, на надежта и на љубовта во Бога. Тајната на Христовото воскресение го преобразува и го вообличува севкупниот наш поглед кон светот и човекот, кон времето и вечноста. Зашто, токму ова спасоносно собитие е најголемата вистина којашто му беше објавена на човековиот род и токму оваа Тајна над тајните е најрадосното благовестие со коешто велегласно беше возвестена конечната победа на животот над смртта, на доброто над злото и на љубовта над омразата, вели г.г. Стефан меѓу другото во обраќањето.
Македонија
Православните верници го слават Велигден
Православните верници денеска го слават најголемиот христијански празник Велигден – Христовото воскресение, ден кога Исус Христос ја докажал својата божествена моќ и воскреснал од мртвите. Воскресението Христово на полноќ беше објавено во сите храмови на Македонската православна црква, а денеска се одржуваат воскресенски литургии.
Поглаварот на МПЦ-ОА г.г. Стефан богослужеше во Соборниот храм „Свети Климент Охридски“ во Скопје од каде го објави Христовото Воскресение и упати Велигденски пораки.
Македонија
Годишен извештај на Народниот правобранител: Помалку претставки од граѓаните за работата на јавните обвинителства
Во извештајната 2023 година, во областа која се однесува на работата и постапувањето на обвинителствата во Република Северна Македонија поднесени се 63 претставки што е за 24 помалку во однос на 2022 година, се констатира во Годишниот извештај за степенот на обезбедувањето почитување, унапредување и заштита на човековите слободи и права во 2023 година што го објавува Народниот правобранител на Република Северна Македонија.
Согласно објавените податоци, бројот на претставки на граѓаните на годишно ниво се намалил за повеќе од 38%, што претставува резултат на заложбите на Јавното обвинителство за зголемување на ефикасноста на постапките и континуираните напори за подобрување на довербата на граѓаните во работата на јавните обвинителства.
Во најголем број од претставките граѓаните бараа интервенција во врска со постапки пред основните јавни обвинителства (51), потоа пред Основното јавно обвинителството за организиран криминал и корупција (4), постапка пред Јавното обвинителство на РСМ (3), пред вишите јавни обвинителства (2), друго (2) и една претставка се однесуваше за постапка пред Совет на јавни обвинители. Ваквиот сооднос е очекуван со оглед на обемот на предметна работа и фактот што токму јавните обвинителства со основна надлежност го прават првиот директен контакт на граѓаните со институцијата.
Доколку се има предвид вкупниот обем на работа на јавните обвинителства кои активно постапуваат по поднесени кривични пријави за над 40.000 сторители на кривични дела во текот на годината, поднесените 63 претставки до Народниот правобранител претставуваат околу 0,1% од таа бројка. Притоа, граѓаните во посочените предмети изразувале незадоволство поради непостапување по поднесена пријава на кривично дело, одолжување на постапката или поради незадоволство од донесена одлука. Од тие причини Народниот правобранител, меѓу останатите препораки во извештајот, во делот на Јавното обвинителство препорачува основните јавни обвинителства да ги доставуваат јавнообвинителските одлуки до странките и да им се овозможи правото да ги обжалат до повисоките јавни обвинителства, да постапуваат поажурно и навремено да преземаат дејствија, да го почитуваат рокот од 3 месеци доколку не донесат јавнообвинителска одлука да го известуваат повисокиот јавен обвинител и пријавителот, за да нема сомневање и страв дека гонењето ќе застари.
Сите овие забелешки Јавното обвинителство ги зема предвид, детално ги анализира и ќе продолжи да презема активности за дополнително зголемување на ефикасноста, на транспарентноста и на отчетноста за постапките што ги води. Ваквите заложби на Јавното обвинителство се веќе воспоставен начин на работа при што уште во извештајот за 2022 година омбудсманот констатираше дека за разлика од претходните години, сега јавните обвинителства, особено издвојувајќи ги Основното јавно обвинителство Скопје и Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, постапуваат по барањата на Народниот правобранител, даваат суштински и целосни одговори за бараните информации од постапките, се вели во соопштението од Јавното обвинителство.