Свет
Десет загинати и 30 повредени азербејџански цивили во гранатирањето од Ерменија

Десет цивили ги загубија животите, а 30 се повредени во нападите извршени од ерменската армија врз цивилните населби во Азербејџан од почетокот на борбите во регионот на Нагорно-Карабах пред два дена, изјави азербејџанскиот претседател Илхам Алијев, пренесува ТАСС.
„Претрпевме жртви во изминатите два дена, вклучително и цивилни жртви. За жал, бројот на цивилните жртви се зголемува. Десет цивили се убиени, вклучително и пет члена од исто семејство, со две деца“, посочи Алиев.
Во заедничкото соопштение на Министерството за надворешни работи на Азербејџан и Главното обвинителство се потсетува дека ерменската армија во периодот од 27 до 29 септември врши напади врз цивилните населби со тешко оружје и дека 10 цивили ги загубиле животите во нападите, а 30 цивили се повредени.
Меѓу цивилите што го загубиле животот се и двајца ученици на возраст од 13 и 14 години.
На 27 септември Баку објави дека позициите на азербејџанската армија се интензивно гранатирани од Ерменија. Ереван, од своја страна, тврдепе дека вооружените сили на Азербејџан почнале офанзива во правец на Нагорно-Карабах гранатирајќи ги населените места на непризнатата република, вклучително и главниот град Степанакерт.
Двете страни објавија жртви, вклучително и меѓу цивилното население. Ерменските власти прогласија воена состојба и најавија мобилизација. Азербејџан воведе воена состојба на целата територија.
Конфликтот меѓу Ерменија и Азербејџан за планинскиот регион Нагорно-Карабах, спорна територија што беше дел од Азербејџан пред распадот на Советскиот Сојуз, но главно населена со етнички Ерменци, избувна во февруари 1988 година кога автономниот регион Нагорно-Карабах најави повлекување од Советската Социјалистичка Република Азербејџан.
Во периодот 1992-1994 година тензиите зовреа и ескалираа во големи воени акции за контрола над енклавата и седумте соседни територии кога Азербејџан ја изгуби контролата над нив. Разговорите за решението за Нагорно-Карабах траат од 1992 година под закрила на групата Минск на ОБСЕ, предводена од нејзините тројца копретседатели – Русија, Франција и САД.
©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа страница, во целост сте се согласиле со нејзините Услови за користење.

Свет
Маск ги објави резултатите од тестот за дрога

Американскиот мултимилијардер Илон Маск на социјалната мрежа „Икс“ ги објави резултатите од неговиот тест за дрога.
„ЛОЛ“, напиша Маск, споделувајќи фотографија од резултатите од тестот на која се гледа дека тој не бил позитивен на ниту еден од тестираните лекови.
„Њујорк Тајмс“ неодамна објави дека Маск за време на минатогодишната изборна кампања земал значителни количини кетамин, екстази и халуциногени печурки.
Маск, извршниот директор на „Икс“, „Тесла“ и „Спејс Икс“, претходно јавно изјави дека користи мали дози на кетамин за борба против депресивните тенденции и дека тоа му помага да работи поефикасно. „Њујорк тајмс“ ја базираше својата статија на приватни пораки и интервјуа со повеќе од 10 луѓе кои го познаваат Маск или работеле со него.
„Волстрит журнал“ минатата година објави дека Маск повремено користел дрога во минатото. Некои членови на одборот на „Тесла“, неговата компанија за електрични возила, беа загрижени за неговата употреба на дрога, вклучително и „Амбиен“ за лекување на проблеми со спиењето.
Свет
Ирански генерал: Во текот на ноќта уништивме стратешки цели во Израел

Иран објави дека во текот на ноќта уништил стратешки цели во Израел со помош на беспилотни летала, пренесува агенцијата „Франс прес“.
„Разни видови деструктивни беспилотни летала, со можност за прецизно таргетирање, ги уништија стратешките позиции на ционистичкиот режим во Тел Авив и Хаифа“, изјави генерал Киумарс Хеидари, командант на иранските копнени сили.
Израелски воен претставник изјави дека 20-ина проектили биле лансирани во последниот бран ирански напади, од кои повеќето биле пресретнати. Сепак, како што изјави израелски воен претставник за Би-би-си, некои проектили поминале низ противвоздушната одбрана и погодиле отворени области.
Свет
Иран најави нов напад со дронови

Иран предупреди дека бран беспилотни летала ќе го погоди Израел во наредните часови.
Висок воен командант најави дека нападите ќе се интензивираат.
Иран и синоќа изврши напад, кој траеше четири часа. Овој напад беше комбиниран, со беспилотни летала и проектили на многубројни цели во Израел, со што почна деветтиот бран ирански напади.